Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»За една декада се сменија 9 министри за здравство, ниту еден не го реши хаосот на паркингот во Клинички
    Македонија

    За една декада се сменија 9 министри за здравство, ниту еден не го реши хаосот на паркингот во Клинички

    24/12/20253 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Секојдневен хаос владее на паркингот кој се наоѓа во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Просторот е премал за да ги собере автомобилите на илјадниците пациенти и на вработените, кои секојдневно циркулираат во овој дел. Нервозите започнуваат уште пред самиот влезот на клиниките – на улицата има редици возила кои чекаат да пристапат до некоја од клиниките, а внатре, откако ќе се земе билет, е тешко да се стаса до слободно паркинг место. Откако пациентите ќе добијат медицинска услуга, потоа повторно се принудени да чекаат ред и да платат во кабината на „Градски паркинг“ или на автомат, а потоа повторно чекаат и едвај излегуваат со возилата од просторот на Клинички.

    Паркирањето во овој дел од Скопје е хроничен проблем кој ниеден министер за здравство досега не најде начин да го реши, иако многумина од нив, кога беа назначувани на функцијата, првото што ветуваа беше токму тоа – решавање на проблемот со паркирањето.

    Во последните 10 години, се сменија 9 министри за здравство. Имер Селмани, Бујар Османи, Никола Тодоров, Арбен Таравари (2 мандати), Венко Филипче, Беким Сали, Фатмир Меџити, Илир Демири и Азир Алиу (актуелен). Многумина од нив ветуваа решавање на хаосот, а последното ветување стасува од актуелниот министер Алиу, кој ветува на својот профил на Фејсбук „значително зголемување на капацитетите за паркирање и воспоставување ред“.

    „На седница на Влада беше донесена одлука за продолжување на постапката за решавање на проблемот со паркингот во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Земјиштето на паркинг просторот ќе се запише во сопственост на Република Северна Македонија, со што се отстранува административната пречка за потпишување на договор со ЈП „Градски паркинг – Скопје“.  Со овој договор ќе се овозможи модернизација и значително зголемување на капацитетите за паркирање, но и воспоставување ред. Предвидуваме комплетен мониторинг на паркирањето, информативни табли и дигитален водич што ќе ги насочува граѓаните. Целта која ќе ја постигнеме ќе биде пациентите и вработените да имаат функционален, безбеден и организиран пристап до комплексот клиники“, нашиша Алиу.

    Екс-министерот за здравство Фатмир Меџити, кога стапи на функцијата на брифинг со новинарите рече дека прво ќе се фати за решавање на хаосот со паркирањето на Клиничкиот центар, но тоа не се случи.

    На 7 март годинава, кога министер за здравство беше Арбен Таравари, Мета.мк пишуваше дека фирмата „Ѓока констракршн“ од Албанија е единствената која се пријавила на распишаниот повик за стопанисување со паркингот во Клинички центар. Таравари кажа дека не знае какво портфолио оваа фирма има. Оваа фирма требаше да изгради катни гаражи за „шест месеци до една година“, но, тоа не се случи бидејќи не помина на Влада планот токму оваа фирма да гради.

    Поврзани вести

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026

    ЕК: Граѓаните плаќаат до 42 отсто од здравствените трошоци од свој џеб, расте бројот на заболени од рак

    05/11/2026

    ЕК: Нема напредок во квалитетот на воздухот, Рашче останува под закана, индустријата директно ги загадува реките

    04/11/2026
    АКТУЕЛНО

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Заседаваше Советот за безбедност, состојбата во земјата е стабилна и безбедна

    Нападната корисничка во Дом за стари лица во Куманово

    Ако продолжиме вака успешно, годинава ќе бидеме во првите три европски економии, кажа Мицкоски

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.