Автор: Редакција
„Приказни од маргините“ е изложба што ги осветлува разновидните, занемарени простори на рабовите на општествената свест, преку интерактивни инсталации кои ја комбинираат визуелната и наративната форма.Таа го користи краткиот расказ како преносител на гласови од и кон маргината, како инструмент кој испраќа сведоштва од оние од другата страна на границите на видливоста. Со посредство на литературата која станува медиум за комуникација меѓу центарот и маргината, создава мрежа на присуства меѓу оној што може да зборува и оној што (најчесто) не се слуша.Изложбата претставува евокативни анимации кои ја доловуваат специфичноста на одредена локација и неговите жители. Секое дело функционира како подвижна…
Комисијата пред одржувањето на локалните избори констатираше дека 10 од пријавените 12 кандидати за претседател на ДКСК ги исполнуваат условите. То се Весна Доревска, Владимир Наумоски, Антонио Санев, Бранко Смилевски, Валентина Тодоровска, Ненад Трифуновски, Благица Трошанска, Кимо Чавдар, Адем Чучуљ и Феузи Џафери. Како што е предвидено интервјуата ќе се одвиваат денеска и утре.Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на 13 август формираше Комисијата за селекција на кандидати за претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), која согласно законот е составена од седум членови – Илбер Руфати, заменик Народен правобранител, Дарко Аврамовски, претставник на здружение односно…
Прашан можно ли е Беким Сали да биде нов ресорен министер, на пример, за европски прашања, на местото на Орхан Муртезани, и од таа позиција евентуално да биде вицепремиер, или можеби некој друг од министрите на Вреди ќе биде вицепремиер, Алиу упатува на договорот за владината и внатрешната структура во Вреди и оти ресорот европски прашања ѝ припаѓа на Алтернатива.„Имајќи ги предвид поделебата на политичките позиции вматре во Вреди и договорот со ВМРО-ДПМНЕ за креирање на владата, ценам дека ќе се најде начин како таа да се реорганизира“, вели Алиу. Разговорите, дополнува тој, се во тек, за два-три дена, максимум…
Од денес, 17 ноември, па сè до 24 ноември во Скопје се одржуваат Деновите на медиумска писменост. Во нивни рамки се одржуваат конференции и работилници посветени на медиумската писменост, препознавањето на манипулациите со информации, справување со дезинформации и други теми од интерес за денешниот дигитален свет. На денешната Конференција за медиумска писменост ЕУ – Западен Балкан, која се одржа во хотелот Холидеј Ин во Скопјe, беше кажано дека со манипулациите со информации може да се справиме само преку зајакнување на колективната заштита, па токму поради тоа во овој контекст е и усвојувањето на Европскиот штит за демократија, пишува Порталб.мк. Конференцијата…
Специјален трибунал ја осуди соборената премиерка на Бангладеш, Шеик Хасина, на смрт по обвинение за злосторства против човештвото за нејзиното задушување на студентското востание минатата година, во кое загинаа стотици луѓе и се случи соборување на нејзиното 15-годишно владеење, пренесува Асошиејтед Прес. Меѓународниот трибунал за злосторства со седиште во Дака, исто така, го осуди поранешниот министер за внатрешни работи, Асадузаман Кан, на смрт за неговата вмешаност во употребата на смртоносна сила против демонстрантите. И Хасина и Кан избегаа во Индија минатата година и беа осудени во отсуство. Трет осомничен, поранешен началник на полицијата, беше осуден на пет години затвор откако…
Толку млада, а веќе глобален хит, прекрасната актерка Мили Боби Браун (21) не престанува да го краде вниманието на целиот свет со своите модни изданија. На едно од нејзините последни појавувања на црвениот тепих, таа подготви незаборавен стајлинг, а сега се потруди да создаде возбуда и на социјалните мрежи. Millie Bobby Brown is getting into the Christmas spirit with her new clothing line and a festive “Elf on the Shelf” look pic.twitter.com/xg4F7iGJnp — FearBuck (@FearedBuck) November 14, 2025 Мили беше фотографирана за празничната колекција на брендот за облека Florence by Mills Fashion, кој е во нејзина сопственост, а една посебна…
Италијанската фудбалска репрезентација доживеа тежок удар на „Сан Сиро“, каде што во беше поразена од Норвешка со 1:4 во квалификациите за Светското првенство.И покрај водството на полувреме, Италијанците се распаднаа во продолжението и го запишаа првиот пораз под водство на селекторот Џенаро Гатузо. Норвешка така го потврди првото место, додека Италија ќе игра дополнителни квалификации за Мундијалот.Кога Гатузо пристигна на прес-конференцијата, првото прашање беше зошто Норвешка во второто полувреме изгледаше како да се движи двојно побрзо.„Не мислам дека проблемот беше физички, затоа што веднаш по паузата, во рок од 30 секунди, им дозволивме да дојдат до шанса, потоа се повлековме…
Израелските податоци покажуваат дека најмалку 98 Палестинци починале во притвор од октомври 2023 година, а реалниот број е веројатно значително поголем бидејќи стотици луѓе притворени во Газа се водат како исчезнати, соопшти група за човекови права со седиште во Израел, пренесува Гардијан. Лекари за човекови права – Израел (PHRI) ги следеа смртните случаи од причини како физичко насилство, медицинско занемарување и неухранетост за нов извештај, користејќи барања за слобода на информации, форензички извештаи и интервјуа со адвокати, активисти, роднини и сведоци. Израелските власти обезбедија сеопфатни податоци само за првите осум месеци од војната. Во овој период, официјалните бројки покажуваат невидена…
Во понеделник, 17 ноември, во Филхармонија ќе се одржи големиот концерт посветен на еден од најзначајните музички автори на овие простори, Влада Дивљан. На сцената, како специјални гости ќе се придружат Кирил Џајковски – пионер на електронската музика и уметник чиј препознатлив звук одамна ги надмина локалните рамки – и Констракта, артистката што внесе свежа уметничка перспектива на регионална сцена со уникатен пристап, интелигентен хумор и современа естетика. Концертот, насловен „Само една љубов имам“, го подготви групата „Невладина Организација“ по повод десетгодишнината од смртта на Влада. Нивната турнеја со овој концерт симболично започна во Виена, со фантастична премиера во градот…
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја завршува исцрпувачката сезона на четвртото место на АТП листата со 4.830 поени, иако некои други тенисери имаа одлична можност да го „прескокнат“ на Завршниот Мастерс во Торино. Ноле се откажа од овој турнир во последен момент и со тоа ја „скрати“ својата сезона, но и покрај тоа е четврти овој понеделник.Во исто време, Новак Ѓоковиќ влезе во уште еден рекорд во својата ризница на рекорди, станувајќи тенисер со најмногу недели поминати меѓу најдобрите „четворки“ на АТП листата.Ѓоковиќ поминал дури 808 недели од својата кариера. Не треба да заборавиме дека мнозинството се најдоа на првото место…
