Автор: Редакција
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 37-годишен скопјанец за сообраќајна несреќа која се случи на 3 ноември 2025 година, во која животот го загуби велосипедистот Јорго Ќука. На обвинетиот му се става на товар дека на 03.11.2025 година, околу пладне, управувал автомобил „Фолксваген пасат“ по булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, но не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето. Пред крстосницата со улицата „Лазар Личеноски“, на пешачки премин не ја намалил брзината и возел 53 км/час, односно повеќе од дозволеното во населеното место. Не можел навремено…
По трагичната несреќа во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, по која беше активиран Европскиот механизам за цивилна заштита, македонските власти нудат поддршка во згрижувањето и лекувањето на повредените. Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска остварил телефонски разговор со швајцарскиот амбасадор во земјава, Кристоф Зомер. „Ја изразив подготвеноста на нашата држава да прифати повредени пациенти и да обезбеди соодветна медицинска поддршка во нашите здравствени установи,“ напиша Муцунски на Фејсбук. Тој вели дека доколку има потреба, ќе бидат испратени и македонски лекари, кои биле вклучени во лекувањето по трагедијата во Кочани. „Поддршката во вакви моменти е од суштинско значење. Целосно…
После два дена одмор, македонската ракометна репрезентација денеска продолжува со подготовките за претстојното Европско првенство кое од 15 јануари до 1. февруари ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка.Селекторот, Кирил Лазаров и неговите избраници во Скопје, поточно во салата Автокоманда ќе тренираат до седми јануари, по што ќе заминат за Швајцарија каде ќе бидат дел од „Yellow Cup“ на кој учество покрај домаќинот ќе земат репрезентациите на Бахреин и Украина.По завршување на овој меѓународен турнир, македонскат експедиција ќе замине за Хернинг, градот домаќин на нашата група, во која е Данска, мечот ќе се игра на 16. јануари, два дена…
Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ објави неколку фотографии на кои позира покрај елка и ја покажува модната комбинација што ја носеше за Нова Година. Таа е облечена во сребрен фустан со светки и сребрени сандали, а комбинацијата ја комплетираше со часовник и обетки. „2025… ти благодарам што си и најсилниот и најубавиот учител што некогаш можев да го побарам. Ти благодарам за лекциите, предизвиците и што ми покажа каде сè уште треба да растам. Влегувам во 2026 година со мир во срцето и голеа возбудува за сè што доаѓа. И низ сето тоа, засекогаш сум благодарна на моето семејство и…
Викторија Џонс, 34-годишната ќерка на славниот актер Томи Ли Џонс, беше пронајдена мртва во четврток, 1 јануари, во хотелска соба во Сан Франциско, објави People. Веста првпат ја објави TMZ, повикувајќи се на полициски извори. Противпожарната служба на Сан Франциско потврди дека добиле повик за итна медицинска интервенција во хотелот Сан Франциско Фермонт кратко пред 3 часот наутро по локално време на Нова Година. Полициската служба на Сан Франциско, исто така, потврди дека нивните полицајци отишле на местото на настанот каде што е пронајдено мртво возрасно женско лице. Иако идентитетот не е официјално објавен, полициски извор изјави за NBC Bay…
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека по трагичната несреќа во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана беше активиран европскиот механизам за цивилна заштита.Министерот Муцунски во телефонскиот разговор со амбаадорот Зомер изрази искрено и длабоко сочувство до семејствата на загинатите, како и до народот на Швајцарија, упатувајќи желби за брзо и успешно закрепнување на повредените. Муцунски изрази подготвеност, доколку има потреба, македонски лекари – специјалисти, кои беа директно вклучени во лекувањето на пациентите по трагедијата во Кочани, веднаш да заминат во Швајцарија и да се вклучат во процесот на лекување на повредените.Министерството за здравство соопшти дека ги разгледува…
Во изјава за медиумите дадена денеска во Кавадарци, премиерот рече дека статистичките податоци за нивото на сиромаштија и Џиниевиот коефициент ја оправдуваат политиката за линеарното зголемување на пензиите.„Во април, со мартовската пензија, ќе има линеарно зголемување на пензиите така што продолжуваме со таа политика. Последните статистички параметри коишто ги издаде Државниот завод за статистика за нивото на сиромаштија и Џиниевиот коефициент само дополнително ја оправдуваат политиката на Владата за линеарното зголемување на пензиите. Сакаме да го намалиме нивото на стапката на сиромаштија кај оваа група, а со тоа и да го намалиме Џини коефициентот којшто подразбира нееднаква распределба на доходите…
– Ќе разговараме со повеќе пратеници и пратенички групи за да се надмине овој проблем. Цениме дека треба да се надмине бидејќи е дел од Извештајот што го подготвува Европската комисија за напредокот на Македонија како држава. И доколку сите сакаме да се придвижиме напред, доколку сите имаме желба да ја видиме земјата како рамноправен дел во рамки на Европската унија, тогаш не гледам причина зошто едно такво решение да не поддржано и сето ова да не биде завршено, изјави денеска Мицкоски при посетата на Кавадарци.По заминувањето на досегашниот народен правобранител Насер Зибери во пензија, собраниската Комисија за прашања на…
„Посакувам да бидеме разбрани, да си ја оствариме природата желба, ако сме можеле историски културно да бидеме, не можеме да ја смениме географијата, може ја облагодариме, да размислуваме регионално и европски, да бидеме дел од Европа. Логично е дека ЕУ ќе биде Европа тогаш кога и оние кои се таму навистина одвнатре учат демократија и јас се надевам дека ќе направиме исчекор кон оваа природна дестинација“, рече претседателката во одговор на новинарско прашањ за нејзините очекувања за 2026 година и за нејзиното видување за најголемите политички предизвици.Смета дека она што е започнато во земјата како реформски процес треба да продолжи…
На прес-конференција утрово министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изјави дека новогодишната ноќ беше проследена со сериозни инциденти и зголемен број интервенции во здраствените установи. На Клиничкиот центар биле згрижени повеќе пациенти со тешки повреди, а најзагрижувачки е случајот со двегодишно дете кое се бори за живот. Според информациите кои ги соопшти министерот, детето било донесено со тешка повреда на главата, за која постои сомнеж дека е нанесена од огнено оружје. „Тешко телесно е повредено две годишно детенце кое е во животозагрозувачка состојба моменталн0. Повредата е настаната од метален фрагмент кој не можеме во моментот да го специфициме“, извести Тошковски,…
