Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Премиерот Мицкоски тврди дека ДУИ и Груби самите препорачале укинување на Балансерот
    Македонија

    Премиерот Мицкоски тврди дека ДУИ и Груби самите препорачале укинување на Балансерот

    25/12/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Испраќање невистини од говорницата нема да ви донесе политички поени туку дополнително ќе одите во негативна насока што не е добро за вас. Се што кажавте е неточно и невистина. Чесно и доблесно ќе беше да се извините пред граѓаните и да кажете дека ние од ДУИ на владина седница донесовме одлука со која препорачавме да се избрише алатката Балансер и чесно и доблесно ќе беше да кажевте дека сите оние судии во Уставниот суд коишто ја донесоа таа одлука се уставни судии избрани од претходното владино мнозинство на СДСМ и ДУИ или се предлог на поранешниот претседател на државата, господинот Пендаровски. Ова е вистината што сите почитувани граѓани треба да ја знаат. Се останато е невистина и обид за груба политичка манипулација“, рече Мицкоски.

    Порача дека за сите што сметаат дека се обесправени постојат институции и судови и секогаш го имаат правото на жалба.

    Претседателот на Владата додаде дека Законот за правична застапеност од оваа влада добил позитивна препорака од Венецијанска комисија чии одлуки, рече, според новата методологија на пристапување и преговарање по кластери, а побарано од Франција во 2018-2019 година, „се одлуки коишто не се коментираат туку се спроведуваат затоа што се дел од пристапниот процес кон Европската Унија“.

    Мицкоски и одговори на Ајдари и дека  „нема да навлегува во дискусија дали тој закон му се допаѓа на ДУИ или не му се допаѓа“ и нагласи дека тој е премиер на сите граѓани, без разлика на нивната етничка, верска и политичка припадност.

    „Како Влада нема да толерираме злупотреба на канцелариите за спортски активности во форма на жонглирање со фудбалчиња, играње баскет или, пак, поставување јога душеци, кревети, преноќување во истите и да не кажам уште што вршење во тие канцеларии. Констатирано од страна на Министетството за внатрешни работи. Нема да одам чекор понатаму и нема да зборувам за да не бидам погрешно сфатен. Но, јас би се засрамил да сум на ваше место, дама сте, да браните такви луѓе. Би се засрамил после се што правеле таму. Ова ви го кажувам најодговорно и за тоа постои полициски засписник“, рече Мицкоски реплицирајќи и на пратеничката од ДУИ Ајдари.  

    Поврзани вести

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026

    ЕК: Граѓаните плаќаат до 42 отсто од здравствените трошоци од свој џеб, расте бројот на заболени од рак

    05/11/2026

    ЕК: Нема напредок во квалитетот на воздухот, Рашче останува под закана, индустријата директно ги загадува реките

    04/11/2026
    АКТУЕЛНО

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Отворена изложбата „Старите мајстори и македонската модерна“ во МКЦ

    Демократите освоија место во државниот парламент на Флорида што го опфаќа и домот на Трамп Мар-а-Лаго

    Излезе од печат стихозбирката „Гороцвети“ од Зора Златева

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.