Автор: Редакција
Шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона покажуваат сериозен интерес за потпишување на 26-годишниот француски дефанзивец на Баерн Минхен, Дајот Упамекано. Според информациите од „Foot Mercato“, двата клуба високо ги ценат квалитетите на централниот дефанзивец и се очекува да влезат во директна конкуренција за неговиот потпис.Тековниот договор на Упамекано со баварскиот клуб истекува на крајот од сезоната, а преговорите за негово обновување се во застој и во моментов не постигнуваат никаков напредок.Порано имаше информации дека се разгледува долгорочен договор, но дадената понуда не ги исполнуваше финансиските барања на играчот.Англиските Манчестер Јунајтед и Ливерпул исто така покажуваат интерес за Французинот.
Федерален судија во Калифорнија ѝ наложи на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да ги запре масовните отпуштања на федерални работници за време на делумното затворање на владата, додека ги разгледува тврдењата на синдикатите дека намалувањето на работните места е нелегално. За време на сослушувањето во Сан Франциско, окружната судијка на САД, Сузан Илстон, го одобри барањето на два синдикати за блокирање на отпуштањата во повеќе од 30 федерални агенции додека трае постапката. Веројатно е дека одлуката брзо ќе биде обжалена, но таа нуди олеснување за федералните работници кои се соочуваат со речиси едногодишен притисок од администрацијата на Трамп да го…
„Спортистите не пишуваат за политика и ова е моја прва објава. Ова е семејно и морално прашање. А кога се навредува семејството, секако дека нема да седиме со скрстени раце. Семејството Дани е дел од историјата и придонесот во оваа земја, и никој нема право да го понижува со ниски зборови, а најмалку не некој како тебе. Фатмир Дехари, со зборовите што ги употреби, од денес избра да станеш непријател на моето семејство“, напиша фудбалерот Мергим Дани.Од снимките се слуша како наводноп Дехари ја пцуе Адрита Дани, мајка му на фудбалерот, и ја нарекува ку**а и психопат. Адрита Дани порано…
Ако барате фризура која е модерна, практична и моментално „вау“, мини-боб е одговорот. Сè што треба да направите е да побарате елегантен боб до вилицата… Бобот и неговите варијации продолжуваат да владеат со трендовите, но оваа есен пристигнува нова, пократка верзија – мини-боб, која ги комбинира елеганцијата, едноставноста и тој неодолив шарм на „помалку е повеќе“. Мини-боб е совршен за есен и зима, кога носите топли плетени работи и сакате да го избегнете тоа постојана „фризирање против џемперот“. Тоа е фризура помеѓу вилицата и јаболчниците, без шишки или непотребно слоеви. View this post on Instagram A post shared by Gregory…
Хамас објави дека останките од сите починати израелски заложници до кои може да стигне се вратени и дека ќе му биде потребна специјализирана опрема за спасување за да ги извлече останатите од урнатините на Газа, поради заканите од Израел дека ќе ги продолжи борбите доколку не се почитуваат условите за прекин на огнот. Две други тела беа предадени доцна вчера, откако Хамас веќе ги врати останките на седум од 28 познати починати заложници – заедно со осмо тело за кое Израел рече дека не е на поранешен заложник. Набргу потоа, бригадите Езедин Ал-Касам во соопштение на социјалните медиуми изјавија дека…
Барселона со цел плен си замина од Битола, откако го совлада Пелистер со 30-34 во меч од петтото коло во Лигата на шампиони. Актуелниот македонски првак добро парираше до пред 20 минута кога противникот минималната негатива ја претвори во водство од пет гола.Иако Барселона доминираше сепак не изостанаа атрактивните потези. Покрај лудиот цепелин, добра акција искомбинираа Филип Кузмановски и Дејан Манасков..
Тајната не е во скапи третмани или чудотворни маски, туку во паметна ноќна рутина што делува додека спиете. И не, не мора да биде комплицирано – само 5 чекори и неколку трикови и вашата кожа ќе ви биде благодарна. 1. Чистење – најважното „ресетирање“ на денот Заборавете на реченицата „премногу сум уморна за да ја вадам шминката“. Сè што се акумулира во текот на денот – шминка, прашина, себум и остатоци од SPF – се заглавува во порите и создава хаос. Добар гел, пена или масло за чистење е првиот чекор кон лице што дише. 2. Тоник – малата тајна…
Испечатени се онолку ливчиња колку што има запишани гласачи во Избирачкиот список и тоа за градоначалник и за советници, по 1.832.415, и дополнително за градоначалник на Град Скопје и за советници, каде право на глас имаат вкупно 474.304 избирачи. За печатење на избирачките ливчиња се предвидени 48 милиони денари, но колку ќе бидат потрошени ќе се знае откако ќе се види согласно резултатите каде ќе има втор круг од изборите и уште колку ливчиња ќе биде потребно да се испечатат. Вкупниот број на гласачи запишани во избирачкиот список за локалните избори изнесува 1.832.415 избирачи. Од овие избирачи во изводите на…
На 17 октомври 2025 година од 19:00 часот во Галеријата на Нишки колтурен центар, во Ниш, Србија ќе биде отворена изложбата „ Секвенци од рефлексијата “ од авторот Слободан Милошески. Изложбата е составена од 10 скулпторски дела од галериски формат, создадени во последните две години во материјал инокс. Нишката публика ќе има прилика да ја посети изложбата до 27 окомври.„Секвенци од рефлексијата“ претставува извонредна изложба на скулпторски дела што ги повикува набљудувачите да ја истражат интеракцијата меѓу формата, светлината и сопствената перцепција. Овото визуелно искуство, благодарение на прецизната изработка и промислениот концепт, го вклучува гледачот во повеќеслојно доживување – од…
На само три дена пред локалните избори во Македонија, во рамки на својата балканска турнеја, претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен се сретна со премиерот Христијан Мицкоски, зад затворени врати. По средбата, немаше изјави за медиумите. Од Владата испратија кусо соопштение во кое информираа за посетата и велат дека на средбата се разговарало за европската перспектива, напредокот на реформските процеси, економската соработка, енергетската безбедност и дигиталната трансформација. „Посетата на претседателката на Европската комисија претставува потврда на отворениот дијалог и заемната подготвеност за продлабочување на партнерството, во интерес на стабилноста, економскиот развој и европската иднина на земјата“, се…
