Автор: Редакција
Заборавете на часовите поминати во кујната. Ако некогаш сте сакале да го засладите денот без никакви маки, овој брз рецепт за најбрзата торта на светот е идеален – готова за само 5 минути, без печење, без неред во кујната и без чекање. На прв поглед, оваа торта плени со својот изглед – сочна, луксузна и совршена за фотографирање. Но, она што навистина ќе ве воодушеви е фактот дека се подготвува побрзо отколку што можете да направите кафе. Без печење, без комплицирани чекори, без неред во кујната – само неколку состојки, една чинија и пет минути од вашето време. Да, добро…
Од 13 до 18 ноември Кинотеката на Македонија ги отвори својот простор и платно за уште еден исклучителен циклус на јапонски филм, нудејќи уникатно патување низ повеќе декади на јапонската кинематографија. Циклусот на јапонски филмови е еден од најзначајните филмски настани во годината, кој носи ретка можност за македонската публика да се запознае со длабочината, комплексноста и уникатната естетика на јапонската кинематографија. Овој циклус нуди не само визуелно задоволство, туку и увид во културните, историските и социјалните промени што го обликуваат јапонското општество.Програмата се состои од разновидни филмови кои опфаќаат жанровска разноликост – од драмски филмови до анимирани дела, претставувајќи…
Нема зборови со кои може да се опише кошаркарско чудо, а пред сè чудо на природата како Виктор Вембањама. Од натпревар во натпревар, тој прави нешто ново, што ги тера сите љубители на кошарката да останат без зборови бидејќи Французинот едноставно прави работи што ги тераат да се сопнат. Во Чикаго, тој повторно беше незапирлив, бидејќи Сан Антонио Спарс победија против Булс – 121:117.Центарот на тимот од Тексас го заврши натпреварот со 36 поени (5/10 за двојки, 6/9 за тројки, 10/10 слободни фрлања). Тој исто така имаше 11 скока, пет асистенции, една украдена топка и пет блокади. Тој постигна 18…
Младата актерка Мили Боби Браун (21) се појавува во сè посмели модни изданија за време на премиерата на серијата „Stranger Things“. На последната проекција во Лос Анџелес, оваа убавица воодушеви со проѕирен фустан. Мили позираше во драматичен црн мрежест фустан со многу длабоко деколте и имаше голема кадифена машна околу половината. Фустанот е од модната куќа Bronx and Banco, а Мили сè зачини со едноставни обетки и минимална шминка. Додека актерката самоуверено позираше за фотографите, нејзината изјава што ја даде за британското издание на Vogue сè уште се „вртеше“ кога остро им одговори на сите што коментираат туѓ изглед. „О…
Министерството за финансии информира дека земјава, преку органите за управување на средствата од ИПА/ИПАРД инструментот на Европската унија, донесе одлука за времен прекин на исплатите на средствата од ИПАРД програмата. Ваквата одлука следи по актуелните случувања во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. „За ваквата одлука истиот ден е известена Европската комисија и службите во Брисел, кои повратно известија и ја поздравија одлуката на националните структури. Целта е да се обезбеди уверување дека воспоставениот систем гарантира легалност и регуларност на плаќањата од ИПАРД, како и постоење на ефективни мерки за заштита од измами и корупција“, стои во соопштението на Министерството.…
Еден полицаец и тројца други се осомничени дека биле дел од банда која со месеци крадела кабли од подземни тунели во кругот на поранешна „Железара“ користејќи специфична опрема за т.н. „ниско ризични операции“, соопшти јавното обвинителство. Каблите, според обвинителството, биле сопственост на Електрани на Македонија (ЕСМ) и на Макстил. Четворицата, според Обвинителството, дејствувале координирано и од март до почетокот на мај годинава украле повеќе километри високоенергетски и среднонапонски кабли од објектот на „Полуконти – ИГМ“ и подземните тунели. Според обвинителството, штетата што ја извршиле изнесува околу 440.000 евра. Според доказите, сторителите најпрво со апарат проверувале дали каблите се под напон,…
Синоќа во преполна сала на Културниот центар на Белград, во срцето на градот, на улицата Кнез Михајлова, блеснаа со својата интерпретација нашите две реномирани пијанистки Ана Гацева и Татјана Џорлева.Во едночасовната програма за четирирачно пијано, професорките Гацева и Џорлева одржаа вистински час за висока професионалност и исклучително сугестивна интерпретација на дела од Ерик Сати, Едвард Григ и Антонин Дворжак, а долги аплаузи измамија со интерпретацијата на дело од македонскиот композитор Дамјан Темков, за што беа вратени на бис. Концертот го отвори директорот на нашиот КИЦ во Белград Васко Шутаров, а истиот е реализиран во партнерска соработка помеѓу нашиот КИЦ и…
Мала група демократи во Сенатот на САД синоќа гласаа заедно со републиканците за да одобрат мерка за финансирање за повторно отворање на федералната влада – без да го обезбедат барањето на нивната партија да гарантира продолжување на подобрените субвенции од Законот за прифатлива здравствена заштита, кои им помагаат на милиони Американци да си дозволат осигурување. Компромисот за финансирање сега ќе оди во Претставничкиот дом, каде што лидерите на Републиканската партија се надеваат дека би можел да помине уште во среда и да го заврши најдолгото блокирање на САД досега. Неодамна постигнатиот договор, кој се очекува да го потпише претседателот Доналд…
По официјалниот дел, Ќура на прес-конференција се заблагодари за поддршката и вети дека ќе биде градоначалник за сите граѓани на Струга без разлика дали го дале својот глас за него и оти веднаш ќе почне со реализација на ветеното. Повтори дека од денеска почнуваат промените во општина Струга, нагласувајќи дека веднаш потпишал предлог одлука за продажба на службениот автомобил aуди А 6 и оти својот приватен автомобил ќе го користи за службени потреби.„Денеска почнуваме од зборови на дела. Значи промените почнуват, мојот изборен и среќен број, 133 стои и на таблиците на мојот автомобил, кој од денеска ќе ѝ служи…
„Јас сум избран како в.д. градоначалник минатата година, во јули, согласно Законот за локална самоуправа, член 54 и потоа член 4 кој беше сменет во меѓувреме и кој вели дека имам мандат до избор на нов градоначалник“, вели Лимани и појаснува дека цврсто верува во правната држава и по правен пат ќе се спротивстави на владината намера да постави повереник во Гостивар.„Ќе поднесеме инцијатива до Уставен суд, дали е тоа уставно или не. Јас мислам дека на крајот на денот, граѓаните го кажаа своето на изборите на 19 октомври. По закон најдоцна за шеесетина дена треба да имаме повторени избори…
