Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото/Видео) Секси изданието на познатата пејачка остави без здив

    14/09/2026

    Од отворените податоци до е-општините: како Партнерството за отворено власт ја прави Северна Македонија подигитална и потранспарентна? 

    14/09/2026

    (Фото/Видео) Беше и останува најубава: тешко дека некој ќе ја надмине Марија Шарапова

    14/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Македонија во контекст на судирите на Блискиот Исток: Нема трета светска војна, ама нема ни мир
    Политика

    Македонија во контекст на судирите на Блискиот Исток: Нема трета светска војна, ама нема ни мир

    07/03/20265 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Но како што се разврзува клопчето на сеќавањата на глобалната генерација икс, а и онаа на милениумците, многумина стануваат свесни дека барем преку медиумите биле сведоци на историјата во која Израел, Палестина, Иран, Ирак и целиот Блиски Исток, постојано биле во фокусот на кризни настани и оружени судири. И речиси секогаш глобалниот „обичен свет“ го минува животот со латентен, па и поизразен страв дека ќе се случи третата светска војна.

    „Настаните на Блискиот Исток се крајно загрижувачки и како што изгледа ситуацијата – нерешливи. Трета светска војна нема да има, ама нема да има ни мир!

    По Втората светска војна, цело време имаше судири, и тоа ќе продолжи. Моментално војуваат и Пакистан и Авганистан. Блискиот Исток е немирен од создавањето на Израел (1948 година) и по британското цртање на границите на тамошните држави, на мапи со прави линии. Тоа е подрачје на пустини и на црно злато. Интересот на целиот свет за регионот е многу голем и затоа интересите се измешани и трајни“ вели поранешниот македонски амбасадор, Ристо Никовски.

    Одбранбен механизам на Балканците со релативизација на опасноста

    Кај споменатите генерации на Балканот (од шеесеттите години на 20-от и почетокот на 21 век), а секако и во Македонија, континуитетот на предизвикување страв од трета светска војна има создадено еден циничен одбранбен механизам со релативизација на опасноста. Од падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година ( или прогласувањето на „крајот на историјата“ од Фукујама), генерациите во овој дел од Европа, кој повеќе од 35 години докажуваат дека се (не)достојни за Европската Унија, веќе ги имаат доживеано и „надминато“ во своите „обични животи“ многу од заканите на воените стравови. Секако, тоа што се преживеани многу закани и стравови, не создава имунитет и гаранции од за спас од секоја нова оружена закана, особено не нуклеарна. Зашто психологијата која е наметната во светот од оние што одлучуваат за војната и мирот – третата светска војна е само – нуклеарна. Според таа логика – ако нема судир на нуклеарни сили, војната не е „светска“.

    Всушност и нападот врз Иран од страна на Израел и САД е „оправдан“ како превентивен – да се спречи развојот на цивилната нуклеарна програма на Иран, под сомнение дека всушност се работи за воена нуклеарна програма.

    „Проширување на сегашната војна, предизвикана од нападот на Израел и САД врз Иран, нема да се случи и ќе остане од локален карактер. Меѓутоа, судирот на интересите и мешањето од страна ќе продолжи, што значи мир нема да има уште многу долго. Оваа воена интервенција врз Иран е апсолутно нелегална и претставува флагрантно кршење на меѓународниот правен поредок и отвора простор за бескраен реваншизам“, оценува амбасадорот Никовски.

    Реваншизмот се манифестираше инстантно, со ракетни напади и напади со дронови од страна на Иран, врз неговите соседи на Блискиот Исток, па и подалеку до Средоземјето (Кипар), каде што САД, (како сојузник на Израел во бомбардирањето на Иран) имаат свои бази, односно воени инсталации. И секако возвратни напади врз Израел. Овој оружен судир, оценет како од локални размери, доби поглобална димензија со тоа што во него се најдоа загрозени голем број туристи и печалбари речиси од целиот свет во земјите на Блискиот Исток (Обединети Арапски Емирати, Катар, Саудиска Арабија, Бахреин и секако во Израел). Според перцепцијата на „случајно и намерно“ затекнатите во овие секогаш потенцијални кризни жаришта, (а и во најголемиот дел од тн. западен свет) тамошното локално население е навикнато да живее и колку може да се заштитува од постојаната закана на политиката во оружена ескалација. Затоа пак, туристите и печалбарите од Блискиот Исток сега се евакуираат во своите земји. Навистина, повеќето држави во светот, почнувајќи од САД издадоа предупредување да не се патува без потреба (а и тогаш кога е „голема потребата“), во овие земји, каде што отворено се кажуваше дека се планираат оружени операции.

