Автор: Редакција

В петок ќе се одржи промоцијата на втората збирка раскази на Стефан Алијевиќ, „Наназад“ во издание на издавачката куќа Илика. Настанот ќе започне во 20:00 часот, во КСП Центар-Јадро, а промоторки на книгата ќе бидат Румена Бужаровска и Јана Медиќ. По промоцијата, организаторите покануваат на афтер-промо забава во кафе-бар „Љубов“ со DJ Ginger.Прозата на Алијевиќ се поигрува со границите на автофиктивното и фиктивното писмо. Се движи низ состојбите на сонот и реалноста, сеќавањето и заборавот, интимното и политичкото. Неговите раскази се повеќеслојни, хибридни и во жанровска и во значенска смисла, и можат да се разгледуваат низ повеќе призми, меѓу нив…

Read More

На средбата се разговараше за повеќе теми, имајќи го предвид заедничкиот интерес на двете земји за натамошно унапредување и продлабочување на економската соработка, поттикнување на заеднички инвестициони проекти, како и за заеднички настап на трети пазари, во пресрет на македонско-српскиот бизнис форум кој ќе се одржи во Скопје, на 3 декември.„Бидејќи наша заедничка цел е интензивирање на економската соработка и зголемување на надворешнотрговската размена, денеска остварив мошне конструктивен состанок со потпретседателката на Владата на Р Србија, Адријана Месаровиќ. Бројките веќе покажуваат дека оваа година, и покрај сите предизвици, економската размена ќе биде поголема од минатата, имајќи предвид дека за првите…

Read More

Членовите на ДИК го донесоа и дополнувањето на заклучокот за конечност на резултати од гласањето на вториот круг за избор на градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје и заклучокот за завршување на локалните избори 2025 за избор на членови на советите на општините, Совет на Град Скопје и градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје.Претседателот на ДИК, Борис Кондарко истакна дека денеска е рокот кога ги објавуваат конечните резултати и заклучокот за завршување на изборите, откако вчера ги добиле официјално и одлуките на Управниот суд со кои се одбиени сите тужби, односно со кои се потврдени одлуките…

Read More

МКЦ го најавува новото, 50-то издание на Млад отворен театар – МОТ од 19 до 25 ноември. Со внимателно селектирани претстави, концерти и изложба, МОТ оваа година го насочува своето внимание кон македонските автори кои успешно создаваат надвор од границите на државата и во низа половина век постојано отвораат на нови сценски хоризонти.Под насловот „Нашите во светот“, јубилејното издание ја слави интернационалната видливост на македонската театарска мисла и ја истакнува вредноста на уметниците кои потекнуваат од нашата културна средина, а се етаблирале во европски и регионални театри.„МОТ во 2025 година ќе ги донесе на домашна сцена нивните најнови претстави, создадени…

Read More

Од 15 ноември до 15 март идната година возилата што учествуваат во јавен сообраќај задолжително мора да поседуваат пропишана зимска опрема, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Оваа законска обврска, која е согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, е воведена со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот во зимски услови. МВР апелира до возачите да се придржуваат до правилата. Согласно Правилникот за задолжителна опрема, прописите се разликуваат во зависност од тежината и типот на возилото – за возила до 3 500 килограми и за возила со погон на четири тркала. Возилата до 3…

Read More

Иако Дубаи се перцепира како модерен и релативно либерален град, сепак постојат строги правила што локалното население и туристите мора да ги почитуваат ако сакаат да избегнат високи казни, па дури и затвор. Додека некои правила, како што се забраната за пиење алкохол на јавни места или барањето за скромно облекување, се добро познати на повеќето, постојат и такви за кои многу помалку се зборува. Тиктокерката Тетјана Скорина неодамна истакна пет такви помалку познати забрани што би можеле скапо да ве чинат. Преминување на улица и фотографирање без дозвола Тетијана, која објавува на „Тикток“ под корисничкото име @tetianaskoryna, предупреди дека…

Read More

Раководството на Лион во изминатите неколку недели интензивно преговараше со Реал Мадрид за да го потпише Ендрик на позајмица во јануари, без опција да го откупи.Уморен од тоа што е на клупата на Реал Мадрид, 19-годишникот, кој привлече интерес од повеќе клубови, сака да се врати во редовните натпревари и да си даде најдобра можна шанса за учество на Светското првенство во 2026 година.За Ендрик, Лион е главен приоритет во моментов бидејќи беше единствениот клуб кој беше подготвен да му гарантира почетна позиција како број 9 и шанса да игра во европско натпреварување (Лигата Европа). Покрај тоа, неговите разговори со…

Read More

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека имал „обврска“ да ги тужи Би-Би-Си поради начинот на кој дел од неговиот говор бил монтиран во документарецот за Панорама, пренесува Би-Би-Си. Во разговор за Фокс њуз, тој рече дека неговиот говор од 6 јануари 2021 година бил „изопачен“ и дека начинот на кој бил презентиран ги „измамил“ гледачите. Ова е прв пат Трамп јавно да зборува за ова прашање откако неговите адвокати им пишале на Би-Би-Си и кажале дека ќе добијат тужба од за 1 милијарда долари отштета освен ако корпорацијата не издаде повлекување, не се извини и не го обештети. Претседателот на…

Read More

Друштвото на писателите на Македонија со длабока тага информира дека денеска, на 12.11.2025 година, почина поетесата Славица Свидерска (1984, Битола). Доктор на филолошки науки, лекторка по македонски јазик на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Факултетот за странски јазици во Тирана.Зад себе остави богато поетско, есеистичко и научно творештво од областа на теорија на книжевноста. Членка е на Друштвото на писателите на Македонија. Преведувана е на десетина јазици и добитничка е на повеќе поетски награди во земјава и во странство.Авторка е на поетските книги „Бесконечност“ (2001), „Писма“ (2012), „Политики на љубовта“ (2015), „Тела“ (2016), „Политики на стравот“ (2021),…

Read More

Ким Кардашијан и нејзината мајка Крис Џенер предизвикаа низа прашања откако мистериозно ги отстранија фотографиите од нив со принцот Хари и Меган Маркл од нивните профили на Инстаграм. Контроверзните фотографии се направени на раскошната забава по повод 70-тиот роденден на Крис Џенер за време на викендот, според Пејџ Сикс. Крис Џенер првично објави серија фотографии од нејзината забава полна со ѕвезди, вклучувајќи ја и една на која позира со војводата и војвотката од Сасекс, но таа фотографија сега исчезна. Нејзината ќерка Ким го следеше примерот, споделувајќи фотографија од себе како се смее со Маркл, но и таа објава подоцна беше…

Read More