Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото) Пет безвременски трендови од улиците на Копенхаген: променете го својот стил на најдобар можен начин

    07/10/2026

    ЦУК: 33 пожари на отворен простор во изминатото деноноќие

    07/10/2026

    (Фото) Најновата трендовска фризура за есента: одговара на секој облик на лице и е едноставно совршена

    07/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»ХЕРА: Во Македонија една третина од лицата со ХИВ не се дијагностицирани
    Македонија

    ХЕРА: Во Македонија една третина од лицата со ХИВ не се дијагностицирани

    01/12/20253 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    На национално ниво се проценува дека околу 620 лица живеат со ХИВ, но само 71,4 отсто од нив се дијагностицирани, што значи дека 3 од 10 лица не знаат дека имаат ХИВ, неше истакнато на денешната национална конференција за ХИВ, која ја организираа ХЕРА, Здружението за поддршка на лицата кои живеат со ХИВ „Заедно посилни“, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ, како и Иницијативата за правата на жените од Шуто Оризари.

    На настанот се дискутираше за подобрување на превенцијата, раната дијагностика, пристапот до третман и координацијата меѓу институциите.

    „Во Македонија има околу 620 лица кои живеат со ХИВ, но 30 отсто од нив не се дијагностицирани. Нашата земја заостанува зад глобалниот просек на дијагностицирани лица со 86 отсто во 2023, наместо потребните 95 отсто. Насочените превентивни активности на граѓанските организации остануваат најефикасни. Само со 393 тестирања кај МСМ популацијата (мажи кои имаат секс со мажи) во 2024 година, откриени се 8 нови случаи на ХИВ, што претставува 28 пати повисок процент на позитивитет одвкупниот јавен и приватен здравствениот систем.  И покрај тоа, опфатот со превентивни услуги опаднал за една третина во последните пет години, од 11.028 лица во 2019 на 7.453 во 2024, а поради намалување на средствата на Програмата за ХИВ“, наведено е во соопштението од ХЕРА.

    Оттаму информираат дека земјата постигнува висок процент на успешен третман, 90 отсто од дијагностицираните лица примаат терапија, а 95 отсто имаат потиснат вирус.

    „За понатамошно намалување на ХИВ инфекциите, неопходен е системски пристап, што значи воспоставување и имплементирање синергии со примарната здравствена заштита во рамките на јавниот здравствен систем. Ова е поврзано и со предвидливо финансирање, кадар, ресурси и обезбедување услуги, истовремено поттикнувајќи мултисекторски одговори на социјалните и структурните детерминанти на здравјето“, рече Кристоф Зомер, Амбасадор на Швајцарија.

    д-р Аким Али, Претставник на СЗО и шеф на канцеларијата во земјата, кажа дека во текот на изминатите три децении, поддршката на СЗО била практична, конзистентна и усогласена со локалните потреби.

    „Од 2003 година, помогнавме во воспоставувањето на советување и тестирање за ХИВ, во развојот на национални клинички упатства и воведувањето протоколи засновани на докази за третман и следење на вирусното оптоварување. Ја поддржавме интеграцијата на услугите за ХИВ во примарната здравствена заштита, ги проширивме патеките за PrEP, го зајакнавме тестирањето во заедницата и обезбедивме непрекинат пристап до АРВ за време на COVID-19 и други кризи“, рече тој.

    Андреј Сених, извршниот директор на Здружението за поддршка на лицата кои живета со ХИВ „Заедно посилни“ истакна дека континуираната достапност на терапија е најважна за лицата кои живеат со ХИВ.

    „Таа овозможува здрав и нормален живот и го спречува понатамошниот пренос на вирусот. Оваа година за прв пат се обезбедија лекови за 24 месеци, што значително ги намалува ризиците од прекин на терапијата. Но за навистина да го запреме растот на епидемијата, мора да инвестираме во тестирањето и раната дијагностика, за секоја новодијагностицирана личност веднаш да добие современа терапија“, рече Сених.

    Поврзани вести

    ЦУК: 33 пожари на отворен простор во изминатото деноноќие

    07/10/2026

    Кривична пријава за фалсификување возачки дозволи против една вработена во МВР и пет други лица

    06/10/2026

    Стопанската Комора ќе побара ревидирање на бројот на неработни денови заради празници

    05/10/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото) Пет безвременски трендови од улиците на Копенхаген: променете го својот стил на најдобар можен начин

    07/10/2026

    ЦУК: 33 пожари на отворен простор во изминатото деноноќие

    07/10/2026

    (Фото) Најновата трендовска фризура за есента: одговара на секој облик на лице и е едноставно совршена

    07/10/2026

    Парламентот на Косово ја избра Јустина Широка Пула за претседател

    07/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    „Јон Вардар против Галаксијата“ со белгиска премиера во Бриж

    ССМ: За три месеци животот поскапе за околу 2500 денари

    „Виртуози на хорна“ – завршен концерт на јубилејното издание на Скопскиот брас-фестивал

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.