Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    16/10/2026

    (Видео) Меси се почести луксузна јахта – погледнете како изгледа

    16/10/2026

    Млад жител на тетовско осомничен за сајбер измами, продажба на украдени податоци и детска порнографија

    15/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Мицкоски: Засега нема промени кај министрите од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ
    Македонија

    Мицкоски: Засега нема промени кај министрите од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ

    01/12/20253 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Според Мицкоски, кој денеска до Собранието ги испрати предлозите за нови министри од коалицискиот партнер Вреди, во ресорот здравство ќе нема промени, таму министер останува Азир Алиу.

    На прашањето дали е задоволен од тоа како Азир Алиу го раководи Министертсвото за здравство, премиерот одговори дека секогаш има простор за напредок.

    „Секој треба да добие шанса и јас ценам дека до овој момент Азир Алиу прилично пристојно си ја врши својата работа“, нагласи Мицкоски.

    По партискиот конгрес и по сите преструктуирања во рамки на партијата, премиерот напролет очекува, како што рече, освежување во Владата, но и прегрупирања, догрупирања, доекипирања, проширувања и стеснувања во рамки на државните институции.

    Подвлече и дека доколку биде повторно избран за лидер на партијата на конгресот што треба да се одржи претстојниот викенд, тоа дефинитивно ќе биде негов последен мандат како претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Со реизборот би го почнал третиот лидерски мандат што според актуелните решенија во партискиот статут значи и последен.

    „Имам два сина, мене ми е ВМРО-ДПМНЕ буквално како трето дете. Да, ова е мојот последен мандат како претседател на ВМРО-ДПМНЕ доколку ја добиам поддршката од делгатите. И додека сум јас претседател, тој услов за максимум број на мандати што еден претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги има, немам намера да поддржам каква било иницијатива за промена на тој дел од статутот“, истакна Мицкоски.

    Најави дека на конгресот ќе бидат донесени неколку стратешки документи за партијата, а тоа ќе влијае и врз работењето на Владата, како и на политиките.

    „Подготовките се во полн ек, очекувам конгресот да биде празник за ВМРО, мислам дека во сабота во Кавадарци ќе имаме настан што ќе го одбележи периодот пред нас во следните години. Немам информација дека ќе има и втор кандидат за претседател, ценам дека ќе бидам кандидат само јас. Очекувам мојот трет мандат да го обедележат големи реформи кои ќе овозможат подобар живот за граѓаните на државата. Не би коментирал за какви било имиња или поместување во раководството на партијата, ниту сум однел конечна одлука со кои идеи и предлози ќе излезам пред Централниот комитет во однос на промени на потпретседателските места“, истакна Мицкоски.

    Тој е убеден дека и на следните избори ВМРО-ДПМНЕ ќе извојува повторно голема победа.

    На прашањето дали можеби ќе се кандидира за шеф на државата, одговори дека тие што го знаат, знаат дека нема таква амбиција.

    „Мислам дека и тоа сценарио го исклучувам од мојот ангажман во иднина“, дециден е Мицкоски.

    The post Мицкоски: Засега нема промени кај министрите од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ appeared first on МКД.МК.

    Поврзани вести

    Млад жител на тетовско осомничен за сајбер измами, продажба на украдени податоци и детска порнографија

    15/10/2026

    Над 160 здравствени работници минаа обуки за препознавање и спречување корупција

    15/10/2026

    ЗНМ со остри реакии на повторувачките онлајн закани кон новинарот Александар Видиновски

    14/10/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    16/10/2026

    (Видео) Меси се почести луксузна јахта – погледнете како изгледа

    16/10/2026

    Млад жител на тетовско осомничен за сајбер измами, продажба на украдени податоци и детска порнографија

    15/10/2026

    Над 160 здравствени работници минаа обуки за препознавање и спречување корупција

    15/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Театарот од Сињ, Хрватска со комедијата „Вај – Фај” гостува во Битола

    Нобеловката од Иран, Наргес Мохамади, осудена на уште седум години затвор

    На Форумот за малцински прашања на ОН: Оставањето на малцинските прашања на поединечните држави зависи од добрата волја, а Бугарија нема таква

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.