Автор: Редакција
Вчера во просториите на ФФМ, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ одговораше на новинарски прашања. Како и секогаш и сега првиот човек на федерацијата не ги одбегна и најгорливите фудбалски теми. Имаше свој отворен став на сите прашања.Медија – тимот на ФФМ од сите прашања направи новогодишно интервју кое секако дека треба да се погледне.За Благоја Милевски беше кажано дека имало преговори за продолжување на соработката, потоа се случил Кардиф и дека работите се промениле. Секако дека изборот на Гоце Седлоски, како што кажа самиот Омерагиќ, ќе треба да донесе нова свежина во А-репрезентацијата.Секако дека неизбежна тема беше…
Според официјалните изјави и извештаите на државните медиуми од двете страни, одвоени ноќни напади погодија пристанишни објекти во јужна Русија и украинскиот регион Одеса, пренесуваат Укринформ и РТВ. Во рускиот регион Краснодар, два резервоари за нафта се запалија во пристаништето Темрјук по она што регионалните службеници за вонредни ситуации го опишаа како украински напад со беспилотни летала. Според извештаите, пожарот се проширил на околу 2.000 квадратни метри, а околу 70 лица се вклучени во гаснењето на пожарот. Властите соопштија дека нема пријавени жртви. Руското Министерство за одбрана, исто така, тврди дека воздушната одбрана пресретнала и уништила 141 украински беспилотни летала…
Трагични сцени во саботата во Бурунди. Починал фудбалер а причината е повеќе од бизарна. Извештаите сугерираат дека играчот држел паричка во устата за време на натпреварот, што довело до неговата смрт. Игираназе Аиме Герик, играч од средниот ред на бурундискиот клуб од втората лига во устата држел паричка, еден вид амајлија а од неа и се задавил. И покрај интервенцијата на медицинските екипи, играчот починал за време на транспортот до болницата. Веднаш, Фудбалската федерација на Бурунди објави соопштение со сочувство до семејството на играчот и неговиот клуб, Лес Гепиерс ду Лак, без сепак да ја објасни причината за смртта. Сега,…
Американските власти открија уште повеќе од еден милион документи потенцијално поврзани со покојниот педофил Џефри Епштајн, кои планираат да ги објават во наредните денови и недели, велат официјални лица. ФБИ и федералните обвинители во Њујорк го информираа Министерството за правда за откритието. „Имаме адвокати кои работат деноноќно за да ги разгледаат и направат законски потребните измени за заштита на жртвите, и ќе ги објавиме документите што е можно поскоро“, соопшти Министерството за правда во средата. Одделот изјави дека може да потрае уште неколку недели пред да бидат објавени сите досиеја. Министерството за правда е под лупа откако не ги објави сите…
Меркур, планетата на комуникацијата и логичното расудување, на 1 јануари влегува во Јарец, каде што ќе престојува до 20 јануари. Оваа позиција на Меркур ќе донесе одлични вести за Јарците, Девиците и Биковите. Меркур во Јарец носи сериозен, промислен и многу практичен начин на размислување и комуникација. Мислите се насочени кон конкретни цели, долгорочни планови и реални решенија, без непотребни зборови и разубавувања. Дисциплина Лицата со ваква позиција на Меркур зборуваат одмерено, често дури кога се сигурни во она што сакаат да го кажат, па можат да делуваат постудено или подистанцирано, иако зад тоа стојат одговорност и потреба за прецизност.…
Џиновска секвоја што расте на имот на „Нешнал траст“ официјално е прогласена за највисоко живо божиќно дрво во светот. Дрвото е високо импресивни 44,7 метри. Засадено е уште во 1860-тите години. Овој уникатен потфат го забележал и тимот на Гиис, пишува „Би-би-си“. За да биде земена во предвид за рекордот, секвојата морала да има два вида украси. Поради тоа, дрвото било украсено со повеќе од 1.300 божиќни светилки и две огромни виолетови машни, соопштија од „Нешнал траст“ . Портпаролот открил дека за украсувањето била потребна работна платформа, а на тројца луѓе им биле потребни два дена за да ги постават…
Години потоа, судските одлуки покажале дека се работи за незаконски откази и за незаконски решенија за одземање на безбедносните сертификати.Чулев денеска објави дека по повеќегодишна битка добил пресуда во негова корист со што се докажало дека станува збор за политички прогон, а не за вистински причини за решенијата на Муслиу. Три суда, Управниот, Граѓанскиот и Врховниот суд ги поништиле решенијата на надлежните органи, вклучително и на Дирекцијата за безбедност и класифицирани информации (ДБКИ), која сѐ уште ја води директорот Стојан Славески.Оштетените веќе најавија поднесување на кривични пријави против одговорните службени лица поради сомневање за злоупотреба на службената положба во АР…
Од Левица велат дека, иако владата на премиерот Христијан Мицкоски ветувала дека ќе го укине надоместокот за мрежарина од 200 денари, не само што не го укина, туку „факт е дека Македонците плаќаат најскапа струја во регионот“. Според партијата, ова е уште еден доказ дека енергетскиот сектор е поставен да носи сигурен профит за приватниот капитал и дека оваа влада е единствено во служба на енергетската мафија.„Впрочем, и самиот Мицкоски своето богатство го акумулира преку приватни хидроцентрали и сомнителни бизниси во енергетскиот сектор, за кои до ден денес јавноста нема целосно информации. За Левица е очекувано премиер кој потекнува од…
На 27 декември со почеток од 19:00 часот, во Центар за култура Ѓорче Петров, ќе се одржи премиерата на најновата театарска претстава „Толку е тивко“ на Театар Пи.„Толку е тивко“ е филозофска и длабоко сензитивна театарска исповед во која светот се открива низ внатрешниот поглед на девојче што го изгубило видот. Наместо визуелни слики, просторот се гради од звуци, допири, тишини и сеќавања, претворајќи ја сцената во жив лавиринт на чувства и мисли. Претставата ја води публиката низ детството, загубите и растењето на главниот лик, каде темнината не е празнина, туку место во кое се раѓаат светлина, пријателство и смисла.Со…
Секојдневен хаос владее на паркингот кој се наоѓа во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Просторот е премал за да ги собере автомобилите на илјадниците пациенти и на вработените, кои секојдневно циркулираат во овој дел. Нервозите започнуваат уште пред самиот влезот на клиниките – на улицата има редици возила кои чекаат да пристапат до некоја од клиниките, а внатре, откако ќе се земе билет, е тешко да се стаса до слободно паркинг место. Откако пациентите ќе добијат медицинска услуга, потоа повторно се принудени да чекаат ред и да платат во кабината на „Градски паркинг“ или на автомат, а потоа повторно чекаат и…
