Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Две лица загинаа откако автобус со српски регистарски таблички се преврте на автопат во Хрватска

    08/11/2026

    Аланис Морисет (52) откри дека е пансексуална

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Бесплатно тестирање за ХИВ во младинскиот центар „Сакам да знам“
    Македонија

    Бесплатно тестирање за ХИВ во младинскиот центар „Сакам да знам“

    18/11/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Секој ден во периодот од 15 до 18 часот, од 17 до  21 ноември сите заинтересирани граѓани може да се тестираат за ХИВ и сексуално преносливи инфекции (СПИ), во мкадинскиот центар „Сакам да знам“ кој се наоѓа на Водно. Ова го организира ХЕРА, Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување, во рамки на Европската есенска недела на ХИВ и СПИ тестирање.

    „ХИВ не избира, но секој може да избере да се тестира. Во време кога терапијата за ХИВ е достапна и ефективна, најголемиот ризик е да не го знаеш својот ХИВ статус. Навременото тестирање значи здравје, контрола и мир. ХИВ е контролирана здравствена состојба кога е откриена навреме“, наведено е во соопштението на ХЕРА.

    Како што се додава во соопштението, луѓето кои редовно се тестираат и се на терапија имаат недетектибилен вирус, што значи дека не можат да го пренесат ХИВ преку сексуален пат.

    „Освен за ХИВ, во текот на неделата граѓаните можат да се тестираат и за сифилис, гонореја, кламидија, хепатит Б и хепатит Ц, со резултати готови за најмногу 30 минути. Тестирањето е анонимно, бесплатно и доверливо, а го спроведуваат обучени здравствени работници и советувачи во пријателска и безбедна средина“, се наведува во соопштението од ХЕРА.

    Заинтересираните можат да закажат тестирање на 070 227 386 или на 02/3176 – 950. Освен тоа има опција и за закажување термин онлајн на овој линк, а може да се закаже и со посета на Младински центар „Сакам да знам“ на Водно на ул. Елисие Поповски Марко бр.2.

    Поврзани вести

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

    07/11/2026

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Две лица загинаа откако автобус со српски регистарски таблички се преврте на автопат во Хрватска

    08/11/2026

    Аланис Морисет (52) откри дека е пансексуална

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

    07/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Во Македонија приведен е поранешен припадник на ОВК по српска потерница, по испрашувањето е ослободен

    Муцунски – Ландау: Заедничка посветеност на Македонија и САД за стабилност и економска соработка

    Поранешниот директор на БИА, Вулин, летал за Москва, авионот вратен во Белград бидејќи ја избегнал безбедносната контрола

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.