Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото) Пет безвременски трендови од улиците на Копенхаген: променете го својот стил на најдобар можен начин

    07/10/2026

    ЦУК: 33 пожари на отворен простор во изминатото деноноќие

    07/10/2026

    (Фото) Најновата трендовска фризура за есента: одговара на секој облик на лице и е едноставно совршена

    07/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Алиу: Извештајот не е конечен, затоа не ги објавуваме имињата на болниците и лекарите кои непотребно правеле операции на срце
    Македонија

    Алиу: Извештајот не е конечен, затоа не ги објавуваме имињата на болниците и лекарите кои непотребно правеле операции на срце

    18/11/20254 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Прашан можно ли е Беким Сали да биде нов ресорен министер, на пример, за европски прашања, на местото на Орхан Муртезани, и од таа позиција евентуално да биде вицепремиер, или можеби некој друг од министрите на Вреди ќе биде вицепремиер, Алиу упатува на договорот за владината и внатрешната структура во Вреди и оти ресорот европски прашања ѝ припаѓа на Алтернатива.

    „Имајќи ги предвид поделебата на политичките позиции вматре во Вреди и договорот со ВМРО-ДПМНЕ за креирање на владата, ценам дека ќе се најде начин како таа да се реорганизира“, вели Алиу. Разговорите, дополнува тој, се во тек,  за два-три дена, максимум четири, ќе имаме резултати и ќе видиме која структура на новата цорганизација ќе ја имаме.

    Алиу потврдува и дека Недим Рама или Мухамед Хоџа можат да бидат нови министри, како кадар од структурата на Изет Меџити.

    „Да, се споменуваат и двајцата. Сепак, не би било добро јас да давам такви информации, коишто верувам дека сè уште не се конечни како имиња. Да не прејудицираме, вели Алиу одговарајќи потврдно дека едно од двете имиња ќе биде министер за животна средина.

    Тој лично очекува да ја задржи неговата позиција во Владата, но не ја отфрла можноста да предводи и трет ресор во иднина, со оглед на тоа што претходно беше министер за информатичко општество и администрација.

    Во однос на предвремени парламентарни избори, Алиу оценува дека зависи од кој аспект се гледа на прашањето – од политички или државнички.

    „Политички гледано тоа сега е идеално да се направи, поради тоа што и Вреди и ВМРО-ДПМНЕ се победници на овие локални избори, но државнички гледано, тоа мислам дека не е во ред, заради динамиката на работата што ја имаме во сите институции. На пример во Министерството за здравство во тек ни е проектот од 205 милиони евра за инфраструктурни инвестиции во здравството, во Кичево, во Тетово и во Штип. Ако има избори тие процеси би се одлагале минимум за шест месеци, а притоа плус три-четири месеци додека, нели, креирате нова политичка агенда, додека креирате акциски планови на ниво на министерство. Државнички гледано освен економскиот момент, трошоци, мислам дека и тој момент на реализација на програмата би било залудно да имаме предвремени избори“, додаде Алиу.

    На прашањето дали би било прифатливо како аргумент одржување на парламентарни избори за потоа да се влезе во уставни измени, Алиу посочува – „ако се работи за процеси кои што придонесуваат кон државата, дали се тие економски или политички – дефинитивно, да“.

    За имињата на болниците и лекарите кои непотребно упатувале пациенти на операции и направиле непотребни интервенции кај лица со кардиоваскуларни дијагнози, Алиу вели дека ќе бидат објавени кога извештајот на комисијата ќе стане конечен.

    „Објавувањето ќе следи по завршувањето на втората фаза од процесот, кога во комисијата ќе се вклучат и тројца меѓународни експерти. Извештајот е сè уште во  драфт-верзија. Можеби надворешните експерти ќе кажат дека наодот е различен, затоа ќе треба уште еднаш да се анализира заедно со надворешната експертска комисија“, изјави Алиу.

    Тој најави дека конечниот извештај ќе биде јавно достапен на веб-страницата на Министерството по ревизијата на меѓународните експерти.

    Министерството, по добивањето на конечниот документ, ќе подготви акциски план за зајакнување на системските механизми и спречување на слични случаи во иднина.

    Алиу предупреди дека јавноста не смее да ја загуби довербата во кардиохируршките и васкуларните услуги и најави целосна транспарентност.

    „Затоа сакаме тотално да бидеме транспарентни со крајниот извештај. Јас од почеток реков дека тој краен извештај нема само да биде лист хартија којшто ќе дава информации за оваа група пациенти што биле скенирани од страна на експертите, туку ќе ни биде патоказ за да креираме или евентуално да менуваме закони. Ние во моментот менуваме 12 закони, плус два закона креираме бидејќи се непостоечки, а ни требаат заради дигитална трансформација на здравствениот систем. Верувајте дека по конечниот извештај и анализите од тој извештај, тие параграфи од таму ќе бидат за нас акциски план. И ние тогаш ќе излеземе со акциски план и со конечниот извештај за да може здравствениот систем веќе да биде робусен од ваков тип на процеси“, изјави министерот за здравство Алиу. 

    Поврзани вести

    ЦУК: 33 пожари на отворен простор во изминатото деноноќие

    07/10/2026

    Кривична пријава за фалсификување возачки дозволи против една вработена во МВР и пет други лица

    06/10/2026

    Стопанската Комора ќе побара ревидирање на бројот на неработни денови заради празници

    05/10/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото) Пет безвременски трендови од улиците на Копенхаген: променете го својот стил на најдобар можен начин

    07/10/2026

    ЦУК: 33 пожари на отворен простор во изминатото деноноќие

    07/10/2026

    (Фото) Најновата трендовска фризура за есента: одговара на секој облик на лице и е едноставно совршена

    07/10/2026

    Парламентот на Косово ја избра Јустина Широка Пула за претседател

    07/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Димитриевски: Интересот на Филипче е ограничен само на неговата партиска фотелја

    Петр Мацинка, шефот на чешката дипломатија, во официјална посета на Македонија

    (Фото) Кралицата на латексот повторно се „стегна“ во фустан и го покажа своето совршено тело

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.