Автор: Редакција

Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ доби меѓународно признание во Кина, каде што беше одликуван со Почесна награда за Визуелна Имагинација во главната натпреварувачка селекција на Blue Planet Sci-Fi Film Festival.Наградата ја доделува Организацискиот комитет на фестивалот и претставува признание за исклучителниот визуелен концепт и иновативниот пристап во градењето на изгледот на филмот. Blue Planet Sci-Fi Film Festival е меѓународен фестивал специјализиран за научна фантастика, со фокус на нови визуелни јазици, авторски израз и технолошки иновации во филмот и анимацијата.Посебен придонес во визуелниот идентитет на филмот има арт директорот Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, еден од најпрепознатливите…

Read More

„Во моментов се откупени 23-24 милиони килограми тутун, а просечната цена е близу 420 денари, некаде околу седум евра, што е највисока до сега. Гледате нема протести, нема блокади, нема ништо, туку, напротив, задоволни се и тутунопроизводителите и откупувачите. Кога на тоа ќе се додаде и субвенцијата, тогаш доаѓаме до околу 500 денари по предаден килограм тутун. Тоа за мене е исклучително квалитетен род и би рекол исклучително квалитетен бизнис. На 24 милиони килограми, кога ќе ставиме 500 денари, добиваме околу 12 милијарди денари, околу 200 милиони евра ќе завршат кај тутунопроизводителите. И тоа е добро“, рече Мицкоски. Посочи дека…

Read More

Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ доби меѓународно признание во Кина, каде што беше одликуван со Почесна награда за визуелна имагинација во главната натпреварувачка селекција на Blue Planet Sci-Fi Film Festival. Наградата ја доделува Организацискиот комитет на фестивалот и претставува признание за исклучителниот визуелен концепт и иновативниот пристап во градењето на изгледот на филмот. Blue Planet Sci-Fi Film Festival е меѓународен фестивал специјализиран за научна фантастика, со фокус на нови визуелни јазици, авторски израз и технолошки иновации во филмот и анимацијата. Режисерот и сценарист на филмот, Гоце Цветановски вели дека посебен придонес во визуелниот идентитет на филмот има арт…

Read More

„Во јули 2024 година кога ја презедовме Владата и Министерството, системот за лиценцирање беше закочен. Со поддршка на премиерот, Владата, Собранието, го откочивме процесот. Денеска од тие повеќе од 1.900 луѓе кои беа на листата на чекање повеќе од три, четири години, од август 2025 година досега се лиценцирани повеќе од 900 вакви баратели“, рече Велковски.Продолжуваме со лиценцирање и издавање нови согласности за пополнување на бројот на вработувања во детските градинки, нагласи Велковски, кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на отворање на градинка во општина Сопиште.

Read More

Премиерот Христијан Мицкоски денеска апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро од страна на САД го спореди со ставовите на Европската Унија и НАТО во однос на Македонија и менувањето на името заради обезбедување услови за членство, како и менувањето на знамето заради членство во ОН и посочи дека ваков тип на преседани веќе се случувале во меѓународната пракса. Мицкоски го потврди ставот искажан од министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски дека земјава стои зад потегот на Доналд Трамп и САД за апсење на Мадуро, како стратешки партнер. „Ме загрижува громогласната тишина на европските земји во минатото кога меѓународното право се…

Read More

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, вели дека се надева на самит на лидери во САД до крајот на јануари за да разговараат за предлозите за тоа како да се стави крај на војната со Русија. Советниците за безбедност од главните сојузници на Украина се состанаа во Киев во саботата на разговори за планот посредуван од САД за ставање крај на војната, неколку дена откако Киев објави дека договорот е 90% готов. На состанокот се придружија претставници од 15 земји, вклучувајќи ги Велика Британија, Франција и Германија, како и претставници од НАТО и ЕУ. Специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, исто така,…

Read More

Тинејџери на возраст од само 14 и 15 години се меѓу загинатите во пожарот во бар на новогодишната ноќ, во кој загинаа 40 лица во Швајцарија, соопштија денеска полициските власти. Полицијата во Вале соопшти дека идентификувала уште 16 од загинатите во пожарот во Кран-Монтана, една од најлошите катастрофи во поновата швајцарска историја. Меѓу новоидентификуваните се 10 швајцарски државјани, двајца Италијанци, едно лице со италијанско-Емиратско државјанство, едно Романче, едно лице од Франција и едно од Турција. Најмладото лице идентификувано досега е 14-годишна Швајцарка, додека две 15-годишни Швајцарки се исто така меѓу загинатите. Десет од другите тела идентификувани во неделата беа тинејџери…

Read More

Грчките земјоделци од денеска повторно ќе ги блокираат граничните премини со Македонија, по неколку денови пауза заради новогодишните празници. Преминот Евзони ќе биде целосно затворен за влез и излез на сите видови возила во периодот од 17 до 21 часот по македонско време. Како што пишуваат грчките медиуми, претставници на земјоделците од цела Грција денеска напладне ќе се сретнат во Малгара, западно од Солун, за да одлучат за идниот тек на нивните протести поради одложените субвенции од Европската Унија и други поплаки. Се очекува претставници од повеќе од 50 групи за блокади на патиштата низ целата земја да учествуваат на…

Read More

Ханси Флик се обиде да остане објективен по тешката победа на Каталонците од 2-0 над Еспањол во нивниот прв натпревар во 2026 година. Главниот тренер зборуваше и за работите што му се допаѓаа и за работите што не му се допаѓаа, бидејќи успехот беше доведен во прашање до самиот крај.„Среќен сум со трите бода. Апсолутно. Има работи што треба да се променат, но сум задоволен од трите бода. Резервите ги покажаа своите вештини. Среќен сум за Гарсија, тој е еден од најдобрите голмани во светот. Не бев задоволен од првите 80 минути. Жоан направи многу одбрани.Еспањол одигра фантастичен натпревар. Беше…

Read More

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро утре ќе се појави првпат пред федерален суд на Менхетен во Њујорк, најавуваат официјални лица во САД. Мадуро, заедно со неговата сопруга е во притвор во затворски центар во Њујорк откако беше заробен за време на американски напад врз Венецуела во саботата. Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес, беа однесени од главниот град Каракас во Метрополитен притворен центар во Бруклин за да се соочат со обвиненија поврзани со трговија со дрога. Тој претходно негираше дека е водач на нарко-картел. Венецуела прогласи вонредна состојба и ја осуди „воената агресија“. Претседателот на САД, Доналд Трамп, пак, најави дека САД…

Read More