Автор: Редакција

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), спроведе вонреден инспекциски надзор во 9 новогодишни куќарки во градската чаршија во Струга и издаде решенија за забрана за работа поради неисполнување на основни хигиенски услови. На угостителите им се изречени парични казни по 200 евра во денарска противвредност, а издадени се и налози за нивна регистрација во Агенцијата како оператори со храна. Со контролатата спроведена на 22 овој месец, утврдено е дека во куќарките работеле физички лица и тоа во нехигиенски услови, односно куќарките не биле поврзани на градскатата водоводна мрежа, немале спроведена задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација, лицата немале спроведени задолжителни здравствено…

Read More

„Кога заминува актер, не заминува само човек, заминува цел еден свет, цел еден универзум што тој го создавал на сцената. Со силен аплауз да го испратиме универзумот на Лазе Манасковски“ – со овие зборови во името на македонското глумиште директорот на Драмскиот театар Скопје, Роберт Вељановски, му оддаде последна почит на истакнатиот македонски театарски, филмски и телевизиски актер Лазе Манасковски.Во присуство на семејството, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, голем број колеги, пријатели и почитувачи, денес во Драмскиот театар се одржа комеморацијата за актерот Лазе Манасковски.Во телеграмата со сочувство испратена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се истакнува дека: „Лазе Манасковски…

Read More

Божиќниот портрет на Доналд и Меланија Трамп беше објавен пред празниците, но наместо идилични реакции, тој предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи поради еден сомнителен детаљ. Како и секоја година, Белата куќа објави официјална фотографија од претседателскиот пар опкружен со луксузни празнични украси. На овогодишната фотографија, објавена на 23 декември, 79-годишниот Трамп и 55-годишната Меланија позираат држејќи се за раце на влезот во претседателската резиденција. Зад парот, кој е во брак од 2005 година и има 19-годишен син, Барон, се наоѓаат официјалниот претседателски печат, американското знаме и знаме со голем орел. Тие се опкружени и со низа совршено украсени…

Read More

Раководството на Атлетико Мадрид ја разгледува можноста за продолжување на соработката со главниот тренер на тимот, Диего Симеоне, иако неговиот тековен договор е важечки до летото 2027 година.Според „Марка“, официјалните преговори со аргентинскиот специјалист сè уште не се започнати. Сепак, клубот е уверен дека Симеоне е најсоодветната фигура за идниот развој на проектот.Симеоне е на чело на овој тим од декември 2011 година и во овој период го водеше тимот до две шампионски титули во Ла Лига.Оваа сезона, Атлетико го зазема третото место на табелата со актив од 37 бода по 18 одиграни кола.

Read More

По три одлични изведби, „Лилјакот“ ќе се изведе повторно на големата сцена на МОБ за вечер исполнета со музика, хумор и емоции, културно доживување што ја освои пуб-ликата и критиката, соопшти организаторот.„Македонската опера и балет со гордост ја најавува четвртата изведба на оперетата „Лилјакот“ (Die Fledermaus) од Јохан Штраус II, која ќе се одржи на 26 декември 2025 година. По две претходни изведби што предизвикаа бурни аплаузи, високи оценки од публиката и критичката фела, ова ремек-дело на класичната музика се враќа како еден од најочекуваните културни настани во декемврискиот репертоар.„Лилјакот“ е светски позната оперета што ја слави радоста, музиката и…

Read More

Селекторот на Португалија, Роберто Мартинес, откри зошто Кристијано Роналдо останува клучна фигура во тимот и покрај неговата напредна фудбалска возраст.На прашањето зошто напаѓачот, кој наскоро ќе наполни 41 година, останува незаменлив стартер, Мартинес го истакна неговиот професионализам и посветеност.„Сè се должи на неговиот став. Трите главни работи што постојано ги анализираме се талентот, искуството и пристапот што може да го донесе во националниот тим. Токму максималните барања што ги поставува себеси за да му помогне на тимот му овозможуваат на капитенот да остане во тимот. Неговиот стремеж да биде најдобар е заразен. Неговата статистика од 25 гола на 30 натпревари…

Read More

Посните палачинки се подготвуваат без млеко и јајца, а вкусот нема да ве разочара. Ќе ги направите дури и по завршувањето на постот – сигурни сме во тоа! Овие посни палачинки се исто толку вкусни како и обичните. Состојки: – 500 мл вода (плус уште малку за да се разреди до густина на течен јогурт) – 350 г меко брашно – 1 лажичка шеќер – половина лажичка сол – 2 кесички ванилин шеќер или арома – малку рендана кора од лимон (по желба) – 3 лажици масло за тестото + неколку капки масло за пржење – 1 лажичка прашок за…

Read More

Врховниот суд на САД одби да му дозволи на Доналд Трамп да испрати војници на Националната гарда во областа на Чикаго, бидејќи републиканскиот претседател ја проширува употребата на војската за домашни цели во сè поголем број јурисдикции предводени од демократите, што критичарите на политиката го нарекуваат обид за казнување на противниците и задушување на несогласувањето. Судиите засега ја оставија наредбата на судијата со која се блокира распоредувањето на стотици војници на Националната гарда во правен спор поднесен од функционери на Илиноис и локални лидери. Министерството за правда на САД се обиде да го дозволи распоредувањето додека трае постапката. „Во оваа…

Read More

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека САД сè уште се посветени на постигнување мировен договор, откако беше информиран за разговорите што украинските преговарачи ги водеа со американската страна. Зеленски додаде дека Вашингтон сака конечен мировен договор, наведувајќи дека Украина целосно соработува и дека тоа никогаш нема да биде пречка за мир. Како што објави парискиот весник „Ле Монд“ на својата веб-страница, Зеленски во своето редовно обраќање синоќа рече дека добил детален извештај од секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана Рустем Умеров и началникот на Генералштабот на украинските вооружени сили Андриј Хнатов, по нивните состаноци со американските претставници.…

Read More

Како прва точка на дневниот ред е предлогот за разрешување на Орхан Муртезани од министерската функција во Министерството за европски прашања. За нов вицепремиер и министер за европски прашања е предложен сегашниот пратеник и поранешен министер за здравство Беким Сали. Изборот на новите членови на Владата дојде по локалните избори одржани во октомври откако Изет Меџити стапи на градоначалничката функција во Општина Чаир, кој ги извршуваше функциите прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање. За нов министер за животна средина од страна на Владата предложен е поранешниот владин портпарол Муамет Хоџа. На дневен ред се и предлогот…

Read More