Автор: Редакција
Денеска се играат три натпревари од 13-то коло во Супер-лигата, додека еден македонски тим ќе настапи на европска сцена.Алкалоид кам-бекот на победничките патеки ќе го бара против ГРК Тиквеш на домашен терен, мечот е закажан со почеток во 18 часот во салата Автокоманда. Овие два тима имаат одиграни 11 меча, а на 10 од нив победил Алкалоид, една средба завршила без победник и тоа во 2023 година.Момците на Кирил Лазаров се четвртти на табелата со 18 бода, три зад ГРК Охрид кој има меч повеќе, додека пак ГРК Тиквеш е петти со 14 бода.На домашна сцена Бутел Скопје го пречекува…
„Лет над кукавичкото гнездо“ не може да се замисли без Николсон, но улогата не била наменета за него
Иако од денешна перспектива изгледа речиси невозможно некој да одбил улога во славниот филм „Лет над кукавичкото гнездо“, тоа сепак се случило.Адаптацијата на Милош Форман денес со право се смета за еден од најдобрите филмови некогаш снимен, а тој филм едноставно е незамислив без Џек Николсон во улогата на Рендал Мекмерфи.„Лет над кукавичкото гнездо“ стана дури вториот филм во историјата на Оскарот што ја освои „големата петорка“ — наградите за најдобар филм, најдобар режисер, најдобар актер, најдобра актерка и најдобро адаптирано сценарио.Џек Николсон и неговата незаменлива улогаЏек Николсон беше во извонредна форма како Рендл Мекмерфи, во улога која без проблем…
Со указ на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, се отповикува и Слободан Узунов, македонски амбасадор во Индија, кој ги покрива и Бангладеш и Шри Ланка на нерезидентна основа. Неговата функција ќе заврши до 19 декември.Амбасадорот на Македонија во Бразил Игор Попов, добива уште една надлежност – нерезидентен вонреден и ополномоштен амбасадор за Уругвај.
Антони Џошуа откри зошто се согласил на контроверзниот меч против Јутјуберот Џејк Пол, кој ќе се одржи на 19 декември во Мајами. Иако од овој дуел ќе заработи околу 80 милиони евра, британскиот тешкаш тврди дека парите не се единствената причина. Потсетуваме, Џошуа и Пол ќе се соочат во професионален меч на осум рунди по три минути. За Џошуа тоа ќе биде прво враќање во рингот откако во септември минатата година на Вембли беше нокаутиран од Даниел Дубоа во борбата за ИБФ-титулата.Одлуката да го прифати предизвикот на Пол предизвика вистинска бура во боксерскиот свет и бројни прашања околу тоа како…
Промените ретко доаѓаат од удобност. Некои хороскопски знаци најмногу созреваат токму кога поминуваат низ тежок период. Шкорпија, Риби и Девица се знаци кои излегуваат посилни од болката. Шкорпијата не избегнува темнина – таа свесно минува низ тешките искуства, знаејќи дека носат важна лекција. Губитоците и предавствата за неа не се крај, туку пресвртница. Рибите силно ги чувствуваат ударите на животот. Најчесто тивко се трансформираат – се повлекуваат, учат да простуваат и преку духовноста наоѓаат смисла дури и во големите загуби. Девицата во тешки моменти не бара виновни, туку учи од сопствените грешки. Болката ја тера да стане подобра верзија од…
Викенд репертоар на 50 МОТ22.11.202520.00 часот, МКЦ – сала ФросинаКоштанаНароден театар НишРежија: Јана Маричиќ, автор Борислав СтанковиќЈана Маричиќ на почетокот на втората деценија од 21 век, почувствувала потреба да укаже на фактот дека на сите нивоа од општествениот поредок луѓето живеат слично. Уште повеќе, трагедијата на Коштана од Нишкиот народен театар станува трагедија на општеството.Коштана изобилува со истовремени настани. Речиси во текот на целото времетраење на сценското дејство, музиката, песната и звуците од улицата доаѓаат од вонсценскиот простор. Сепак, поради нивната истовременост со настаните од сценското претставување, тие не влијаат одлучувачки врз развојот на заплетот. Како по правило, тие се…
Уставниот суд најостро ја осудува реториката основана на лаги и манипулации за предметот во кој се оценува уставноста на член 2 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување, во јавноста познат како „линеарно зголемување на пензиите”, соопштуваат оттаму. „Нападнати се интегритетот, самостојноста и независноста на судијата Добрила Кацарска како судија-известител, а истовремено и на Уставниот суд, преку јавното дисквалификување за постапувањето во последниот случај. Тезите дека „СДСМ преку Кацарска тргна во напад за укинување на зголемување на пензиите“ или „СДСМ преку Добрила Кацарска сака да ви го земе покачувањето“ се недозволиви и можат да создадат погрешна перцепцијата за работењето и…
Во организација на Фондација Метаморфозис, денеска онлајн се одржа вебинар/панел дискусија на тема „Спречување на анти-ЕУ наративи и говор на омраза во Западен Балкан: Предизвици и одговори“. Настанот е дел од програмата на Денови на медиумска писменост, кои се одржуваат од 17 до 24 ноември. Сесијата ги анализираше најупорните анти-ЕУ наративи што циркулираат низ регионот, при што беше истакнато, како политичките актери, партиските медиуми и различните идеолошки групи ја претставуваат ЕУ како закана за националниот идентитет, суверенитетот или традиционалните вредности. Учесниците зборуваа како овие наративи се развивале во последните години, како влијаат на јавното мислење и патот на интеграција на…
Портпаролот на германскиот канцелар, Фредерик Мерц, штотуку потврди дека Мерц, францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кеир Стармер разговарале со украинскиот претседател, Володимир Зеленски. Во соопштението, објавено на германски јазик, се вели дека лидерите ја потврдиле својата „непоколеблива и целосна поддршка за Украина на патот кон траен и праведен мир“, пренесува Гардијан. Лидерите, исто така, „ги поздравија напорите на САД за прекин на војната во Украина“, вклучувајќи ги предлозите за потврдување на суверенитетот на Украина и обезбедување „робусни“ безбедносни гаранции, и имаат намера дополнително да „се координираат тесно“ по ова прашање. Но, тие, исто така, забележаа дека „ќе продолжат…
Групна изложба на осум хрватски уметници: Дијана Назор Чорда, Ивана Ожетски, Марија Галиќ, Нада Жиљак, Јана Жиљак Гршиќ, Вилко Жиљак, Ивица Фиштер и Ивана Жиљак Станимировиќ со наслов „Инфра ред – уметност на иднината“ ќе биде отворена на 25 ноември, вторник, во Мала станица, со почеток во 20 часот. Куратор на изложбата е Санда Станаќев Бајзек.Во рамките на Годишната програма на Националната галерија на Македонија, ќе биде отворена групната изложба под наслов „Инфра ред – уметност на иднината“. Изложбата, која е финансирана од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија и Министерството за култура и медиуми на Република Хрватска,…
