Автор: Редакција
Синоќа во преполна сала на Културниот центар на Белград, во срцето на градот, на улицата Кнез Михајлова, блеснаа со својата интерпретација нашите две реномирани пијанистки Ана Гацева и Татјана Џорлева.Во едночасовната програма за четирирачно пијано, професорките Гацева и Џорлева одржаа вистински час за висока професионалност и исклучително сугестивна интерпретација на дела од Ерик Сати, Едвард Григ и Антонин Дворжак, а долги аплаузи измамија со интерпретацијата на дело од македонскиот композитор Дамјан Темков, за што беа вратени на бис. Концертот го отвори директорот на нашиот КИЦ во Белград Васко Шутаров, а истиот е реализиран во партнерска соработка помеѓу нашиот КИЦ и…
Мала група демократи во Сенатот на САД синоќа гласаа заедно со републиканците за да одобрат мерка за финансирање за повторно отворање на федералната влада – без да го обезбедат барањето на нивната партија да гарантира продолжување на подобрените субвенции од Законот за прифатлива здравствена заштита, кои им помагаат на милиони Американци да си дозволат осигурување. Компромисот за финансирање сега ќе оди во Претставничкиот дом, каде што лидерите на Републиканската партија се надеваат дека би можел да помине уште во среда и да го заврши најдолгото блокирање на САД досега. Неодамна постигнатиот договор, кој се очекува да го потпише претседателот Доналд…
По официјалниот дел, Ќура на прес-конференција се заблагодари за поддршката и вети дека ќе биде градоначалник за сите граѓани на Струга без разлика дали го дале својот глас за него и оти веднаш ќе почне со реализација на ветеното. Повтори дека од денеска почнуваат промените во општина Струга, нагласувајќи дека веднаш потпишал предлог одлука за продажба на службениот автомобил aуди А 6 и оти својот приватен автомобил ќе го користи за службени потреби.„Денеска почнуваме од зборови на дела. Значи промените почнуват, мојот изборен и среќен број, 133 стои и на таблиците на мојот автомобил, кој од денеска ќе ѝ служи…
„Јас сум избран како в.д. градоначалник минатата година, во јули, согласно Законот за локална самоуправа, член 54 и потоа член 4 кој беше сменет во меѓувреме и кој вели дека имам мандат до избор на нов градоначалник“, вели Лимани и појаснува дека цврсто верува во правната држава и по правен пат ќе се спротивстави на владината намера да постави повереник во Гостивар.„Ќе поднесеме инцијатива до Уставен суд, дали е тоа уставно или не. Јас мислам дека на крајот на денот, граѓаните го кажаа своето на изборите на 19 октомври. По закон најдоцна за шеесетина дена треба да имаме повторени избори…
Дијана Хрка, мајката на Стефан, една од 16-те жртви на падот на надстрешницата на Железничката станица во Нови Сад, веќе деветти ден штрајкува со глад кај „Ќациленд“, a во изјава за „Н1“ кажа дека се чувствува малку изнемоштено. Како што објавува медиумот, утрово ја прегледал и лекар, а како што додава, ја очекуваат уште неколку прегледи. Хрка нагласи дека утрово кон нејзиниот шатор бил фрлен „топовски удар“ и порача дека нема да го прекине штрајкот со глад додека институциите не почнат да си ја вршат работата. „Само сакам да ја прашам полицијата, од каде на ‘ќаците’ топовски удар? Дали сакаат…
Познатиот американски тренер Лени Вилкинс почина на 89-годишна возраст, објави НБА. Тој беше примен во „Куќата на славните“ три пати, прво во 1989 година како легендарен плејмејкер и најдобар асистент во лигата, потоа во 1998 година како познат тренер и освојувач на титули со Сиетл Суперсоникс во 1879 година. Конечно, во 2010 година како член на тренерскиот штаб на Дрим тимот составен за Олимписките игри во Барселона во 1992 година, кој стана олимписки шампион.Тој играше како кошаркар за Сент Луис Хокс (сега Атланта) осум години, потоа помина четири во Сиетл, а потоа имаше кратки епизоди во Кливленд Кавалирс (до 1974…
Во Арената Загреб, покрај падот на сцената за време на нејзиниот настап, Северина направи и три беспрекорни ѕвезди во високи потпетици. Првиот од двата концерти беше комбинација од мали гафови и импресивни физички акробации, што на крајот ја остави публиката воодушевена. Потоа се пошегува за ситуацијата на Инстаграм, каде што објави видео од падот, но и снимка од нејзиното изведување на три ѕвезди во високи потпетици, што предизвика воодушевување кај нејзините обожаватели. View this post on Instagram A post shared by Severina (@severina) „Вечерва, се надевам, нема да има паѓање… Иако, не сакам да ве оставам без таа ‘сензационална’ сцена.…
По концертот во „Музикферајн“ во Виена, оркестарот на Македонската филхармонија се враќа на својата матична сцена, на која во четврток, со почеток во 20 часот ќе настапи заедно со македонскиот кларинетист Васко Дуковски и диригентот Марк Кадин од Украина.На програмата се суитата „Музички вечери“ од Бенџамин Бритн, Интродукција, Тема и варијации за кларинет и оркестар од Џоакино Росини и Симфонијата бр. 41 во Це-дур, К.551 – „Јупитер“ од В.А. Моцарт.Васко Дуковски е македонски кларинетист, композитор и педагог од исклучителен светски уметнички калибар. Настапува во големите концертни сали во светот, од Њујорк до Шангај. Како истакнат педагог, Дуковски моментално е Специјално…
Шефот на Би-Би-Си и главниот информативен директор на британската телевизија поднесоа оставки во неделата по критиките за начинот на кој организацијата го уредила говорот на американскиот претседател Доналд Трамп. Би-Би-Си соопшти дека генералниот директор Тим Дејви и извршната директорка за вести Дебора Тернес одлучиле да ја напуштат корпорацијата. Јавно финансираниот британски национален радиодифузер беше критикуван за уредување на говорот што Трамп го одржа на 6 јануари 2021 година, пред демонстрантите да го нападнат Капитол во Вашингтон. Критичарите рекоа дека начинот на кој говорот беше уреден за документарец на Би-Би-Си минатата година бил погрешен и отсекоа дел каде што Трамп рече…
„Овој јаз помеѓу надежта и реалноста, интересот и недовербата, европската идеја и домашните предизвици, ја формира основата на младинскиот евроскептицизам. Затоа е потребна итна партнерски координирана и долгорочна акција во земјите кандидати за членство во ЕУ, што ќе ги препознае младите како креатори, а не само како публика, ќе ги адресира економските и институционалните бариери, ќе ги поврзе младите луѓе со конкретни европски програми, содржини и платформи и ќе ја направи комуникацијата на ЕУ релевантна, двонасочна и транспарентна“, се наведува во публикацијата.Во неа се посочува дека мора да се има предвид дека младите луѓе во земјава не се пасивни набљудувачи,…
