Автор: Редакција
Денес точно во 9.30 часот започнува едно од најголемите судење во Македонија. Се работи за судскиот процес за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, трагедија што на 16 март 2025 година однесе 63 животи и повреди повеќе од 200 лица. Судењето ќе се одвива во новата судница во близина на затворот „Идризово“. Денес целата судница е под засилени безбедносни протоколи. На судењето ќе се присутни семејствата на жртвите кои ќе ја слушнат вистината која ја чекаат девет месеци, при што правосудниот систем е исправен пред најтешкиот тест досега. Случајот опфаќа 38 обвинети, од кои 35 физички и три правни…
Австралиската актерка Ајла Фишер се разведе по 14 години брак со Саша Барон Коен, а сега конечно призна колку тешко ѝ било во тој период. Како што самата рече, морала да го започне животот „од нула“, а во интервју за ELLE Decoration откри неколку претходно непознати детали. „Беше многу предизвикувачки да се обидам да создадам нов живот од темел, барем емотивно, беше исцрпувачки, но сум благодарна. Уживам во оваа нова верзија на животот. Повеќе не ми требаат забави или друштво дома. Среќна сум кога палам свеќи, ја полнам кадата, го вклучувам Netflix, уживам во тишината. Тоа е највозбудливото нешто за…
Кусата посета на Лео Меси во Барселона неговото воодушевување од новиот “Камп Ноу“ ги разгореа страстите во Каталонија. Имено прво претседателот на клубот, Хон Лапорта, најави дека во блиска иднина Меси ќе добие статуа покрај стадионот, а најновите шпекулации се дека името “Камп Нои“ е минато и дека новиот стадион ќе се вика “Лионел Меси“, по иконата на Барса и веројатно најдобриот фудбалер на сите времиња.Од Барселона не негираат дека ќе се разгледа таа можност, за преименување на новиот стадион.“Засега не сме размислувале на таа тема, но не ја исклучувам можноста во иднина тоа да се случи, се разбира доколку…
Ова го истакнал министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на средбата со министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Јохан Вадефул, кој во рамки на својата работна турнеја на Западен Балкан ја оствари првата официјална посета на Македонија.На средбата, како што соопшти МНРиНТ, двајцата министри го поздравиле интензивниот политички дијалог на високо ниво што двете земји го развиваат повеќе од три децении. Се согласиле дека сеопфатната билатерална соработка во сите сектори претставува цврста основа за понатамошно интензивирање на дијалогот и развивање нови форми на партнерство.„Министерот Муцунски се заблагодари за континуираната и недвосмислена германска поддршка на евроинтегративниот…
Зачуденоста што преминува во осуда, првично е предизвикана од непобитниот факт дека антифашизмот и борбата против нацизмот се базичните принципи на кои е заснована македонската државност со документите од АСНОМ во 1944 година. Многумина во ваквите гласања на македонската дипломатија гледаат контроверзност и „самоиронија“, зашто во процесот на евроинтеграции, токму Македонија е најзагрозена од европските држави со бришењето на историската меморија од времето на агресијата на фашизмот врз македонскиот народ. Се проценува и дека токму актуелните спорови со Бугарија се под директни влијанија на неофашизмот.Но, објаснувањата за ваквото гласање на Македонија во ОН, против резолуциите со кои се осудува нацизмот…
Во тек е пријавувањето за 14. регионална манифестација „24-часовно цртање на стрипови“, отворена за стрип автори од регионот.Томе Трајков, стрип промотер од Велес известува дека тоа може да оствари преку линкот https://www.24satnocrtanjestripa.com/ кадешто може да се најдат и повеќе информации . Тој уште еднаш го изразува задоволството што стрип соработниците и пријатели од Хрватска уште од 2023 бргу ја прифатиле неговата иницијатива за мобилизирање на македонските стрип автори.Манифестацијата ќе започне на 29 ноември од 12 часот и ќе трае 24 часа ( до 30 ноември во 12 ч). Учесниците ќе цртаат во живо од определени пунктови во градовите: Подгорица, Госпиќ,…
Поради падот на системот на Клаудфлер, беа недостапни речиси сите онлајн медиуми во Македонија, вклучувајќи ги и популарните агрегатори на вести. Cloudflare, компанија која им помага на веб-страниците да го обезбедат и управуваат со нивниот интернет сообраќај, има проблеми со својата глобална мрежа, соопшти компанијата рано во вторник, што го наруши сервисот на многу веб-страници и апликации. „Cloudflare е свесен за проблемот и истражува проблем кој потенцијално влијае на повеќе клиенти“, објави компанијата во ажурирање на статусот кратко пред 7 часот наутро. „Работиме на разбирање на целосното влијание и ублажување на овој проблем“. Во ажурирање околу 20 минути подоцна, се…
Секоја компанија би била засегната ако пукне меурот на вештачката интелигенција, изјави за Би-Би-Си, извршниот директор на матичната фирма на Гугл, Алфабет. Во ексклузивно интервју за Би-Би-Си њуз, Сундар Пичаи рече дека иако растот на инвестициите во вештачката интелигенција (ВИ) бил „извонреден момент“, имало одредена „ирационалност“ во сегашниот бум на вештачката интелигенција. Ова доаѓа во услови на стравувања во Силиконската долина и пошироко од меур, бидејќи вредноста на компаниите за вештачка интелигенција порасна во последните месеци, а компаниите трошат многу пари во растечката индустрија. На прашањето дали Гугл би бил имун на влијанието од пукањето на меурот на вештачката интелигенција,…
Секој ден во периодот од 15 до 18 часот, од 17 до 21 ноември сите заинтересирани граѓани може да се тестираат за ХИВ и сексуално преносливи инфекции (СПИ), во мкадинскиот центар „Сакам да знам“ кој се наоѓа на Водно. Ова го организира ХЕРА, Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување, во рамки на Европската есенска недела на ХИВ и СПИ тестирање. „ХИВ не избира, но секој може да избере да се тестира. Во време кога терапијата за ХИВ е достапна и ефективна, најголемиот ризик е да не го знаеш својот ХИВ статус. Навременото тестирање значи здравје, контрола и мир. ХИВ е…
Бриџит Џонс, откачената хероина, им се придружи на Мери Попинс, Хари Потер и други сакани филмски ликови со своја статуа на лондонскиот Лестер Сквер. Добитничката на Оскар, Рене Зелвегер, која го игра главниот лик во сите четири филмови за Бриџит Џонс, вчера присуствуваше на откривањето на статуатата по повод 25-годишнината од објавувањето на првиот филм „Дневникот на Бриџит Џонс“. „Доста е лудо. Малку е чудно. Не е нешто што некогаш би го очекувале (…) големо изненадување е“, рече Зелвегер. Фото:ЕПА Авторката Хелен Филдинг го создаде ликот на Бриџит Џонс пред повеќе од 30 години за колумна во весник во која…
