Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Две лица загинаа откако автобус со српски регистарски таблички се преврте на автопат во Хрватска

    08/11/2026

    Аланис Морисет (52) откри дека е пансексуална

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Средба Муцунски-Шикорски: Интеграцијата на Западен Балкан е незавршена работа
    Македонија

    Средба Муцунски-Шикорски: Интеграцијата на Западен Балкан е незавршена работа

    26/03/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    На заедничката прес-конференција, министерот Шикорски ја истакна силната и принципиелна поддршка на Полска за европската интеграција на Македонија и регионот, нагласувајќи дека интеграцијата на Западен Балкан претставува „недовршена работа“ за Европската Унија.

    „Интеграцијата на Западен Балкан ја сметам за недовршена работа. Европа треба да биде целосна и слободна, а Западен Балкан треба да биде дел не само од нашиот сојуз на кој веќе сме членови, туку и од нашето европско семејство. На оние што се сомневаат во процесот или во неговата цел, им порачувам да си постават прашање: што би сакале да бидат – граѓани на Европската Унија, со владеење на правото, предвидливост, фер судови и стабилна внатрешна и надворешна политика, или дел од алтернативни интеграциски процеси?“, истакна Шикорски.

    Полскиот министер го нагласи и придонесот на Македонија во поддршката на Украина, оценувајќи ја како значајна и солидарна во клучните моменти од почетокот на конфликтот.

    Министерот Муцунски нагласи дека процесот на проширување не беше потпомогнат од постојаниот бран на билатерализација, што, како што истакна, ја попречи доследната политика на проширување и претставува еден од клучните предизвици за напредокот на земјата.

    „Накратко, ќе го направиме нашиот дел од домашните реформи. Како Влада силно ја испорачуваме реформската агенда и целосно сме усогласени со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Ова не го кажувам од позиција на пркос, туку од позиција на самопочит. Она што го бараме и очекуваме е предвидливост на тој пат и почит кон нашиот јазик, идентитет и нашиот поглед на историјата“, истакна Муцунски.

    Поврзани вести

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

    07/11/2026

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Две лица загинаа откако автобус со српски регистарски таблички се преврте на автопат во Хрватска

    08/11/2026

    Аланис Морисет (52) откри дека е пансексуална

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

    07/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Настап на рок бендот „Црно Собрание“ на „БГ инвазија“ во Белград

    Турција приведе 115 осомничени членови на Исламската држава кои планирале напади за време на празниците

    ЗНМ: Остра осуда за нападот врз редакцијата на „Инфомакс“

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.