Автор: Редакција

На просторот спроти „Мида“ градежни фирми веќе купиле плацови каде што треба да никнат пет згради. Од „Александар палас“, пак, накај изворите на Лепенец биле планирани уште 42 згради. Според неофицијалните информации од Слободен Печат ќе се градат две населби „Скопје на вода“ и „Скопје на дланка“, а дека инвеститори ќе бидат фирми од Србија и од Македонија, како и компанијата „Игл хилс“ од Обединетите Арапски Емирати, која го градеше „Белград на вода“. За овие градби остро реагираше поранешната претседателка на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, сега дел од иницијативата на активистите „Независните заедно“. Во интервју за Portalb.mk, Ивановска зборуваше за…

Read More

По неколкумесечни преговори, Нетфликс се повлече од понудата за купување на Варнер брос Дискавери, отворајќи му пат на Парамаунт и Скајденс во договор вреден околу 111 милијарди долари, објави Би-Би-Си. Варнер брос Дискавери, кој е на продажба од минатата година, соопшти дека најновата понуда на Парамаунт е супериорна во однос на онаа на Нетфликс. Раководството на Нетфликс одби да ја зголеми понудата, наведувајќи дека трансакцијата повеќе не е финансиски привлечна по таа цена. Во декември, Варнер брос Дискавери прифати делумна понуда од Нетфликс во вредност од околу 72 милијарди евра, која вклучуваше купување на филмското и ТВ студио и платформата…

Read More

Според кинескиот календар, од 5 март до 4 април трае периодот на Металниот Зајак – симбол на дипломатија, хармонија и компромис, со дополнителна решителност и јасност што ја носи елементот Метал. Ова е месец во кој ќе успеат најмудрите, а не најбрзите. Погоден е за учење, преговори, обновување на односите и финансиско планирање. Што ги очекува знаците: Стаорец (1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020) – можен кариерен пробив, но преку дополнително учење и внимателна комуникација. Бивол (1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009, 2021) – плановите се остваруваат со трпение; поволен период за разговор за унапредување. Тигар (1950, 1962, 1974,…

Read More

Холивудскиот актер Морган Фримен остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп, изјавувајќи дека не може да разбере како „осуден криминалец“ може да ја води државата. Во интервју за емисијата MS Now, Фримен рече: „Не можам да сфатам како осуден криминалец, со пресуда за 34 кривични дела, може да стане претседател. Како е тоа воопшто можно?“ Тој додаде дека му „нема смисла“ што на Трамп му е дозволено да ја извршува претседателската функција и покрај пресудата. Фримен и претходно бил критичен кон Трамп, а пред изборите во 2024 година морало да бидат демантирани лажни информации дека актерот ја поддржал неговата кампања.…

Read More

Средбата, како што објави Мицкоски на Фејсбук, поминала во конструктивна и пријателска атмосфера, при што ја потврдиле заедничката заложба за продлабочување на партнерството, јакнење на институционалниот дијалог и поттикнување на стабилноста и просперитетот.„Остануваме посветени на градење силни и одржливи односи, засновани на меѓусебна доверба, почит и споделени европски вредности“, напиша Мицкоски.На средбата во Владата, присуствувале и евроамбасадорот Михалис Рокас, како и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Read More

На средбата, како што објави Мицкоски на Фејсбук, била истакната важноста од одржување на стабилноста и продлабочување на партнерството меѓу двете земји во интерес на нашите граѓани.Албанскиот претседател Бајрам Бегај, кој од вчера престојува во официјална посета на земјава денеска беше пречекан и од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.Исто така, и претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска оствари средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај.Претседателот Гаши изразил задоволство од средбата и истакнал дека очекува пријателството и соработката што постои меѓу две земји во иднина уште повеќе да се зајакнува и унапредува. На меѓународен план, како што посочуваат од собраниската прес-служба, двете…

Read More

По повод новата премиера „Пинокио“ од Карло Колоди, денес се одржа прес-конференцијата во Битолскиот театар. Се работи за приказна што и по повеќе од еден век нè потсетува дека патот до тоа да станеш „вистински“ минува низ искушенија, грешки и храброст. На прес конференцијата присутните ги поздрави и ги информираше за програмата за 2026., директорот на НТБ Битола Васко Мавровски.„Министерот за култура и туризам за одредени национални установи кои во изминатата година покажале исклучителни ре-резултати во работењето, донесе Одлука за избор на национални установи на кои работењето во 2026 година ќе се финансира со делегиран буџет. Доделени средства за работа…

Read More

Српската наркошверцерска мрежа од Крушевац пенетрирала во легалниот бизнис со канабис во Македонија многу подлабоко отколку што покажуваат досегашните објавени сознанија од истрагите, поврзани со нелегалниот транспорт на пет тони марихуана кон северниот сосед, открива БИРН. „Нашите теренски информации и разговорите со лица што имале контакт со групата покажуваат дека не станува збор само за локални операции, односно дека мрежата гравитира околу луѓе со бизнис-интереси што се протегаат надвор од Балканот. Последниот случај само ги потврдува слабата контрола и недостатоците на системот, за што БИРН повеќепати пишуваше, како бизнисот со марихуана е магнет за инвеститори, неретко со криминално минато, во…

Read More

Иван Шопов со збирката раскази „Зентрифуга“ е македонски кандидат за Европската награда за литература.„Расказите на Шопов се кратки, прецизни, точни, а истовремено раскошни. Тие се мајсторско практикување на едноставната филозофија на минијатурата – со малку да се каже многу, да се долови сѐ, а тоа секако го може само искусен и зрел автор, љубопитен набљудувач и даровит раскажувач“, стои во образложението на комисијата.Наградата ја доделува Европската унија (EU Prize for Literature – EUPL), а годинашен македонски организатор е ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, која ќе учествува во сите активности поврзани со номинацијата.Европската награда за литература се доделува за…

Read More

На 2 март (понеделник), во „Јуроп хаус“ во Скопје, од 19 часот, ќе се одржи промоција на новиот роман од Лидија Димковска, „Тринаесеттиот“.Овој е прв роман за деца и млади од авторката која важи за една од најпреведуваните домашни писателки и е добитничка на многубројни домашни и меѓународни награди, меѓу кои се и наградата на Европската Унија за литература, германската награда за поезија „Хуберт Бурда“, романските награди „Поесис“ и „Тудор Аргези“ итн.Значењето на овој роман во македонската книжевност ќе ни го доближат промоторките Весна Мојсова-Чепишевска и Виолета Танчева-Златева, додека младите членови на актерската школа на Весна Петрушевска, која слави 30…

Read More