Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Ѕвездата на „Шерлок“ тајно се ожени со 21 година помладата партнерка

    16/10/2026

    Кендал Џенер проговори за својата сексуалност: Можеби ќе ми беше полесно да сум хомосексуалка, мажите се ужасни

    16/10/2026

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Николоски: Присуството на лидерската средба е доброволен чин, парламентарни избори во 2028
    Македонија

    Николоски: Присуството на лидерската средба е доброволен чин, парламентарни избори во 2028

    13/01/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Мислам дека премиерот и ВМРО-ДПМНЕ покажаа една големина имајќи предвид дека имаме скоро двотретинско мнозинство во Собранието, една крајно комотна позиција која не е условена од какви било преговарања или договарања. Без разлика на тоа, решивме да иницираме лидерска средба за најкрупните прашања кои сметаме дека во моментот се во политичкиот фокус на државата. Ако направам споредба со едни други времиња во кои ВМРО-ДПМНЕ, без разлика што беше во опозиција и имаше повеќе пратеници од СДСМ, само да се потсетиме како тогаш изгледаше тоа – воопшто не сакаа да комуницираат и се случуваа лидерски средби колку да се случат“, изјави вечерва Николоски за централниот дневник на телевизија Сител.

    За одбивањето на СДСМ да присуствува на лидерската средба, Николоски вели дека ако СДСМ сама сака да се изолира, тогаш ВМРО-ДПМНЕ не може ништо да стори.

    „Тука има еден чуден момент во јавноста, а тоа е дека СДСМ станува Левица, а Левица станува СДСМ, во смисла на тоа дека она што беше симбол на деструкција сега пополека го презема СДСМ. Видете, каков вординг користат, какви соопштенија лошо преведени од српски и после јасните барања по изборите за промена и мислам дека ќе стане јасно од каде доаѓа целата оваа деструкција“, истакна Николоски.

    Вели дека се подготвени на лидерската средба да разговараат за сè и дека нема да отфрлат ниту една тема.

    „Дали ќе се договориме е комплетно друго прашање“, вели Николоски.

    Во однос на можноста за предвремени парламентарни избори, Николоски е категоричен дека парламентарните избори ќе бидат редовни и ќе се одржат во 2028 година.

    „Парламентарни избори ќе има во 2028 година. Ако сакаме да има предвремени парламентарни избори, имаме доволен број на пратеници тоа да го изгласаме сами, така што ова е една измислена тема која повторно покажува слабост кај СДСМ“, смета Николоски.

    За барањето за укинување на техничката влада, Николоски вели дека тоа е реална потреба и дека техничката влада го надминала времето и причините поради кои била создадена.

    „Во 2015 година оваа техничка влада беше договорена во еден сосема друг политички контекст и беше решение на една политичка криза. До следните редовни парламентарни избори ќе поминат 12,5 години од таа политичка криза. Оваа техничка влада го надмина времето и причините поради кои беше создадена и ние сме единствена држава од нормалните демократии во Европа што го прави сè уште ова“, подвлече Николоски.

    Прашан зошто на ова не се согласила ВМРО-ДПМНЕ кога била во опозиција, Николоски рече дека било инцирано од нивна страна, но дека единствената причина зошто не била укината техничката влада бил договорот меѓу СДСМ и ДУИ, за ДУИ да добие премиер – и тоа се случило.

    „Талат Џафери стана премиер што беше надвор од сите изборни правила и затоа завршија на избори како што завршија“, истакна Николоски.

     

    Поврзани вести

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026

    Директорот и вработени во УХМР добија кривични пријави за криминал од речиси половина милион евра

    16/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Ѕвездата на „Шерлок“ тајно се ожени со 21 година помладата партнерка

    16/10/2026

    Кендал Џенер проговори за својата сексуалност: Можеби ќе ми беше полесно да сум хомосексуалка, мажите се ужасни

    16/10/2026

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Мицкоски: Со намалувањето на царинските стапки нашите извозници и инвеститори се уште поконкурентни

    Во обидот за атентат на Киро Глигоров во 1995 година, ЦИА првично сметала дека е вмешана ВМРО-ДПМНЕ

    Кривична пријава против малолетник од Скопје за силување и уценување

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.