Автор: Редакција

Европските лидери ќе учествуваат на заеднички повик со украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп во сабота, како дел од засилените напори за постигнување мировен договор, пред Зеленски во недела да отпатува за Флорида, објави британски Гардијан. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ќе се приклучи на повикот во сабота, изјави портпарол на Комисијата за Ројтерс, во пресрет на патувањето на украинскиот претседател во Флорида, каде што во недела ќе се сретне со Трамп. Зеленски изјави дека средбата ќе се фокусира на некои од најчувствителните точки од мировните разговори. Клучните спорни прашања вклучуваат безбедносни гаранции за…

Read More

За присутните ова беше класичен акт на властите на цензура и притисок врз македонското малцинство.Обединетата македонска дијаспора (ОМД) остро ги осуди постапките на градоначалникот на Лерин (Флорина), Грција, и локалните општински власти. „Цензурирањето на уметничкото и културното изразување врз основа на јазикот претставува јасно кршење на основните човекови права и е во директна спротивност со обврските на Грција според Европската конвенција за човекови права и Меѓународниот пакт за граѓански и политички права. Слободата на изразување, културното учество и правото на јазичните малцинства да го користат својот јазик се основни принципи на европската рамка за човекови права, а не дискрециски привилегии…

Read More

Иванка Трамп, ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, важи за дама со стил и вкус. Секоја нејзина облека за јавни настани е паметно испланирана, поради што ретко ја гледаме во лежерни модни парчиња. Сепак, таа понекогаш „заборава“ на својата важна улога во општеството и се препушта на парчиња облека кои се синоним за удобност.   View this post on Instagram   A post shared by Ivanka Trump (@ivankatrump) Неодамна беше фотографирана во Аспен, Колорадо, каде што таа и нејзиното семејство уживаа во зимскиот одмор и божиќните празници. Фотографите ја фотографираа сред бел ден, а за таа пригода, наместо елегантни модни…

Read More

Ана Ивановиќ повеќе не е истата личност по разводот од Бастијан Швајнштајгер. Таа реши да сврти нов лист и да започне ново поглавје во својот живот кое се фокусира на децата, но и на личниот развој. Таа стана активна и на социјалните мрежи, особено на Инстаграм, и редовно објавува атрактивни фотографии. View this post on Instagram A post shared by Ana Ivanović (@anaivanovic) Во текот на летото имавме можност да ги видиме нејзините жешки изданија, а таа продолжи да објавува фотографии кои измамуваат воздишки и во зима. Неодамна „закачи“ фотографија од своето празнично издание на Инстаграм, а вниманието на јавноста…

Read More

Ова, додаде, не се само бројки и проекти на хартија, туку живи културни настани, обновени институции, заштитено наследство и отворени врати кон Европа и светот.„Го враќаме достоинството на културните работници, ја зајакнуваме инфраструктурата и ја позиционираме Македонија како релевантен културен и туристички актер на меѓународната сцена. Пред нас се уште поголеми предизвици, но и уште поголеми можности- Европска престолнина на културата 2028, нови закони, нови инвестиции и уште посилна меѓународна промоција. Остануваме отворени, отчетни и подготвени за дијалог, затоа што јавноста има право да знае, а културата заслужува сериозна, долгорочна и одговорна политика“, истакна министерот за култура и туризам.Според него,…

Read More

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира до политичката партија Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ), по повод нивната јавна објава на социјалните мрежи со наслов „Фрљо – последната линија на одбрана на ВМРО!“, во која, како што наведуваат од ЗНМ, на навредлив, омаловажувачки и деградирачки начин е таргетиран новинарот Бранко Героски. Од ЗНМ изразуваат сериозна загриженост дека ваквиот тип на комуникација од страна на политички партии е неприфатлив во едно демократско општество, бидејќи ја поткопува довербата во медиумите и создава атмосфера на стигматизација и притисок врз новинарската професија. „Посебно проблематично е тоа што ваквите објави доаѓаат од партии со значајно…

Read More

На 27 декември, сабота, со почеток во 20 часот, во Кинотеката ќе се одржи Вечер на новоприбрани архивски материјали, во која ќе бидат прикажани дел од филмовите набавени во 2025 година преку откуп на материјал или меѓу-архивска размена. Проекцијата на оние филмски материјали кои намаат звук ќе бидат прикажани со музичка придружба во живо на ИВЛ.Една од основните дејности на Кинотеката, поточно на Филмскиот архив (односно Одделението за прибирање, заштита, обработка и чување на филмови и филмски материјали) при оваа институцаја е токму прибирањето на филмови и филмски материјали кои се поврзани со Македонија. Кинотеката години наназад води истражување, идентификација,…

Read More

На 29 декември 2025 година, со почеток во 19:00 часот, во малата сала на Филхармонија ќе се одржи концертот „Виртуози на хорна“, последниот настан од петтото јубилејно издание на Скопски Брас Фестивал.Покрај домашниот хорнист Благоја Василевски, на концертот ќе настапат и реномирани музичари од регионот: Михајло Булајиќ, прва хорна во Лондонски симфониски оркестар и Оркестарот на РТВ Словенија, Никола Чириќ, прва хорна во Белградска филхармонија, Илир Кодима, прва хорна во Косовска филхармонија и професор на Факултетот за музичка уметност во Тирана, како и Милан Роксандиќ од Театарот во Нови Сад.Настанот претставува пример за меѓународна соработка и културна размена, со фокус…

Read More

Папата Лав ги осуди условите за Палестинците во Газа во својата божиќна проповед во четвртокот, во невообичаено директен апел за време на она што вообичаено е свечена, духовна служба на денот кога христијаните низ целиот свет го слават раѓањето на Исус. Лав, првиот американски папа, рече дека приказната за раѓањето на Исус во штала покажува дека Бог го поставил својот кревок шатор меѓу луѓето во светот. „Како тогаш да не помислиме на шаторите во Газа, изложени со недели на дожд, ветер и студ?“, праша тој. Лав, кој го слави својот прв Божиќ откако беше избран во мај од светските кардинали…

Read More

Ерлинг Халанд веќе долго се поврзува со Реал Мадрид, но се чини дека од тој трансфер нема да има ништо, барем не под сегашните услови. Претседателот на Реал, Флорентино Перез, смета дека откупната клаузула од 250 милиони евра за норвешкиот напаѓач е претерана, дури и доколку тие пари би се обезбедиле со продажба на Винисиус Жуниор, пренесуваат шпанските медиуми.Наводно, првиот човек на Реал смета дека Норвежанецот, иако е „врвен центарфор“, не е „светска ѕвезда“ во полна смисла на зборот. Перез верува дека Халанд е играч кому му се потребни топки за да постигнува голови, но без дополнителниот квалитет што го…

Read More