Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    ОЈО: Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини”

    23/10/2026

    „Не носете вакви штипки за коса додека возите“ – лекар ги предупредува жените

    23/10/2026

    Масовен собир во Белград на завршниот митинг на Студентската листа

    23/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Свет»Грција ќе обезбеди ресурси и персонал за заштита на Бугарија од Иран
    Свет

    Грција ќе обезбеди ресурси и персонал за заштита на Бугарија од Иран

    06/03/20261 Min Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Атина ќе распореди систем за ракетна одбрана „Патриот“ и борбени авиони F-16 за да ѝ помогне на Бугарија да се справи со потенцијални ирански напади, соопшти денеска грчкото Министерство за одбрана, пренесува „Еуроактив“. 

    По барање од Софија, грчкиот министер за одбрана Никос Дендиас му соопштил на својот бугарски колега Атанас Запријанов дека Грција ќе обезбеди „ресурси и персонал за заштита на Бугарија“.

    Како што пренесува медиумот, една батерија од системот „Патриот“ ќе биде преместена на соодветна локација во северна Грција, со што ќе обезбеди aнтибалистичка покриеност за голем дел од територијата на Бугарија.

    „Авиони F-16 ќе бидат стационирани во воздухопловна база во северна Грција, со единствена мисија да обезбеди дополнителна заштита за Бугарија“, соопшти министерството.

    Властите во Бугарија, која е членка на НАТО, изјавија дека не се дел од американско-израелската војна против Техеран.

    Напад со ракети или дронови изгледа малку веројатен поради големата оддалеченост од Иран. Сепак, присуството на американски борбени авиони во земјата како дел од заеднички вежби на НАТО предизвика загриженост кај јавноста поради иранските напади и закани кон други држави.

    Грција веќе има распоредено системи „Патриот“ и борбени авиони F-16 и во Кипар.

    Поврзани вести

    Цените на нафтата скокнаа за повеќе од три долари по израелските напади врз Либан и Иран

    08/06/2026

    Украина погоди руски товарни бродови во Азовското Море

    05/06/2026

    Треба да го спречиме развојот на вештачката интелигенција без луѓе, вели ко-основачот на Антропик

    05/06/2026
    АКТУЕЛНО

    ОЈО: Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини”

    23/10/2026

    „Не носете вакви штипки за коса додека возите“ – лекар ги предупредува жените

    23/10/2026

    Масовен собир во Белград на завршниот митинг на Студентската листа

    23/10/2026

    Пократките денови носат проблем што многумина го игнорираат: oвој витамин е клучен за здравјето

    22/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Атанасов: Кога ќе примиш 19 тројки…

    Фестивал на документарен филм во Солун: Жената што го победи Трамп и учителот што му одржа лекција на Путин

    Ве очекува хаос – подгответе се: 4 хороскопски знаци за кои крајот на октомври ќе биде особено бурен

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.