Автор: Редакција
Емо/пост-хардкор бендот Yöu оваа пролет оди на европска турнеја која опфаќа 13 концерти во осум земји во централна Европа и регионот. Турнејата започнува на 15. мај во Скопје со концерт во Буква, на кој ќе настапи и кочанскиот бенд Корка, по што следува интензивен концертен циклус од 11 настапи во 11 дена низ Словенија, Италија, Германија, Австрија, Чешка, Хрватска и Србија. Финалниот настап е закажан за 6 јуни во Битола, на главната бина на метал фестивалот под отворено небо, „Metal Discharge“. Турнејата, која опфаќа патување од над 5000 километри, е реализирана во соработка со Атомик продукција и Црнило букинг од…
На 6 мај (среда), со почеток во 20:00 часот, во Галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје свечено ќе биде отворена изложбата „Старите мајстори и македонската модерна“, значаен истражувачки проект посветен на комплексниот однос меѓу европското уметничко наследство и развојот на модерната уметност во Македонија.Автор на проектот е проф. Кирил Пенушлиски, а изложбата претставува длабинско истражување на влијанието што творештвото на старите европски мајстори го имало врз македонските модерни уметници – не само како извор на техничко знаење, туку и како поттик за критичко преиспитување, интерпретација и создавање нови визуелни јазици.Преку внимателно селектирани дела, изложбата го осветлува процесот низ…
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков престојува во Брисел каде што вечер ќе има обраќање пред почетокот на концертот на Оркестарот за џез-музика, кој е дел од програмата на манифестацијата „Денови на македонската култура“ во Белгија.Публиката на концертот, што ќе се одржи во престижната сала „Бозар“ (Bozar) во Брисел, ќе има можност да ужива во уникатен музички спој на македонската традиција и современиот џез-израз.Манифестацијата „Денови на македонската култура“, на која македонската уметност се претставува пред европската публика во најрепрезентативно издание, започна на 2 мај со настапот на Балетот при Националната опера и балет во Антверпен, а вчера програмата продолжи…
Во новиот билет на Кошаркарската федерација на Македонија, комесарот за натпреварување Александар Милојевиќ покрај редовните казни според пропозициите за екипите, изрече суспензии за судии.Два арбитри добија суспензија во сите лиги поради недозволно извршување на својата задача после прегледување на видео материјал од страна на контролор. Едниот доби забрана за вршење на должност од четири меча, додека вториот нема да може да суди во следните два, во сите лиги. Овие судиите беа делегирани на мечеви од полуфиналето на плеј-офот во Прва лига жени.Уште четворца судии добија збрана на вршење на должност од еден натпревар во сите лиги по проверка на снимка…
Првиот ден, вчера, започна со средби со Емануел Жиофре, директор за Европа во Европската служба за надворешна акција (EEAS), и Валентина Суперти, директорка за Западен Балкан во DG NEAR на Европската комисија, како и со европратениците Лукас Мандл (AFET) и Илхан Ќучук, поранешен известувач за Македонија.Денес, во вториот ден, Османи продолжува со густа институционална агенда. Утрото започна со средба со Андреја Вихер Вајт и Адел Марсуло од кабинетот на комесарката за проширување Марта Кос.Следуваат посебни средби во Европскиот парламент со европратениците Владимир Пребилич, Тис Ројтен и Матијаж Немец.Во сите разговори доминираа две прашања: сериозната загриженост за уривањето на Охридскиот мировен…
Таа се заблагодари за континуираната поддршка на Романија на македонските евроинтеграции, вклучително и преку групата „Пријатели на проширувањето“, укажувајќи дека истото мора да биде процес врзан за Копенхагенските критериуми со почитување на европските принципи и вредности, утврдени во конститутивните акти на Унијата.Според неа, силната регионална соработка е важен фактор на политичкото обединување во ЕУ. Таа го поздрави романското разбирање на македонската аспирација за земја-партнер во иницијативата „Три мориња“.Обајцата сметаат дека добрите политички односи треба да бидат проследени со поширока и подинамична економска соработка.На средбата беа разгледани можностите за соработка во областа на културата, образованието и науката. Сиљановска-Давкова изрази подготвеност за…
Денот на македонскиот јазик, 5 Мај денеска ќе биде одбележан со повеќе настани. Денот 5 мај е прогласен за „Ден на македонскиот јазик“ на 16 април 2019 година за да се одбележи датумот на кој во 1945 година Народната влада на Федерална Македонија ја усвои азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо, а по два месеци беше озаконет првиот правопис со што беше кодифициран македонскиот јазик. Официјални настани ќе се одржат во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и собраниската Комисија за култура и туризам. На настанот во Институтот…
Кризата во Реал Мадрид се продлабочува, а фрустрацијата расте. Сезона без ниту еден трофеј почнува да влијае не само на резултатите, туку и на атмосферата во соблекувалната. Според весникот „Ел Мундо Депортиво“, во последните недели имало несогласувања меѓу неколку играчи на шпанскиот тим од Ла Лига и нивниот тренер Алваро Арбелоа, а критиките не изостануваат од Килијан Мбапе.Тренерот, кој го презеде тимот на средина од сезоната, не успеа да ги подобри резултатите или да изгради добри односи во соблекувалната. Се вели дека Арбелоа ја занемарил комуникацијата со групата шпански играчи, меѓу кои се Дани Карвахал, Раул Асенсио, Дани Себаљос, Дин…
Руското Министерство за одбрана прогласи еднострано примирје во Украина за петок и сабота по повод 81-годишнината од поразот на нацистичка Германија во Втората светска војна, но се закани дека ќе му возврати удар на Киев доколку се обиде да ги наруши прославите на Денот на победата. Украинскиот претседател Володимир Зеленски, како одговор, рече дека неговата земја ќе почитува примирје почнувајќи од 12 часот по полноќ во среда и ќе одговори на руските акции од тој момент. Тој не постави датум на завршување на примирјето. Најавите доаѓаат додека Русија се подготвува да го прослави својот најважен секуларен празник со традиционална воена…
Во експлозија во фабрика за огномет во кинеската покраина Хунан загинаа 21 лице, а 61 се повредени, што предизвика повик од претседателот Си Џинпинг за темелна истрага, објавија утрово државните медиуми. Снимките од социјалните медиуми покажа како се издигаат огромни облаци од чад. Ројтерс ја потврди локацијата прикажана на снимката, која беше објавена на социјалните медиуми на 4 мај, како Чангша. Пет спасувачки екипи од речиси 500 лица, заедно со три роботи за спасување, беа испратени на местото на настанот, усвојувајќи координиран пристап човек-машина за спроведување пребарувања во мрежен стил. Две складишта за црн барут во рамките на фабричкиот комплекс…
