Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Во Собранието денеска се изменети 40 закони и донесена е Стратегијата за безбедност на сообраќајот 2026-2030

    03/09/2026

    Градот Скопје и осум општини добија 49 нови комунални возила

    03/09/2026

    Околу 20 милиони деца на возраст до 17 години биле изложени на барем една форма на сексуална злоупотреба со помош на технологија

    03/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Опфатот со две дози вакцина против ХПВ е 51,5 отсто што е далеку под препорачаниот просек
    Македонија

    Опфатот со две дози вакцина против ХПВ е 51,5 отсто што е далеку под препорачаниот просек

    25/04/20264 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Вкупниот опфат со две дози вакцина против заболувања причинети од Хуман папилома вирус (ХПВ) во Македонија, во 2025 година изнесувал 51,5 отсто, што е далеку под потребниот просек од 95 отсто, соопшти Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во последниот извештај за реализација на програмата за задолжителна имунизација на населението. Најмалку вакцинирани девојчиња и момчиња има во Охрид (9,9 отсто), а вакцинацијата е 100 отсто реализирана во Берово, Виница, Пехчево, Македонски Брод и во Валандово.

    „Опфат понизок од вкупниот опфат во републиката се регистрира Тетово/Гостивар, Битола, Скопје, Прилеп, Битола и Кичево. Од подлежечките лица на територијата на целата република за оваа вакцина, не се опфатени вкупно 8.224 лица, од кои 4.638 се жители на Скопје“, наведено е во извештајот.

    Сепак, регистрираниот опфат со ХПВ вакцина (51,5 отсто) лани е повисок во однос на 2024 година (50,2%) и е повисок во однос на просечниот опфат за петгодишниот период (2020-2024) кој изнесува 47,5 отсто.

    „Лани за прв пат се реализира опфат со ХПВ вакцинација кај целата целна популација, по воведувањето на вакцинацијата и кај момчињата во 2024 година. Вклучувањето на момчињата во програмата придонесе за зголемување на бројот на вакцинирани деца и на вкупниот опфат. Во однос на 2024 година, како и во однос на
    просечниот петгодишен период, се бележи благ пораст на опфатот од 50,2% во 2024 година на 51,5% во 2025 година. Проширувањето на ХПВ вакцинацијата на момчињата има позитивно влијание врз зголемувањето на опфатот, но истиот останува релативно низок. Иако се забележува умерено подобрување на опфатот со ХПВ вакцинацијата, постојат значителни географски разлики меѓу регионите, со исклучително низок опфат во одредени подрачја и висока концентрација на невакцинирани лица во Скопје“, се наведува во извештајот.

    Бројот на жени кои заболуваат од рак на грлото на матката расте од година во година. На Клиниката за онкологија, во 2024 година биле третирани 74 пациентки, а лани бројката изнесувала 122.

    Најмладите пациентки на кои им бил дијагностициран рак на грлото на матката во Македонија имаат само 18 години, а средната возраст за поставување на дијагнозата е 55 години. Загрижувачкиот податок беше соопштен на настанот по повод Неделата за подигнување на свеста за борбата против овој вид карцином, организиран од Македонското лекарско друштво и Македонското здружение за цервикална патологија.

    Бројот на жени кои заболуваат од рак на грлото на матката расте од година во година. На Клиниката за онкологија, во 2024 година биле третирани 74 пациентки, а лани бројката изнесувала 122.

    Претседателот на Македонското лекарско друштво и на Македонското здружение за цервикална патологија, професор д-р Горан Димитров, истакна дека од 2030 година сите земји треба да применуваат ХПВ тест како скрининг за рак на грлото на матката.

    Во извештајот на ИЈЗ има податоци за сите вакцини кои се однесуваат на опфатот. Мета вчера објави дека значително е опаднат опфатот со МРП вакцината, односно со прва доза МРП вакцината (мали сипаници, рубеола, заразни заушки) е забележано намалување лани, достигнувајќи речиси 63 отсто, што е значително под препорачаниот опфат од 95 отсто на национално ниво.

    По повод Европската недела на имунизација, чие одбележување завршува денеска, во сите здравствени домови и вакцинални пунктови низ државата се реализираат активности за потенцирање на важноста на имунизацијата.

    „Во здравствените домови се одржуваат предавања за  важноста на имунизацијата и се вакцинираат на терен на  пропуштените деца. Акцијата ќе се спроведува и во наредните две недели и интензивно ќе се имунизираат сите деца со пропуштение вакцини од редовниот календар за имунизација. Оваа кампања го става акцентот на придобивките од вакцинацијата во текот на целиот животен век. Од најраната возраст до повозрасните години, вакцините обезбедуваат заштита од многу сериозни заболувања и придонесуваат за подобро здравје и благосостојбата во текот на целиот живот“, информираа во Министерството за здравство.
    Европската недела на имунизација е воведена во 53 земји од Европскиот регион на СЗО во 2007 година, за да се зголеми свесноста за важноста секое дете да биде заштитено од заболувања што може да се превенираат со вакцинација. Благодарение на вакцинацијата, спасени се милиони животи, а во изминатите 50 години таа директно придонела за намалување на смртноста кај доенчињата за 40 отсто на глобално ниво.

    Поврзани вести

    Градот Скопје и осум општини добија 49 нови комунални возила

    03/09/2026

    Околу 20 милиони деца на возраст до 17 години биле изложени на барем една форма на сексуална злоупотреба со помош на технологија

    03/09/2026

    Голема акција на МВР за сузбивање на финансиски криминал, претреси на повеќе локации

    03/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Во Собранието денеска се изменети 40 закони и донесена е Стратегијата за безбедност на сообраќајот 2026-2030

    03/09/2026

    Градот Скопје и осум општини добија 49 нови комунални возила

    03/09/2026

    Околу 20 милиони деца на возраст до 17 години биле изложени на барем една форма на сексуална злоупотреба со помош на технологија

    03/09/2026

    Голема акција на МВР за сузбивање на финансиски криминал, претреси на повеќе локации

    03/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Ноември во Кинотеката на Македонија – месец на сеќавање, почест и визуелна магија

    Филипче го поддржа нападот врз Иран и им порача на САД дека и во Македонија има авторитативен режим

    Анкета на Стратум, Влен е прва политичка сила кај Албанците

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.