Автор: Редакција
„Не, немаме добиено, но всушност нема да ја одбиеме поканата. Ќе имаме дијалог или дебата, поточно, со сите од сега па натаму, вклучително и со Владата. Едно е јасно, агендата на Демократската партија на Албанија и агендата на Владата и партиите на власт се чини дека се различни, но секако, ќе дебатираме со сите“, рече Алиу.Прашан за локалните избори, Имери изјави дека „поразот на ДУИ не е национална трагедија“, притоа нагласи дека е време за реализација на ветеното , за што одговорноста е на албанската партија која е дел од Владата.„Многу ветувања се дадени, сега е време тие да се…
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денеска соопшти дека Божиновска имала интензивна дипломатска активност и оти имала билатерални средби со американскиот секретар за енергетика, Крис Рајт, грчкиот министер за енергетика, Ставрос Папастравру, извршниот директор на грчкиот независен оператор за пренос на електрична енергија (IPTO – ADMIE), Манусакис, како и со бугарскиот колега Жичо Станков.Божиновска и Станков ја истакнале важноста на проектот East – West Transmission Corridor (EWTC) како клучна иницијатива за зајакнување на регионалната поврзаност, интеграција на пазарите и зголемување на капацитетите за обновлива енергија, во согласност со целите на Европскиот зелен договор.„Во разговорите беше подвлечена и иницијативата на…
Иако Северна Македонија има поставено стратешка рамка за реформа на јавната администрација, реализацијата на предвидените мерки напредува со ограничена динамика. Стратегијата за јавна администрација 2023-2030 е квалитетно подготвена и опфатна, но имплементацијата сè уште бара значително подобрување, особено во делот на техничката поддршка и меѓуинституционалната координација, нотирано е во извештајот од Европската комисија за напредокот на земјава кон ЕУ, кој се однесува на реформата во јавната администрација. Како што се наведува, Министерството за јавна администрација го објави редовниот извештај за спроведување на реформите во 2024 година, а Советот за реформа на јавната администрација повторно почна со работа. „Сепак, координацијата со…
По убедливиот пораз од Арсими, Башкими сака да се врати на победничките патеки и тоа против Работнички во меч од 13-тото коло во ПМФЛ.Во првиот дел од сезоната Башкими во Скопје триумфираше со 2:0, но традицијата е на страната на Работнички. Во досега одиграни 17 натпревари, 9 победи се за Работнички, 4 за Башкими, а 4 натпревари завршиле нерешено.Сепак, според Адис Мурати, работите ќе се одвиваат во позитивна насока, бидејќи трите бода се императив за кумановскиот тим.„На прв поглед, натпреварот изгледа лесен, но Работнички е најопасен кога е во криза. Ние сме мотивирани и сакаме што побрзо да го заборавиме…
Во потрага по засилување на напаѓачката линија, Милан фрли око на Роберт Левандовски и веќе размислува за негов ангажман во претстојниот јануарски преоден рок, пишуваат шпанските медиуми. Договорот на Левандовски со Барселона истекува следното лето, што отвора простор за преговори.Можното пристигнување на Полјакот би ја следело стратегијата што клубот ја примени при доведувањето на Лука Модриќ. Капитенот на Хрватска, кој има 40 години, многу брзо стана клучен играч во тимот на Масимилијано Алегри, а се претпоставува дека и Левандовски веднаш би можел да стане дел од ударниот состав на „росонерите“.Милан сезонава постигна 15 гола на 10 натпревари во Серија А.…
Педесет и пет нови автобуси од приватни превозници од понеделник ќе влезат во автобускиот превоз на Скопје, а до крајот на годината тој број ќе се зголеми за уште 20, најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Иако е нејасно дали институциите ќе стигнат на време да ги поминат сите законски процедури, Ѓорѓиевски вчера ги промовираше автобусите, од кои повеќето сè уште се со странски таблички. Во следниот период тие ќе треба да го поминат процесот на увоз и регистрација и да ги добијат потребните лиценци за да се вклучат во сообраќај. Ѓорѓиевски не прецизираше дали има потпишано договор со приватниците и кога…
Ѕвездата од ријалити шоуата, Маура Хигинс, се појави на престижниот настан „Women of the Year“, кој традиционално секоја година собира голем број познати убавици. Како и обично, Маура се погрижи сите очи да бидат вперени во неа, а најзаслужна за тоа беше нејзината провокативна облека. Исто како и на нејзиното претходно јавно појавување, ријалити убавицата ги оправда очекувањата. Црниот вечерен фустан со проѕирни делови, така што само градите ѝ беа покриени со свила, остави магичен впечаток кај сите. Таа маестрално и самоуверено ја истакна својата завидна фигура за собраните фотографи. „Најзгодната Британка“, како што популарно ја нарекуваат, не сакаше да…
На социјалните мрежи почна да кружи видео од концерт на Северина, која во еден момент падна на сцената. За време на изведбата на песната, Северина скокаше и трчаше по сцената во штикли, а во еден момент се сопна и падна на глава. „Опа“, извика момчето што го сними падот на пејачката. Таа продолжи да лежи на грб со раширени раце некое време, а потоа стана и продолжи да пее. фото: принтскрин
Ако сте еден од оние кои искрено ја сакаат идејата за зеленило во својот дом, но секое растение на крајот пропаѓа, проблемот можеби не е во вас, туку во погрешниот избор. Кактусите и сукулентите често се сметаат за најбезбеден избор, но тие всушност бараат повеќе светлина и соодветна грижа отколку што мислите. За среќа, постојат голем број растенија кои се поотпорни, лесни за одржување и изгледаат уредно и декоративно. Што всушност значи „издржливо растение“? Издржливо растение не е она што можете да го заборавите со месеци, туку она што добро толерира помалку од идеални услови: послаба светлина, повремено прескокнување на…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека ги чекаат официјалните извештаи за локалните избори од Државната изборна комисија, по што Владата има рок од 15 дена да именува повереници и да ги информира ДИК и Собранието.„Потоа Собранието треба да закаже нови избори во рок од 60 дена. На повторените избори ќе нема цензус. Следната недела очекувам да седнеме со коалициските партнери во Владата и да ги предложиме имињата на владините повереници во тие општини“, рече Мицкоски.Во општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше во првиот круг од локалните избори не беше исполнет законскиот услов од 33,33 отсто излезност на гласачите.
