Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Љубов, пари и неочекувани средби: Големи изненадувања во саботниот хороскоп

    07/11/2026

    (Фото) Дуа Липа за малку ќе покажеше премногу во креација со отвори

    06/11/2026

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»МВР: Од 15 ноември потребно е задолжително поседување зимска опрема во возилата
    Македонија

    МВР: Од 15 ноември потребно е задолжително поседување зимска опрема во возилата

    12/11/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Од 15 ноември до 15 март идната година возилата што учествуваат во јавен сообраќај задолжително мора да поседуваат пропишана зимска опрема, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

    Оваа законска обврска, која е согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, е воведена со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот во зимски услови. МВР апелира до возачите да се придржуваат до правилата.

    Согласно Правилникот за задолжителна опрема, прописите се разликуваат во зависност од тежината и типот на возилото – за возила до 3 500 килограми и за возила со погон на четири тркала.

    Возилата до 3 500 килограми треба да имаат зимски пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на шарите од четири милиметри или ако имаат летни пневматици со длабочина на шарите од најмалку четири милиметри во тој случај во возилото мора да има синџири за снег или други помагала.

    За возила со погон на четири тркала потребно е да имаат зимски пневматици со минимална длабочина на шарите од шест милиметри. Од МВР велат дека доколку овие возила користат летни пневматици, задолжителни се синџири за снег – најмалку за задната осовина, или за постојано вклучената оска кај преклоплив погон.

    За возила што надминуваат 3 500 килограми односно автобуси и товарни возила треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите од шест милиметри, а доколку користат летни пневматици, задолжителни се синџири за снег.

    Автобусите и товарните возила кои технички не можат да постават синџири мора да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат – лопата.

    Од МВР појаснуваат дека зимски пневматици се оние кои на бочната страна ја имаат ознаката „MS”, “M+S”, “M & S” и знакот на снегулка на стилизирана планина со три врва. Строго е забрането поставување на пневматици со клинци во патниот сообраќај.

    Поврзани вести

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026

    Поднесена тужба против МОН за непочитување на Законот за субвенциониран студентски оброк

    06/11/2026

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Љубов, пари и неочекувани средби: Големи изненадувања во саботниот хороскоп

    07/11/2026

    (Фото) Дуа Липа за малку ќе покажеше премногу во креација со отвори

    06/11/2026

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026

    Поднесена тужба против МОН за непочитување на Законот за субвенциониран студентски оброк

    06/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Шек и Баркли го гледаа Јокиќ: Тој го направи правилното, покажа дека не се шегува!

    Мишчевиќ: 2030 година не е ветување за проширување на ЕУ, туку поставена цел

    „Учиме екологија, другарство и емпатија низ филм и игра“: Работилница за деца во Јавна соба

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.