Автор: Редакција
Добри вести за сите во таборот на Шкендија, а најмногу за стратегот Јетон Беќири и секако Ване Крстевски. Имено младиот напаѓач од стартот на подготовките заедно со своите соиграчи веќе интензивно тренира. Тоа значи дека повредата е минато и тој ќе биде опција плус во нападот на Шкендија во пролетната сезона.Да потсетиме дека на почетокот на ноември, Крстевски се здоби со дислокација на клучната коска па мораше врз него да биде извршен оперативен зафат. Сега се е во најдобар ред и Беќири ќе добие одлично засилување во нападот.Да потсетиме дека Крстевски беше стрелец на фантастичен гол на гостувањето во Букурешт,…
Британската државјанка Кетрин Омани (53), која во минатото тврдела дека била љубовница на принцот Хари, е уапсена на шпанскиот остров Мајорка поради сомнеж дека го напуштила хотелот без да ја плати сметката, пренесе Танјуг. Според полицијата, Омани е осомничена за измама откако наводно заминала од хотелот „Плајас дел Реј“ во летувалиштето Санта Понса, во близина на Магалуф, без да плати околу 550 евра за деветдневен престој од 2 до 11 јануари. Таа била уапсена и истиот ден изведена пред судија во Палма, по што била пуштена да се брани од слобода, пишува Мирор. View this post on Instagram …
Илон Маск најави дека ќе поднесе барање за самостојно старателство над своето 13. дете, откако мајката на детето, инфлуенсерката Ешли Сент Клер, јавно изрази жалење поради своите претходни десничарски ставови. Неговиот приватен живот повторно е во центарот на вниманието поради овој потег. Ешли Сент Клер, инфлуенсерка позната по промовирање на МАГА-ставови, претходно тврдеше дека тајно го родила детето на Маск. Според Волстрит џурнал, лабораторискиот наод на Лабкорп покажал дека Илон Маск е татко на детето со веројатност од 99,9999 отсто. Подоцна, Сент Клер побарала самостојно старателство, наведувајќи во судски поднесок дека Маск го видел синот само трипати и дека не…
Со донесувањето на овие измени на Кривичниот треба да се анулира Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик донесен во септември 2023 година со кој тогаш беше направено ревидирање на македонската казнена политика во пропишувањето кривични дела. Тоа предизвика застарување на голем број предмети од областа на корупцијата, злоупотреба на службената должност и овластување и други негативни последици.Според предлагачите, со новите измени на КЗ ќе се отстранат идни евентуални штетни последици од донесените законски измени на Кривичниот законик во септември 2023 година, а предлогот е воедно и заради исполнување на европските и меѓународните стандарди.Измените во 2023 негативно беа оценети…
Муцунски информира дека има пристигнато забелешки од здруженија на малцинствата во земјата и од страна на Бугарија и дека во моментот се анализираат сите забелешки, а ќе бидат имплементирани оние предлози што се насочени кон подобрување на документот.„Во сетот забелешки има и објективни што може да се вметнат, а има и забелешки што се тенденциозни, субјективни и не се насочени кон подобрување на документот. Мора да разграничиме меѓу она што може да го примениме и она што не може да го примениме, бидејќи замислете – утре го објавуваме документот и во него има нешто што не можеме да го примениме.…
Британскиот регулатор за медиуми, Офком, отвори истрага против платформата Икс на Илон Маск поради користењето на вештачка интелигенција Грок за манипулирање со фотографии на жени и деца со цел да им се „отстрани“ облеката, пренесува Гардијан. Офком реагираше откако се создаде јавно незадоволство поради големиот број сексуализирани слики кои се појавија на платформата, а биле создадени со помош на Грок кој е интегриран во платформата Икс. Регулаторот ја истражува компанијата според Законот за онлајн безбедност кој предвидува низа казни за прекршувања вклучувајќи и можност за забрана на апликации и веб-страници во Обединетото Кралство за најтешки злоупотреби. Офком соопшти дека истрагата…
Серијата „Адолесценција“ (Adolescence) би можела да добие продолжение, иако првично беше замислена како мини-серија. Стивен Грејам, еден од авторите и актери во серијата, потврди дека заедно со коавторот Џек Торн веќе водат првични, неформални разговори за можна втора сезона.Грејам, кој во серијата го толкува ликот на Еди Милер, татко на главниот лик Џејми, изјави дека идејата е сè уште во многу рана фаза и дека, доколку дојде до реализација, новите епизоди нема да бидат подготвени наскоро.„Тоа е нешто што е длабоко во нашите мисли и можеби ќе го извлечеме за три или четири години“, рече Грејам зад сцената на доделувањето…
Лицето што го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје е лишено од слобода
Министерството за внатрешни работи информира дека е приведено лицето кое го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје. „Лишено од слобода лицето што го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје. Денеска (12.01.2026) во 12:40 часот на ул. „Кирил и Методиј“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишија од слобода Ш.А.(54) од Скопје, затоа што вчера (11.01.2026) го оштети стаклото на влезната врата на амбасадата на Република Бугарија во Скопје. Веднаш по добиената пријава, беа преземени мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот и Ш.А.…
Скијачката сезона 2025/26 на Попова Шапка започна со зголемување на цените на дневните и сезонските билети. Во меѓувреме, сезонскиот билет не покрива и ноќно скијање, за што се жалат скијачите, а според раководството на ски центарот, за ноќно скијање потребни се дополнителни ангажмани и трошоци, пишува Порталб.мк. Цените на дневните билети за скијање на Попова Шапка за оваа сезона се зголемија за 100 денари споредено со претходните три сезони. На илустрацијата во продолжение детално е прикажано колку чинат билетите и колку чинеле одделно за секоја возрасна група. Во меѓувреме најголемо зголемување во споредба со претходната сезона има кај сезонските билети…
Во неделата беа доделени престижните награди Златен глобус. Филмот „Една битка по друга“ (One Battle After Another) беше прогласен за најдобар филм – мјузикл или комедија, што е една од вкупно четирите награди што ги освои, додека „Хамнет“ (Hamnet) ја доби наградата за најдобар филм – драма.Тимоти Шаламе триумфираше во една од најконкурентните категории, освојувајќи ја наградата за најдобар актер во филм – мјузикл или комедија за улогата на професионален пингпонг-играч во филмот „Марти Суприм“ (Marty Supreme).Филмот „Една битка по друга“ (One Battle After Another), продукција на „Ворнер Брос Дискавери“, кој ја следи приказната за група пропаднати револуционери, се смета…
