Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Никол Кидман откри кој проблем од детството успеала да го надмине

    11/09/2026

    Денеска пратенички прашања во Собранието

    11/09/2026

    Прославата за независноста чинела 340 милиони денари, најголем дел од средствата се од „Лотарија“

    10/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Ако ЕУ ни го гарантира идентитетот, нека го потврди со одлука, порача македонскиот премиер
    Политика

    Ако ЕУ ни го гарантира идентитетот, нека го потврди со одлука, порача македонскиот премиер

    05/02/20264 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Тој вели дека земјава е подготвена да ги почитува преземените меѓународни обврски, но, како што истакна, истото го очекува и од соседите и од Европската Унија. Мицкоски побара реципроцитет во почитувањето на правата, конкретно посочувајќи на обврските на Бугарија за почитување на пресудите од Судот за човекови права во Стразбур.

    „Ние велиме вака: го почитуваме ли сите меѓународното право? Го почитуваме! Ако го почитуваме, и ако ние сме свесни за преземените обврски на претходната влада, колку и да биле тие катастрофални, преземени се од нашата влада, без разлика кој е таму сега премиер и слично. Дали му е тоа по волја или не му е по волја, опцијата е: ако се однесувате вон институциите, ќе бидете изолирани и прашањето е каква иднина ѝ следува на државата. Колку и да е горчливо сето тоа, тоа е реалност“, изјави Мицкоски.

    Според него, принципиелен став е соседна Бугарија да ги почитува конвенциите што ги има ратификувано, што подразбира овозможување на регистрација на македонската заедница.

    „Исто така, бараме и тие да бидат свесни за обврските што некои нивни влади ги преземале. Ако некоја влада на нашиот источен сосед преземала обврска со потпишување и ратификација на резолуции, конвенции за заштита на човекови права, почитување на одлуки на Судот за човекови права од Стразбур и така натаму, тоа што очекуваме е да ги почитуваат. А тоа е да дозволат македонската заедница да се регистрира како организација во која ќе може културно, образовно да општи; таа заедница да има свој претставник во Советот на министри за малцински права, кој функционира во рамките на владата кај нашиот источен сосед. Тоа е принципиелен став“, вели Мицкоски.

    Се осврна и на разговорите со претставниците на меѓународната заедница, од кои, рече, добива уверувања дека ЕУ нема да дозволи нови блокади и дека го признава македонскиот идентитет. Сепак, Мицкоски останува цврсто на ставот дека овие уверувања мора да се официјализираат преку заклучок на Советот на ЕУ.

    „Ако е така, ако навистина го мислите тоа, тогаш, ве молам, како заклучок, донесете го тоа, за да можеме ние да излеземе пред граѓаните и да кажеме: ‘Видете, луѓе, сакаме ли во Европска Унија? Сакаме. Баравме ли од Европската Унија гаранции за нашиот идентитет, јазик, дека нема да има билатерални вета? Еве, нов заклучок донесе Советот за нас, гледате, ни го испорачува тоа. Од друга страна, еве гледајте, нашиот источен сосед дозволи ОМО Илинден – Пирин да се регистрира, сега имаме претставник во Советот на министри за малцински права во таа влада, и така натаму. Што значи дека сега имаме гаранции на кои може да им се верува. Во ред, тогаш можеме да дискутираме што ние, како Влада, ќе испорачаме“, додаде Мицкоски.

    Во однос на информациите за евентуален „нонпејпер“ од еврокомесарката за проширување Марта Кос, или нови документи за олеснување на членството, премиерот информираше дека таков документ сè уште не е пристигнат.

    „Не, немаме добиено таков ‘нонпејпер’. Имаме некоја информација како би изгледале контурите на сето тоа. Од тие информации кои ги имаме, како би изгледале контурите, тоа во моментот не зависи од комисијата, туку зависи од советот, од земјите членки. Така што, може комисијата да даде предлог, но сепак, за сето тоа да функционира, мора да се согласат земјите членки’, појасни Мицкоски.

    Тој предупреди на внимателност во изјавите, бидејќи, оцени, дека процесот најмалку зависи од нас, туку од политичката волја на земјите-членки да прифатат нови методологии, како што е постепената интеграција.

    „Доколку има политичка волја кај земјите-членки, тогаш тие треба да го прифатат предлогот што ќе дојде од страна на комисијата за олеснување во процесот на пристапување, или некоја нова методологија, или, како што тие велат, ‘gradual integration’, односно постепено интегрирање, кое би имало ‘safeguards’ или одредени заштитни механизми. Што би значело тоа, заштитни механизми? Дека вие не можете за сè да ги користите структурните фондови. Имаше идеја овие земји од Западен Балкан да немаат право на вето, па некој дури одеше дотаму да немаме и комесар за нешто. Така што, сето ова се става на маса како идеја, но сè уште нема никаква форма“, заклучи Мицкоски во интервјуто за МРТ.

     

    Поврзани вести

    Денеска пратенички прашања во Собранието

    11/09/2026

    Османи вели дека комуницирале со ВМРО-ДПМНЕ и напролет очекува предвремени избори

    10/09/2026

    Костадиновска-Стојчевска на состаноците на комитетите на ПССЕ во Париз: Усвоена декларација за неглорифицирање на Ратко Младиќ

    09/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Никол Кидман откри кој проблем од детството успеала да го надмине

    11/09/2026

    Денеска пратенички прашања во Собранието

    11/09/2026

    Прославата за независноста чинела 340 милиони денари, најголем дел од средствата се од „Лотарија“

    10/09/2026

    Хера: Сексуалното образование им помага на младите да препознаат ризик, да постават граници и да кажат не

    10/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Куновска за Конгресот на СДСМ: Театар на апсурдот со полна сцена, а смислата отсутна

    Намалувањето на помошта од Велика Британија одзема 40% од средствата за справување со руската закана во Западен Балкан

    Студентите во реновираните домови ќе плаќаат повеќе, законот за студентски стандард оди по скратена постапка

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.