Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Mицкоски на самитот „Конкордија“ во Њујорк: Во евроинтегративниот процес ние сме жртва на еден вид малтретирање

    22/09/2026

    Мицкоски се сретна со бизнис-претставници од воената индустрија на САД

    21/09/2026

    Кардиолозите предупредуваат: Оваа навика по стресен ден е лоша за срцето

    21/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Култура»Спектакуларно новогодишно шоу во Дубаи со оркестрации и аранжмани на Џијан Емин
    Култура

    Спектакуларно новогодишно шоу во Дубаи со оркестрации и аранжмани на Џијан Емин

    03/01/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Под магичната купола на Ал Васл Плаза во Експо Сити Дубаи, на 20 декември 2025 година, се одржа спектакуларното новогодишно празнично шоу „Carols by Candlelight“, еден од најочекуваните празнични културни настани во официјалната програма на Експо Сити. Концертите започнуваа во 18:30 часот, а во рамки на проектот беа реализирани десет изведби, кои на посетителите од сите возрасти им донесоа радост, топлина и празнична магија.

    Настанот се одвиваше на уникатната локација Ал Васл Плаза, каде публиката беше опкружена со импресивни 360-степени божиќни проекции, сценски ефекти и внимателно осмислена визуелна нарација. Мултимедијалниот спектакл беше збогатен со празнично пеење, танцови точки и живописни сценски појавувања, вклучувајќи и изненадувачки настапи на Дедо Мраз и Госпоѓа Клаус, што дополнително ја засили празничната атмосфера, особено кај најмладите посетители.

    На сцената настапи Симфонискиот оркестар Фирдаус од Дубаи, под диригентската палка на Харут Фазлиан, заедно со вокални солисти, училишни и детски хорови, танчерска група и ансамбл од музичари, кои заеднички создадоа впечатливо концертно искуство со интерпретации на познати празнични и новогодишни композиции.

    Аранжманите и оркестрациите за концертот ги потпишува македонскиот композитор и аранжер Џијан Емин, чиј авторски пристап ѝ даде нова звучна димензија и симфониска длабочина на традиционалната празнична музика.

    „Оваа соработка со Експо Сити Дубаи не е прва. Пред две години работев на истиот проект, кој тогаш беше снимен со оркестар составен од македонски музичари. Оваа година, целиот настан се одвиваше во живо, со голем симфониски оркестар. Ова е уште еден плод на долгогодишната соработка со продуцентот Мет Феди, кој живее и работи во Дубаи“, изјави Емин.

    Продуцентот Мет Феди, пред преселбата во Дубаи, има богато меѓународно искуство и работел со музички имиња од светски калибар како Ени Ленокс, Стинг, Суперграс, како и со бројни други интернационално реномирани артисти, што на проектот „Carols by Candlelight“ му дава дополнителна уметничка и продукциска тежина.

    Со ова трето по ред издание на „Carols by Candlelight“, Експо Сити Дубаи ја потврди својата позиција како водечка платформа за врвни културни и мултимедијални настани, а учеството и креативниот придонес на Џијан Емин претставуваат значаен меѓународен успех и афирмација на македонската музичка сцена на светската културна мапа.

    Поврзани вести

    Љутков-Раев: Во наредниот период треба да се пристапи кон реализација на конкретни проекти и активности кои ќе придонесат за унапредување на културната размена

    10/07/2026

    На 12 јули започнува 66. „Охридско лето“

    10/07/2026

    Изложба на Роберт Цветковски и Архикс Студио во КИЦ Белград

    10/07/2026
    АКТУЕЛНО

    Mицкоски на самитот „Конкордија“ во Њујорк: Во евроинтегративниот процес ние сме жртва на еден вид малтретирање

    22/09/2026

    Мицкоски се сретна со бизнис-претставници од воената индустрија на САД

    21/09/2026

    Кардиолозите предупредуваат: Оваа навика по стресен ден е лоша за срцето

    21/09/2026

    Дизелот од полноќ поскапува за 5,5 денари, бензините поевтинуваат за 1,5 денар

    21/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    (Фото) Не може да ги контролира страстите покрај 19 години помладата девојка: холивудскиот заводник никогаш не бил посреќен

    Разговори за регионална соработка на Милошоски на самит во Шведска

    САД и Иран започнаа мировни разговори во Пакистан, Техеран постави услови

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.