Автор: Редакција
МЗТ Скопје денеска (19 часот) против Пелистер ја почнува прославата на 60-годишнината од своето постоење. Актуелниот првак најави бројни манифестации за време на овој дуел, кој воедно е дерби на 17. коло. МЗТ Скопје има 30 бода и се наоѓа на второто место на табелата, додека Пелистер е трет со 28 бода.Овој дуел ќе се одигра без присуство на гостински навивачи. Синоќа „Чкембари“ на својата официјална страница го пренесоа својот револт за одлуката да се забрани нивно присуство, прашувајќи дали во Битола треба да се забрани исто присуство на противничките навивачи. Двојки: Ангели – ТФТ (14 часот), Феникс – Тиквеш…
Најголем удел на жени во своите парламенти имаат Финска Финска (46,0%), Шведска (44,8%) и Данска (44,7%), додека Кипар (14,3%), Унгарија (15,6%) и Романија (22,0%) имаат најнизок.Во споредба со 2015 година, сите земји од ЕУ забележаа зголемување на уделот на жени претставнички, освен Германија (-3,5 пп). Меѓу земјите од ЕУ во кои се зголемил уделот на жени во парламентот, во четири има над 10 пп зголемување: Летонија (+19,0 пп), Малта (+14,8 пп), Франција (+10,9 пп) и Чешка (+10,6 пп).Жените, исто така, држат 31,9% од местата во националните влади, што е зголемување од 4,2 процентни поени во споредба со 2015 година. Во…
Сам Асгари, поранешниот сопруг на Бритни Спирс, го коментираше нејзиното неодамнешно апсење поради возење под дејство на алкохол и дрога, изјавувајќи дека секој може да направи грешка. Гостувајќи на „Фокс њуз“, Асгари најпрво рече дека е фокусиран на ситуацијата во Иран, но додаде: „Кога станува збор за тоа дека луѓето грешат, тоа го разбирам. Мислам дека секој заслужува приватност. Се надевам дека медиумите научија нешто од минатото и дека ќе ѝ ја дадат приватноста што ѝ е потребна.“ Спирс била запрена од полицијата на 4 март во Калифорнија, откако нејзиниот автомобил бил пријавен поради нестабилно и пребрзо возење на автопат.…
Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ја освои пол-позицијата пред утрешната Голема награда на Австралија.Можеби за некои ќе биде изненадување, но Мерцедес имаа добар настап на последниот тренинг во Мелбурн. Тие покажаа дека добро се подготвувале помеѓу двете сезони, градејќи, барем така изгледа, конкурентен автомобил. Секако, порака што сите треба да ја сфатат сериозно.Џорџ Расел беше најбрз на последниот тренинг, а потоа тоа го преточи во импресивна квалификациска сесија со време од 1.18.518. По него следеше неговиот соиграч Кими Антонели, а апсолутно изненадување беше Исак Хајар, кој го освои третото место како дебитант за Ред Бул.Шарл Леклер од Ферари беше четврти,…
Но како што се разврзува клопчето на сеќавањата на глобалната генерација икс, а и онаа на милениумците, многумина стануваат свесни дека барем преку медиумите биле сведоци на историјата во која Израел, Палестина, Иран, Ирак и целиот Блиски Исток, постојано биле во фокусот на кризни настани и оружени судири. И речиси секогаш глобалниот „обичен свет“ го минува животот со латентен, па и поизразен страв дека ќе се случи третата светска војна.„Настаните на Блискиот Исток се крајно загрижувачки и како што изгледа ситуацијата – нерешливи. Трета светска војна нема да има, ама нема да има ни мир!По Втората светска војна, цело време…
„И реформската агенда ја тераме со зголемена динамика. Имаме почести координации на ниво на Влада и меѓуинституционална комуникација за исполнување на задачите во врска со реформската агенда. Очекувам во јуни извештајот да биде попозитивен“, вели Сали во гостување на Телма. Според него, интензивната работа на реформската агенда, значи и измена на закони кои се веќе договорени во реформската агенда. „До 15 јануари спроведовме и доставивме 27 чекори од вкупно 41 во реформската агенда. Во рокот од 90 дена, тоа значи до крајот на март или евентуално 15 април да го добиеме првиот резултат од доставените чекори, да видиме дали сме…
Атина ќе распореди систем за ракетна одбрана „Патриот“ и борбени авиони F-16 за да ѝ помогне на Бугарија да се справи со потенцијални ирански напади, соопшти денеска грчкото Министерство за одбрана, пренесува „Еуроактив“. По барање од Софија, грчкиот министер за одбрана Никос Дендиас му соопштил на својот бугарски колега Атанас Запријанов дека Грција ќе обезбеди „ресурси и персонал за заштита на Бугарија“. Како што пренесува медиумот, една батерија од системот „Патриот“ ќе биде преместена на соодветна локација во северна Грција, со што ќе обезбеди aнтибалистичка покриеност за голем дел од територијата на Бугарија. „Авиони F-16 ќе бидат стационирани во воздухопловна база…
Електронските алки за престапници во државава се набавени од 2016 година, но не се употребени, бидејќи нема фирма која може да ги одржува. Како што посочи Зајкова, предлог-законот за електронски караквици бил поднесен на 1 април 2025 година, но тогаш на пленарната седница не добил поддршка од пратениците од мнозинството. „На пленарната седница на 1 април 2025 година ниту еден пратеник од мнозинството не се пријави за збор. Предлог-законот беше отфрлен без дебата и без аргументи“, ни изјави Зајкова, додавајќи дека државата веќе располага со електронски алки, кои се наоѓаат во депо, но не се користат. Таа нагласи дека инсистира…
Според него, податоците за растот на градежништвото од 21 процент во третиот квартал и од 14,6 проценти во четвртиот квартал лани се фантастични бројки како резултат на, како што рече, тоа што приватниот сектор се охрабри да инвестира заради поволните каматни стапки преку кредитните линии од Унгарија, вложувањата во општините кои претежно со дотации од Владата почнаа многу инфраструктурни проекти, како и големите инфраструктурни проекти на државата.Се работи, посочи вицепремиерот, на неколку инфраструктурни проекти како изградбата на автопатот Кичево Охрид, проект што беше заборавен и не постоеше пред изборот на оваа влада, во тек на 2024 година се правеа подготовки…
На 05.03.2026 во 16:55 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(25) од скопско по претходна пријава дека на 23.02.2026 во неговиот дом физички нападнал 22-годишна жена со која претходно се запознале, а пристигнала од Германија. Тој извршил обљуба, и и упатувал закани. Во периодот додека била во неговиот дом не и дозволувал да излезе сама и и го зел мобилениот телефон. На 04.03.2026 таа успеала да се јави телефонски кај нејзината мајка која алармирала во полиција. Полицијата пристигнала на посочената адреса и со направена проценка на ризик постапила. Воедно…
