Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Љубов, пари и неочекувани средби: Големи изненадувања во саботниот хороскоп

    07/11/2026

    (Фото) Дуа Липа за малку ќе покажеше премногу во креација со отвори

    06/11/2026

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Сали: Сите реформски чекори ќе бидат исполнети до јуни
    Македонија

    Сали: Сите реформски чекори ќе бидат исполнети до јуни

    06/03/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „И реформската агенда ја тераме со зголемена динамика. Имаме почести координации на ниво на Влада и меѓуинституционална комуникација за исполнување на задачите во врска со реформската агенда. Очекувам во јуни извештајот да биде попозитивен“, вели Сали во гостување на Телма.

    Според него, интензивната работа на реформската агенда, значи и измена на закони кои се веќе договорени во реформската агенда.

    „До 15 јануари спроведовме и доставивме 27 чекори од вкупно 41 во реформската агенда. Во рокот од 90 дена, тоа значи до крајот на март или евентуално 15 април да го добиеме првиот резултат од доставените чекори, да видиме дали сме во ред или, пак, ќе имаме дополнителни забелешки на кои ќе треба да се навратиме за дополнување и доисправување на измените што сме ги доставиле“, истакна министерот за европски прашања.

    Тој во разговорот се осврна и на информациите за различни форми и можности за членство во ЕУ.

    Формите на станување на полноправна членка на Европската унија, како што рече, се менуваат поради одредени политики што ги имаат државите кои се дел од блокот.

    „Ние сме согласни во било која форма да бидеме дел од Европската унија, па потоа, со тек на време, и ние ќе се адаптираме, а и тие ќе нè прифатат за да се зголеми и соработката и поддршката која што ќе биде внатре во ЕУ. Комуникација не сме прекинале, отворени сме за сите форми. Нормално, тоа што треба да го сработиме, ние го работиме интензивно, меѓутоа доколку има опција, согласни сме да бидеме дел од тие опции“, истакна Сали.

    Тој истакна оти е можно во 2027 година да има различен пристап за зачленување, а крајниот збор, како што додаде, го имаат земјите членки на Европската унија.

    Поврзани вести

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026

    Поднесена тужба против МОН за непочитување на Законот за субвенциониран студентски оброк

    06/11/2026

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Љубов, пари и неочекувани средби: Големи изненадувања во саботниот хороскоп

    07/11/2026

    (Фото) Дуа Липа за малку ќе покажеше премногу во креација со отвори

    06/11/2026

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026

    Поднесена тужба против МОН за непочитување на Законот за субвенциониран студентски оброк

    06/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Два танкери за нафта под санкции од САД пловат низ Ла Манш кон Русија

    Во Хаг почина воениот злосторник Ратко Младиќ

    Драган Ковачки е нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, партијата го избра и новиот Извршен комитет

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.