Автор: Редакција
Cудски полицаец и доставувач од Основниот кривичен суд Скопје, во периодот од август лани до 07 април годинава директно примиле награда во паричен износ од 500 евра и 60.000 денари од сведок, за посредување на судскиот полицаец во повисоките судови со цел да издејствува ослободителна пресуда, информираат во Јавното обвинителство. „Сведокот, кој поднел жалба против првостепена пресуда со која бил огласен за виновен и осуден на казна затвор во траење од една година, преку сосед стапил во контакт со осомничениот доставувач, кој го упатил кај судскиот полицаец како лице што може да посредува. Судскиот полицаец кој бил претставен како лице кое…
Во 2025 година во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) пристигнати се пријави за 41 новорегистрирано лице на ХИВ/СИДА во Македонија, што е инциденца од 2,1 на 100.000 жители. Лани е регистрирано намалување на бројот на новодијагностицирани случаи во однос на претходната година и десетгодишниот просек, но долгорочниот тренд (последни 10 години) укажува на постепено зголемување на бројот на случаи, што укажува дека епидемијата останува активна, информираат одговорните во ИЈЗ, во новиот извештај за спроведени активности согласно програмата за заштита на населението од ХИВ инфекција. „Во 2025 година од регистрираните случаи, 39 се од машки пол, 2 од женски пол. Возраста на…
Вкупниот опфат со две дози вакцина против заболувања причинети од Хуман папилома вирус (ХПВ) во Македонија, во 2025 година изнесувал 51,5 отсто, што е далеку под потребниот просек од 95 отсто, соопшти Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во последниот извештај за реализација на програмата за задолжителна имунизација на населението. Најмалку вакцинирани девојчиња и момчиња има во Охрид (9,9 отсто), а вакцинацијата е 100 отсто реализирана во Берово, Виница, Пехчево, Македонски Брод и во Валандово. „Опфат понизок од вкупниот опфат во републиката се регистрира Тетово/Гостивар, Битола, Скопје, Прилеп, Битола и Кичево. Од подлежечките лица на територијата на целата република за оваа…
Денеска продолжува актуелното 29. Коло од домашниот ПМФЛ шампионат, во кое на стадионот во Ѓорче Петров ќе се сретнат домаќинот Македонија и тимот на Работнички.Оваа градска пресметка која инаку стартува до 16:00 часот значи само едно за двата тима. Освојување на бодови кои ќе значат и натаму шанса за останување во прволигашката конкуренција. Двата тима се во лоша состојба на табелата. Македонија е претпоследна, единаесетта со 24 бодови, додека Работнички е место погоре со четири бода повеќе.„Лавовите“ седум кола немаат победа, и во нив имаат забележано само еден нерешен ресултат, оној против Брера, и шест порази.Последен пат кога Македонија ЃП…
Легендарниот Веселин Вујовиќ повторно ќе ја предводи репрезентацијата на Катар.Поранешниот македонски селектор и тренер на Вардар, отпатувал во Доха, каде што ќе ја преземе репрезентацијата што ја водеше во периодот 2024-2025 година и со која играше на Светското првенство во Хрватска во 2025 година. На тој турнир, Катар заврши на 21-то место и загуби од Македонија во главната рунда.Шпанецот Валеро Ривера се врати како замена за Вујовиќ кон средината на минатата година, но очигледно е дека второто место на Азиското првенство и поразот во финалето од Бахреин, по шест последователни златни медали на континенталното натпреварување, не ги задоволи Катарците.Договорот меѓу…
Ира Мари Браун стана светски позната кога беше бебе. Имаше само шест месеци кога нејзините фотографии почнаа да ги освојуваат интернетот и насловните страници на списанијата. Големи сини очи, густи трепки и светли кадрици ги натераа многумина да кажат дека изгледа како порцеланска кукла. Луѓето од целиот свет беа воодушевени од нејзиниот изглед, а нејзината популарност ја достигна речиси преку ноќ. Нејзината убавина наскоро ѝ отвори врати во модната и рекламната индустрија. Аира многу рано почна да работи како заштитно лице на бројни детски кампањи и реклами, додека веќе чекореше по модните писти на четиригодишна возраст. До осумгодишна возраст, таа…
Џек Николсон го прослави својот 89-ти роденден со семејството и пријателите, а неговата ќерка Лорејн Николсон сподели ретки фотографии од легендарниот актер на Инстаграм. Лорејн, која го прослави својот 36-ти роденден на 16 април, објави неколку фотографии во чест на својот татко. На една постара фотографија, ѕвездата на филмот „Љубовта нема правила“ пуши пура, со краток натпис: „89?“. Друга фотографија го прикажува насмеаниот Џек како плеска, а пејачката Џони Мичел исто така плеска во позадина. Лорејн додаде на објавата: „89!!“. Лорејн е едно од шесте деца на Николсон. Актерот ги доби неа и својот 34-годишен син Реј со актерката Ребека…
Преку поддршката на Европската команда на САД (EUCOM) , Соединетите Американски Држави соработуваат со општините Штип, Радовиш, Конче и Неготино за зајакнување на капацитетите за одговор во вонредни ситуации. „Сите се сеќаваме на разорните пожари што ја зафатија Северна Македонија пред две години – моќен потсетник дека кога станува збор за подготвеност за катастрофи, не постои нешто како премногу подготвеност. Денес, таа лекција се претвора во акција,“ објави денес Амбасадата на САД во Северна Македонија. Новите возила за спасување, заштитната опрема и специјализираната опрема треба да им помогнат на заедниците побрзо да реагираат на пожарите и да ги заштитат пожарникарите…
Шпанскиот премиер Педро Санчез во петокот го минимизираше значењето на протечениот е-мејл од Пентагон во кој се сугерира дека Шпанија би можела да биде казнета поради тоа што не ја поддржува војната во Иран со суспендирање на нејзиното членство во НАТО, пренесува Политико. „Не грижете се“, изјави Санчез за ПОЛИТИКО по неговото пристигнување на самитот на лидерите на ЕУ во Кипар. „Ние ги исполнуваме нашите обврски кон НАТО“. „Ставот на шпанската влада е јасен: апсолутна соработка со нашите сојузници, но секогаш во рамките на меѓународното право“, додаде Санчез, обраќајќи се пред поголема група новинари. Премиерот одби да разговара за специфичната…
Министерката за образование и наука Весна Јаневска најави дека Министерството ќе донесе конечна одлука за случајот со незаконски уписи на втор и трет циклус студии во понеделник, по разгледување на извештајот од Државен просветен инспекторат. Таа истакна дека институциите немаат избор и мора да постапуваат согласно закон, иако го разбира незадоволството кај студентите. „Постои закон по кој студентите требало да бидат запишани на втор и на трет циклус студии. Државниот просветен инспекторат вели дека тој закон е прекршен. Мене ми е многу жал за тоа што им се случува, но кога се запишувале на втор и трет циклус некој требало…
