Автор: Редакција

„Штом молчеа тогаш, нека си молчат и денес, бидејќи токму тие пет, шест европски држави со молчењето веќе го направија преседанот во однос на селективната (не)примена на меѓународните облигации за членките на ОН. После ова искуство на хипокризија, денес Македонија во однос на апсењето на Мадуро има сосем навремена и правилна позиција, изразена преку министерот за надворешни работи Муцунски. Кратко и јасно, поддршка за администрацијата на нашите стратешки партнери од САД“, напиша Милошоски на неговиот официјален фејсбук профил.Тој вели дека светот влегува во нова геополитичка динамика и Македонија, како членка на ОН и на НАТО, легитимно и проактивно треба да…

Read More

Пишува: Зоран ЃоршоскиВо пресрет на стартот на подготовките на нашите клубови, секако и во пресрет на стартот на пролетниот дел од сезоната 2025/26, едно од главните прашања е дали Работнички ќе се спаси од најлошото, од срамно испаѓање во понизок ранг.Култниот клуб од Градски парк или Дебар Маало кој во изминатите 27 години престој во ПМФЛ важеше за еден од најголемите, освојувач на четири трофеи во првенството и четири во Купот, е пред бездна. Клубот кој еднаш играше во плеј – офот во ЛШ и двапати во плеј – офот во Лигата на Европа само чудо може да го спаси…

Read More

За денеска е закажана македонската премиера на документарниот филм „Приказната за Силјан“ од режисерката Тамара Котевска. Премиерата на македонскиот кандидат за Оскар ќе се одржи во Македонскиот народен театар од 20:30 часот.На премиерата пред домашната публика, најавено е присуство на целата филмска екипа која работеше на еден од најдобрите документарни филмови во македонската кинематографија.Доказ за тоа се наградите што ги пронижа филмот на меѓународните фестивали и откупувањето на филмот од страна на National Geographic. Филмот досега доби голем број значајни и релевантни награди и номинации на фестивалот во Венеција, NYDOC, IDA, Spirit, PGA Award, Eye Cinema Audience Award и други.„Приказната…

Read More

„Се работат проектите за стабилизирање на свлечиштата после тунелот кај Врбјани до Кичево, и кај Ботун. Таму  беа вицепремиерот и министер за транспорт и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта и снимија едно импресивно видео – првпат во Македонија се гради таков тип на објект и мислам дека ќе биде прекрасно за да се гледа“, изјави Мицкоски.Очекува, како што рече, „ да се држиме до датумите што ги дадовме“ и е оптимист дека или за 2 Август или за Денот на независноста, кога ќе се одбележат јубилејни 35 години, делницата од кичевски Извор до Охрид целосно да биде пуштена…

Read More

Трамп со прво јавно појавување откако САД започнаа напади врз Венецуела и го заробија претседателот Николас Мадуро. Американскиот претседател вели дека САД ќе „управуваат“ со Венецуела „додека се направи безбедна, правилна и разумна транзиција“, пренесува Би-Би-Си. Непосредно пред да почне да зборува, Трамп сподели фотографија за која рече дека е од Мадуро на бродот „УСС Иво Џима“ – на сликата се гледа со заврзани очи и големи слушалки – штитници за уши. Мадуро беше обвинет во Њујорк за обвиненија за дрога и оружје – американскиот државен обвинител вели дека ќе „се соочи со целиот гнев на американската правда на американска…

Read More

Светските лидери реагираа со шок на извештаите за доцна воена операција на САД против Венецуела, за која претседателот Доналд Трамп изјави дека резултирала со апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга, повикувајќи на почитување на меѓународното право, пренесува Политико. Нападот рано наутро врз воени и политички цели во Каракас предизвика изрази на загриженост од критичарите на Белата куќа, особено на западната хемисфера. Додека во текот на ноќта во Каракас беа пријавени експлозии, колумбискиот претседател Густаво Петро – истакнат критичар на Трамп – беше меѓу првите што го привлече вниманието кон нападите, велејќи на Икс дека Венецуела е бомбардирана…

Read More

Ниските температури кои го зафатија Полошкиот Регион во попладневните и вечерните часови вчера беа причина да замрзнат коловозите, па за кратко време во овој реон се случиле 19 сообраќајни незгоди, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во тетовскиот реон имало четири сообраќајки, од кои една верижна со учество на 10 возила, а во Гостиварско имало 15 сообраќајни незгоди. „Две сообраќајни незгоди се случија на автопатот Тетово-Гостивар, од кои една верижна со учество на 10 возила, една на локалниот пат Пирок-Боговиње и една на патот Тетово-село Требош. Регистрирана е уште една сообраќајна незгода, но за неа не било побарано…

Read More

Под магичната купола на Ал Васл Плаза во Експо Сити Дубаи, на 20 декември 2025 година, се одржа спектакуларното новогодишно празнично шоу „Carols by Candlelight“, еден од најочекуваните празнични културни настани во официјалната програма на Експо Сити. Концертите започнуваа во 18:30 часот, а во рамки на проектот беа реализирани десет изведби, кои на посетителите од сите возрасти им донесоа радост, топлина и празнична магија.Настанот се одвиваше на уникатната локација Ал Васл Плаза, каде публиката беше опкружена со импресивни 360-степени божиќни проекции, сценски ефекти и внимателно осмислена визуелна нарација. Мултимедијалниот спектакл беше збогатен со празнично пеење, танцови точки и живописни сценски појавувања, вклучувајќи и изненадувачки настапи на Дедо Мраз и Госпоѓа…

Read More

Претседателот Трамп изјави дека венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга биле „заробени и депоортирани од земјата“ рано наутро, потврдувајќи дека американските сили извршиле „голем напад“, бидејќи беа пријавени експлозии во Каракас и на други места. Војници од Делта Форс на американската армија, елитна единица на специјалните сили, ја спроведоа операцијата за заробување на Мадуро, изјавија официјални лица за Си-Би-Ес Њуз. Нападите следат по месеци на американско воено засилување во регионот, со носачот на авиони „УСС Џералд Р. Форд“ и бројни други воени бродови позиционирани во Карибите. Во последните недели САД запленија два танкери за нафта во близина на Венецуела,…

Read More

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ се враќа во Евролига. Во вториот дел од сезоната ќе го носи дресот на Баерн, откако побара раскин на договорот со Зенит.Димитријевиќ денеска треба да ги мине лекарските прегледи, а потоа и официјално да стави потпис на договорот со германскиот тим, предводен од Светислав Пешиќ.Дебито во дресот на новиот тим треба да го има седми јануари на домашниот терен против Басконија.

Read More