Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    40 години по катастрофата во Чернобил: радиоактивните честички се многу постабилни отколку што се мислеше

    17/10/2026

    Ѕвездата на „Шерлок“ тајно се ожени со 21 година помладата партнерка

    16/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Мицкоски за тврдењата на Жан Митрев: Не ме изненадува, ќе го чекам Обвинителството да се изјасни
    Македонија

    Мицкоски за тврдењата на Жан Митрев: Не ме изненадува, ќе го чекам Обвинителството да се изјасни

    18/01/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Прашан за коментар на изјавата на Жан Митрев, Мицкоски, одговарајќи на новинариски прашања по отворање на проширениот дел на ОУ „Блаже Конески“ во Аеродром, рече дека не го изненадува тоа, но и дека „јас немам што да коментирам, претпоставувам би требало обвинителството по допрен глас да коментира“.

    „Но, мене тоа не ме изненадува. Ние знаевме какви мафијашки упади се случуваа особено во тој период кога се носеше таа, би рекол, вонредна состојба, кога со уредби со сила на закон се надсинхронизираше законот и Уставот во Македонија“, изјави Мицкоски.

    Има, посочи тој, многу сведоштва кои говорат за однесувањето на владата во тој период.

    „Вие знаете, сè уште тие законски уредби и одлуки на Стево Пендаровски во тој период стојат, не поминати во Собранието, треба да ги видиме, и Собранието да се произнесе во периодот што следи, што со тоа, дали можеби има и одговорност тука од страна на поранешниот претседател, Стево Пендаровски и пред законите и пред Уставот, затоа што постојат основани сомневања дека голем дел од тие одлуки се спротивни на законот и спротивни на Уставот. Така што јас ќе чекам да видам Обвинителството дали ќе постапува по допрен глас, истото што го чекаат сите граѓани во Македонија“, изјави Мицкоски.

    Претседателот на СДСМ Венко Филипче, вчера на прес-конференција најави тужба за клевета за, како што рече, наредбодавачите и извршителот и го повика Жан Митрев да отиде кај обвинител и да поднесе кривична пријава.

    Жан Митрев завчера во емисијата Вечерно шоу на Богдан Илиевски изнесе тврдење дека поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче барале начин како да дојдат до сопствеништво во болницата „Жан Митрев“, за време на судскиот процес што се водеше против д-р Митрев. 

    Поврзани вести

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    40 години по катастрофата во Чернобил: радиоактивните честички се многу постабилни отколку што се мислеше

    17/10/2026

    Ѕвездата на „Шерлок“ тајно се ожени со 21 година помладата партнерка

    16/10/2026

    Кендал Џенер проговори за својата сексуалност: Можеби ќе ми беше полесно да сум хомосексуалка, мажите се ужасни

    16/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    ДКСК: Само 42 oтсто од институциите доставија податоци за службени возила пред локалните избори

    (Фото) Убавицата од култната серија од 90-тите шокираше со својот изглед

    Кривична пријава за две лица за убиството во Дуќанџик

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.