Автор: Редакција
Изборот за мис универзум 2025 е потресен од невиден скандал. Победата на Фатима Бош од Мексико беше оспорена од еден од судиите, а обвинувањата ги изнесе јавно на „Инстаграм“. Станува збор за Омар Харфуш, кој се повлече од жирито само неколку дена пред финалето. Харфуш тврди дека победата на мексиканската претставничка била однапред договорена поради деловни интереси. Во својата објава тој изјави: „Мис Мексико е лажна победничка“. Тој тврдеше дека 24 часа пред крунисувањето во ексклузивно интервју открил дека таа ќе победи поради нејзината деловна заднина. View this post on Instagram A post shared by Fatima Bosch (@fatimaboschfdz)…
Јапонската премиерка Санае Такаичи ги отфрли барањата од Кина да ги повлече своите неодамнешни коментари за Тајван, велејќи дека нема промена во ставот на Токио за тоа како би реагирало на голема регионална безбедносна криза, пренесува Блумберг. Такаичи неодамна стана првиот актуелен јапонски лидер по децении што јавно ја поврза кризата во Тајванскиот теснец со евентуалното распоредување на јапонски трупи, предизвикувајќи жесток одговор и економска одмазда од Пекинг. Оттогаш, таа се ограничи на понејасната позиција што ја повторија неодамнешните јапонски премиери, а во коментарите за новинарите во петокот пред да замине на состанокот на Г-20 во Јужна Африка, таа го…
Агонијата на Лос Анџелес Клиперс продолжува и во втората половина на ноември, овој тим претрпе уште еден убедлив пораз, овој пат од Орландо Меџик – 129:101.Ова е нивниот 11-ти неуспех во првите 15 натпревари од сезоната, како и деветти пораз во последните десет натпревари.Настапот на капитенот на српската репрезентација Богдан Богдановиќ, кој ги разочара навивачите, привлече посебно внимание по натпреварот.Богдановиќ помина 21 минута и 13 секунди на паркетот, а натпреварот го заврши со само шест поени, погодувајќи само два од девет шута од поле (2/6 тројки), како и три асистенции и еден скок.
Регионалната музичка икона Сенидах го најави својот прв солистички концерт во Скопје, на 14 февруари 2026 година, во СЦ „Јане Сандански“. По спектакуларниот настап на белградскиот Ташмајдан, Сенидах ја носи својата естетика, енергија и препознатлив сценски израз во македонската престолнина, подготвена да создаде уште еден момент што ги поместува стандардите на регионалните live настапи. Својата кариера ја гради храбро, гласно и без компромиси. Денес е препознатлива по специфичниот вокал, неповторливиот музички израз и сценски настап што ги брише границите меѓу жанровите, сензибилитетите и стиловите. Сенидах умешно ги спојува R&B, трап и елементите на балканската народна музика, создавајќи звук кој е…
Кинотеката на Македонија, во соработка со Ми Филм, со особена чест најавува ексклузивна ретроспектива посветена на легендарниот американски режисер, сценарист и пионер на експерименталниот есејистички филм – Марк Рапапорт. Ретроспективата ќе се одржи од 22 до 27 ноември 2025, со секојдневни проекции во 20:00 часот.Рапапорт е еден од најоригиналните автори на независната кино-сцена, познат по својот уникатен пристап кон документарниот и играниот филм, своите револуционерни видео-есеи, како и по способноста да ги преосмислува историјата на филмот, актерските митологии и културните артефакти на Холивуд и Европа. Неговите филмови се прикажувани на најголемите фестивали во светот, а оваа ретроспектива претставува ретка можност…
Пелистер ниту одблиску не беше на нивото на задачата против Пик Сегед како на првиот меч што се одигра во Битола. Актуелниот македонски првак на гостински терен беше совладан со убедливи 35-20 за шести пораз сезонава.Роналд Миклер беше лидерот во редовите на унгарскиот состав, мечот го заврши со 18 одбрани.Последен ваков пораз, тешко е да се издвои било што…Краток коментар за мечот имаше Ник Хенигман, кој претходно го има носено дресот на Пик Сегед.„Беше убаво чувство да се вратам во Сегед, поминав четири прекрасни години. Беше одлично повторно да ги видам навивачите и пријателите. Што се однесува до натпреварот, едноставно…
Хрватската претставничка Лаура Гњатовиќ се пласираше меѓу првите 30 на 74-от избор за Мис Универзум во Тајланд. Сепак, на самиот почеток, пред да се претстави на сцената, кандидатката пред неа имаше мали проблеми. Пред Лаура, се претстави девојката од Брегот на Слоновата Коска, Оливија Јејс, која го кажа своето име и презиме, но потоа направи пауза и го повтори, што се поклопи со претставувањето на хрватската претставничка. Por demorona, la representante de Cote D’ Ivoire que además es de las favoritas, no pudo presentarse por completo. #MissUniverso. #MissUniverse #MissUniverse2025 pic.twitter.com/T5PWPhbEiA — Ric La Torre (@RicLaTorreZ) November 21, 2025 фото: принтскрин
Како што информира ДИК, подрачното одделение на Државна изборна комисја – Гостивар е надлежно за собирање потписи за градоначалник на општините Гостивар, Маврово и Ростуше и Врапчиште, а канцеларијата на Државна изборна комисија – Дебар е надлежна за собирање на потписи за градоначалник на општина Центар Жупа.Постапката за собирање потписи за независни кандидати за градоначалници на овие четири општини завршува на 30 ноември во 24 часот.Повторените избори за градоначалници на Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа се одржуваат поради непостигнат цензус на Локалните избори кои се одржаа на 19 октомври 2025 година поради што во овие општини не…
„Постојат повеќе иницијативи. Една од тие иницијативи е онаа за гласање со квалификувано мнозинство во Советот кога се во прашање одредени фази од проширувањето. Факт е дека големо мнозинство од земјите членки и европските институции во целост го делат ставот дека проширувањето треба да биде засновано на принципот на постигнувања“, изјави Муцунски.Сепак, според него, факт е и тоа што ни случува нам во пристапниот процес со години наназад, па затоа охрабрување претставуваат пораките како денешната при презентацијата на извештајот по Стратегијата за проширувањето на ЕУ дека билатералните прашања не смеат да се користат како лост за блокирање на процесот на…
Денеска во Скопје почина пејачката на народна музика Небахат Бади Бекир.Нејзиниот колега музичар Горан Алачки објави дека погребот ќе се одржи утре на градските гробишта „Бутел“.Небахат Бади Бекир беше македонска пејачка на народна музика. Покрај соло кариерата, Бади понекогаш настапуваше со групата наречена „Четири грации“, каде покрај Бади беа и Благица Павловска, Адријана Алачки и Росана Тодоровска. Нарекувана е македонската Весна Змијанац.Првите чекори на сцената ги прави во детските денови како член на играорна група изучувајќи го во исто време и македонскиот и турскиот фолклор. Како дебитант на музичката сцена се појавува во 1985 година на фестивал на забавни мелодии.…
