Автор: Редакција

Празнично расположение ја тресе Софија Вергара, а тоа можеме да го заклучиме врз основа на најновите комбинации на облека. Таа објави серија атрактивни фотографии на Инстаграм. Софија Вергара е активна на социјалните мрежи, каде што редовно објавува фотографии од деловни и приватни средини. Инстаграм ѝ служи за нејзина сопствена промоција, особено модни комбинации кои секогаш одземаат здив. Сега, по којзнае кој пат, таа објави серија атрактивни фотографии, но во духот на новогодишните и божиќните празници. Таа носеше кариран сет во црвена боја кој ја следи линијата на телото и ги нагласува нејзините прекрасни облини. Беше забележливо и пристојно деколте, кое…

Read More

Македонскиот КИЦ во Белград во своите простории на Македонска 30, на 26 декември 2025 година во 19 часот, организира музичка вечер посветена на Зафир Хаџиманов.Настанот ќе го отвори директорот на КИЦ Белград Васко Шутаров, со краток осврт за културата на сеќавање кон големиот бард на културата Зафир Хаџиманов, за огромното културно наследство кое го остави како на македонската, така и на српската култура.„Јас сонувам, јас творам, јас водам љубов на двата јазика”, знаеше често да каже Зафир, во неговите интервјуа за српските и македонските медиуми.Вечерта посветена на Зафир Хаџиманов, ќе започне со неколку одбрани музички инсерти и грст фотографии, меѓу…

Read More

Стоилковиќ објави снимка од канцеларија во неговото министерство, онака како што ја оставиле службениците кои во неа работеле, а пред два дена биле отпуштени. Тие се испратени да си спијат дома, вели министерот.„Ова е канцеларијата во Министерството за односи меѓу заедниците, инаку претворена во ова што го гледате, во која ‘работеа’ вчера отпуштените службеници кои, по некоја случајност се од ДУИ. По документирањето на состојбата истите се испратени да си спијат дома. Толку“, напиша вчера на својот фејсбук-профил Стоилковиќ. 

Read More

На 70 години си замина една од најголемите наши фудбалски легенди, почина Васил Рингов. Од Вардар информираат дека во недела во чест на легендата на македонскиот фудбал ќе се одржи комеморативнаа седница.„Фудбалскиот клуб Вардар во недела во 12.00 часот во Дијамантската сала на хотел Хилтон, ќе одржи комеморативна седница во чест на легендата на македонскиот фудбал Васил Рингов. ФК Вардар ги поканува сите љубители на фудбалот, навивачи на клубот, почитувачи на Васе Рингов да присуствуваат и да му одадат почит на една од најголемите фудбалски легенди на клубот и државата“. 

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски даде позитивна оценка за разговорот што го имал со американските претставници за тоа како да се стави крај на војната меѓу Русија и Украина. Зеленски рече дека телефонскиот разговор во четвртокот со Стив Виткоф и Џаред Кушнер, кој траел речиси еден час, донел нови идеи во однос на форматите, состаноците и времето за тоа како да се постигне вистински мир. Тој зборуваше еден ден откако даде детали за ажурираниот мировен план од 20 точки, договорен од американските и украинските претставници во Флорида. Зеленски рече дека побарал од Виткоф и Кушнер да им пренесат божиќни честитки на американскиот претседател…

Read More

Иако изгледа неверојатно, можно е да бидете во врска со маж кој ви ја покажува сета љубов и обожавање, само за еден ден да одлучи да се повлече. Ваквите одлуки обично не се импулсивни, пред да одлучат да ја прекинат врската, мажот длабоко го анализира секој аспект од врската, честопати без да се консултира со партнерката. Кога врската ќе достигне точка каде што мажот повеќе не чувствува иста поврзаност или сигурност, одлуката за нејзино прекинување може да биде неочекувана и за партнерката. Разбирањето на причините што доведуваат до таква ситуација може да помогне во спречувањето на проблеми и подобрување на…

Read More

Претседателот Доналд Трамп изјави дека наредил смртоносен напад врз терористите на Исламска држава во Нигерија, кои ги обвини за прогон на христијаните во земјата. Во објава на социјалните медиуми, Трамп рече дека наредил моќен и смртоносен напад врз терористички огранок на ИСИС во северозападна Нигерија, за која рече дека убивала невини христијани. Африканската команда на САД соопшти дека ги извршила нападите во државата Сокото, која се граничи со Нигер на север, во координација со нигериските власти. Првичната проценка на AFRICOM е дека повеќе терористи на ИСИС биле убиени во камповите на ИСИС, според соопштението за медиумите. Во друга изјава објавена до…

Read More

Дејан Николов, сопственик на авто-лимарски сервис лоциран веднаш до дискотеката „Пулс“ во Кочани, сведочеше за трагедијата на денешното судење во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје, каде што  продолжи судењето за трагедијата во која загинаа 6а3 лица, а над 200 беа повредени. Сите обвинети на почетокот од судењето изјавија дека не се чувствуваат виновни за трагедијата. Николов кобната вечер бил во „Пулс“. Тој пошол со своите другари во дискотеката, а таму веќе бил и неговиот син. „Влегов во дискотеката некаде пред 2 часот, нарачав две виски и две води, веднаш му платив на шанкерот и застанав со моите…

Read More

Муамет Хоџа денеска официјално ја презеде функцијата министер за животна средина и просторно планирање, со што стана одговорен за ресорот задолжен за заштита на животната средина, одржливиот развој и просторното планирање во државата. На својот прв работен ден, Хоџа одржа работна средба со заменик-министерката Ане Лашкоска и со раководниот тим на Министерството. Тој истакна дека негови приоритети ќе бидат доследно спроведување на законите, зајакнување на инспекцискиот надзор, како и транспарентна и отворена комуникација со јавноста. Министерот нагласи дека Министерството ќе работи на целосно усогласување со Европскиот зелен договор и обврските што произлегуваат од процесот на европска интеграција. Во таа насока,…

Read More

„Испраќање невистини од говорницата нема да ви донесе политички поени туку дополнително ќе одите во негативна насока што не е добро за вас. Се што кажавте е неточно и невистина. Чесно и доблесно ќе беше да се извините пред граѓаните и да кажете дека ние од ДУИ на владина седница донесовме одлука со која препорачавме да се избрише алатката Балансер и чесно и доблесно ќе беше да кажевте дека сите оние судии во Уставниот суд коишто ја донесоа таа одлука се уставни судии избрани од претходното владино мнозинство на СДСМ и ДУИ или се предлог на поранешниот претседател на државата,…

Read More