Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото) Чоколадно-кафеавата боја доби конкуренција: еве ја бојата што ќе ја носиме оваа есен

    25/09/2026

    8 јасни знаци кои откриваат луѓе со ниска интелигенција

    25/09/2026

    Муцунски-Пирс во Њујорк: Во фокусот регионалната безбедност, реформите и европската перспектива

    24/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Во обидот за атентат на Киро Глигоров во 1995 година, ЦИА првично сметала дека е вмешана ВМРО-ДПМНЕ
    Македонија

    Во обидот за атентат на Киро Глигоров во 1995 година, ЦИА првично сметала дека е вмешана ВМРО-ДПМНЕ

    07/03/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Во декласифицирани документи на ЦИА пишува дека ВМРО-ДПМНЕ била меѓу организациите за кои постоеле првични индикации дека можеби стојат зад атентатот врз претседателот Киро Глигоров на 3 октомври 1995 година.

    Според документите на ЦИА можен мотив за атентатот бил предизвикување нови претседателски избори и запирање на преговорите со Грција, со цел партијата да води ,,антигрчка“ кампања.

    „Првичните докази укажуваат дека радикалната националистичка организација Внатрешна македонска револуционерна организација-Демократска партија за македонско национално единство (ВМРО-ДПМНЕ) била одговорна за атентатот врз претседателот Киро Глигоров на 3 октомври. (Редактирано) смета дека националистите планирале да го убијат Глигоров со цел да ја принудат владата да распише нови претседателски избори и да ги стави во мирување преговорите со Грција до завршување на изборите. Потоа ВМРО-ДПМНЕ би водела претседателска кампања на антигрчка платформа. Истрагата досега не открила никаква вмешаност на радикални етнички албански групи во нападот“, пишува во декласифицираните документи.

    Во друг документ се наведува и дека две лица поврзани со мала радикална група во рамки на ВМРО-ДПМНЕ биле меѓу главните осомничени во истрагата иако самата партија јавно го осудила нападот.

    Принскрин од декласифициран документ на американската ЦИА

    „Двајца членови на мала одвоена група на националистичката Внатрешна македонска револуционерна организација‑Демократска партија за македонско национално единство (ВМРО‑ДПМНЕ) се во притвор како главни осомничени за денешниот обид за атентат врз претседателот Глигоров“, стои во документот.

    Во анализата од 3 октомври 1995 година, агенцијата опишува како Глигоров по нападот бил хоспитализиран во државната болница во Скопје, каде што бил опериран за отстранување на шрапнели и фрагменти од коска. Лекарите тогаш проценувале дека има околу 70 до 75 отсто шанси за преживување, иако повредите на главата биле сериозни и закрепнувањето можело да трае со недели или месеци.

    ЦИА разгледувала и други можни групи кои би можеле да имаат мотив за нападот, меѓу кои радикални етнички албански групи, српски националисти или други политички актери во државата, но во документитге пишува дека веројатноста за нивна поврзаност со атентатот е помала.

    Американската анализа предупредувала дека доколку Глигоров не може да се врати на функцијата, државата може да се соочи со период на политичка нестабилност, што би можело да ги забави договорите со Грција и да ги зголеми етничките тензии во државата.

    Поврзани вести

    Нема лекарска грешка во лекувањето на родилката од Струмица, утврди стручната комисија

    24/09/2026

    Левица ќе побара да се укине платеното политичко рекламирање за време на избори

    24/09/2026

    Уставен не поведе постапка по иницијативата на Левица за државното финансирање на партиите

    24/09/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото) Чоколадно-кафеавата боја доби конкуренција: еве ја бојата што ќе ја носиме оваа есен

    25/09/2026

    8 јасни знаци кои откриваат луѓе со ниска интелигенција

    25/09/2026

    Муцунски-Пирс во Њујорк: Во фокусот регионалната безбедност, реформите и европската перспектива

    24/09/2026

    Вајц: Ако граѓаните не веруваат дека правдата важи за сите, младите ќе ја напуштаат земјата

    24/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Трајков: Охридскиот рамковен договор е искуство кое треба да го претвориме во европска иднина

    Во македонскиот парламент 37,5 проценти од пратениците се жени

    Глобални проекции на венецуелскиот филм за украдените избори ја оживуваат контроверзата поврзана со Македонија

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.