    Малите држави како Македонија – стриктно да го поддржуваат меѓународното право

    И Македонија, преку потребата за евакуација на свои државјани, на некој начин е инволвирана во овој најнов блискоисточен конфликт. Досега се евакуирани со владиниот авион, оние македонските граѓани што конфликтот ги затекна во Израел, а според најавите на МНРиНТ се планира до понеделник со чартер-летови да бидат вратени во земјава, околу 700-800 Македонци од ОАЕ, Катар, Саудиска Арабија…

    Но, како потеницијално поконтроверзна, па и поопасна инволвираност во овој конфлит меѓу Израел, САД и Иран, во македонската јавност е проценета официјалната поддршка од македонската влада на страната што прва го отвори огнот – стратешкиот партнер САД и Израел.

    „Неспорен факт е дека многу мал број на држави ја поддржаа интервенцијата и за жал, меѓу нив беше и Македонија. Малите држави како нашата, мораат стриктно да го поддржуваат меѓународното право“, смета дипломатот Ристо Никовски.

    Позиционирањето на Македонија на меѓународен план, од прогласувањето на нејзината независност, во изминативе 35 години е комплексен процес, многу често контроверзен и исполнет со прекршување на меѓународното право и основните човекови права од влијателните меѓународни субјекти и организации (од соседните земји, преку Европската Унија до Обединетите Нации), во контекст на оспорување на националните идентитет, па и државен суверенитет. Сепак, мошне дискутабилно  и дипломатски меч со две острици е потегот – неправдите што ѝ се нанесени на Македонија во контекст на меѓународното право да ги рефлектира во поддршка кога врз други се прекршува истото тоа меѓународно право. Особено што е јасно дека стратешките партнери можат да ги заштитат или извојуваат своите интереси и без декларираната поддршката од Македонија.

    „Најновата американска безбедносна стратегија, која претставува радикална промена во однос на досегашните, на некој начин сугерира доминација на три центри на моќ: САД, Кина и Русија. Сè уште е неизвесно како тоа ќе се развива, но на извесен начин на сите три центри им дава право на интервенција во ‘сопствениот пашалак’. Но најважно е што би се избегнала нивна директна меѓусебна конфронтација и на тој начин би се избегната третата светска војна. Сепак, последиците ќе се чувствуваат секаде и се неизбежни“, заклучува дипломатот и меѓународно политички аналитичар Ристо Никовски.

    Јасминка Павловска

    Поврзани вести

    Изборите во Србија – лакмус за (не)постоење на „српски свет“ во Македонија

    14/09/2026

    Ахмети на марш во Приштина за поддршка на хашките затвореници обвинети за злосторства против човештвото

    13/09/2026

    МД„Илинден“-Тирана ги повикува албанските и европските институции да реагираат на бугарските „мисии“ врз Македонците во Албанија

    12/09/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото/Видео) Секси изданието на познатата пејачка остави без здив

    14/09/2026

    Од отворените податоци до е-општините: како Партнерството за отворено власт ја прави Северна Македонија подигитална и потранспарентна? 

    14/09/2026

    (Фото/Видео) Беше и останува најубава: тешко дека некој ќе ја надмине Марија Шарапова

    14/09/2026

    Изборите во Србија – лакмус за (не)постоење на „српски свет“ во Македонија

    14/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Нова промена на термините во ВМФЛ, есенската титула сепак му се смешка на Охрид!

    ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА исплати 50.087.531 денари за ВЛТ добивки во февруари!

    Брод со 11 патници се преврте во Дунав во Србија, има и жртви

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.