Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    40 години по катастрофата во Чернобил: радиоактивните честички се многу постабилни отколку што се мислеше

    17/10/2026

    Ѕвездата на „Шерлок“ тајно се ожени со 21 година помладата партнерка

    16/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Акцискиот план не е само за бугарското малцинство, туку за сите малцински права во Македонија, порачува Муцински
    Македонија

    Акцискиот план не е само за бугарското малцинство, туку за сите малцински права во Македонија, порачува Муцински

    12/01/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Муцунски информира дека има пристигнато забелешки од здруженија на малцинствата во земјата и од страна на Бугарија и дека во моментот се анализираат сите забелешки, а ќе бидат имплементирани оние предлози што се насочени кон подобрување на документот.

    „Во сетот забелешки има и објективни што може да се вметнат, а има и забелешки што се тенденциозни, субјективни и не се насочени кон подобрување на документот. Мора да разграничиме меѓу она што може да го примениме и она што не може да го примениме, бидејќи замислете – утре го објавуваме документот и во него има нешто што не можеме да го примениме. Истата оваа Бугарија ќе оспорува пред Европската Унија дека не напредуваме во однос на акцискиот план за малцинствата. Мора да ги гледаме овие прашања низ една темелна призма бидејќи ваквите документи создаваат обврски и за државата и за нејзините институции“, изјави денеска Муцунски.

    Во однос на Бугарија вели дека го разочарува начинот на кој Софија одлучува да комуницира на оваа тема.

    „Фактот дека голем дел од забелешките што доаѓаат од нив не се забелешки дадени во добра верба и не се забелешки што во основата ја имаат објективната слика за состојбите со малцинските права. Има една тенденциозност во настапот на Бугарија и тоа најдобро го видовте преку соопштението од нивното Министерство за надворешни работи, за што ние и соодветно одговоривме. Патем, и пристапот кон македонскиот јазик во рамките на оваа објава беше срамен и некоректен“, рече Муцунски.

    За самиот акциски план, вели дека е одличен документ за кој може да има објективни забелешки и дека на него работеле домашни и меѓународни експерти, а ангажиран бил и тим од експерти од Советот на Европа. Тоа не е документ за бугарското малсцинство, тоа е документ насочен кон подобрување на состојбата со сите малцински права во државата“, нагласува Муцунски.

    „Имаме изработено одличен документ, кој може да има објективни критики, кои би го подобриле, но напоменувам дека тоа не е документ за бугарското малцинство во државата. Тоа е документ насочен кон подобрување на состојбата со малцинските права во рамките на нашата држава. Сите меѓународни експерти нотираат дека имаме повисоки стнадарди и од голем дел од земјите членки од Европската Унија по ова прашање, но секогаш можеме подобро. Треба да бидеме свесни дека создаваме документ што треба да биде усвоен од Владата и кој ќе треба да го имплементираме. Не е целта сè да се имплементира, ќе ја имплементираме секоја забелешка која е објективна и која државата може да ја примени“, рече Муцунски пред средбата со раководството на „Македонија 2025“.

     

    Поврзани вести

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    40 години по катастрофата во Чернобил: радиоактивните честички се многу постабилни отколку што се мислеше

    17/10/2026

    Ѕвездата на „Шерлок“ тајно се ожени со 21 година помладата партнерка

    16/10/2026

    Кендал Џенер проговори за својата сексуалност: Можеби ќе ми беше полесно да сум хомосексуалка, мажите се ужасни

    16/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Есента пристигна, време е да се зајакне имунитетот

    Денеска ќе биде погребана Брижит Бардо

    Вработен во банка во Гевгелија пристапувал до сметки на корисници и присвоил околу пет милиони денари, поднесена кривична пријава

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.