Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Заседаваше Советот за безбедност, состојбата во земјата е стабилна и безбедна
    Македонија

    Заседаваше Советот за безбедност, состојбата во земјата е стабилна и безбедна

    02/03/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Во моментов нема причини за голема грижа, но ќе ги следиме состојбите и соодветно ќе реагираме, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова  по одржувањето на третата седница на Советот за безбедност, на која главна тема беа случувањата на Блискиот Исток, опасностите за земјава, како и македонските граѓани кои се наоѓаат во некоја од тие земји.

    Седницата се фокусираше на безбедносната состојба во земјава по воените дејствија на САД и Израел кон Иран и иранските кон земјите во Персискиот залив, во коишто има американски бази. Генералната оценка е дека состојбата во земјата е стабилна и безбедна во моментов. Се нотираше дека посебната грижа за македонските граѓани се остварува преку новоформираниот Кризен штаб, заради целосна евиденција на македонските граѓани, коишто бараат дислокација од потенцијално загрозените подрачја. Беше потенцирана потребата од засилени мерки против можни сајбер напади врз институциите и хибридни закани, како и нужноста од зголемена контрола на гранични премини. Советот заклучи и дека продолжувањето и засилувањето на регионалната соработка е од особен интерес за сите држави на Балканот.

    „Состојбата во којашто се наоѓаме врз основа на податоците од Агенцијата за разузнавање и од АНБ, и од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, а особено од Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи, но исто така и од началникот на Генералштабот, може да се оцени како стабилна и како безбедна. Значи, ние не сме во моментов изложени на нестабилност, ниту има опасност по безбедноста внатре и во регионот“, рече Сиљановска-Давкова.

    Посочи дека е најважно што постои систем на рано предупредување и координацијата меѓу сите надлежни органи во постојаното следење на воените состојби. Редовно се врши проценка на ризиците и сите се во координација и со соодветните органи во регионот.

    „Интерконекторот меѓу Грција и нас веќе е во функција и Владата изрази уверување дека ќе обезбеди покриеност со нафта во рамките на Законот за задолжителни нафтени резерви. Значи, добивме цврсто уверуваење документирано со податоци, дека во моментов нема причини од голема грижа. Се разбира, ќе ги следиме состојбите и соодветно ќе реагираме“, рече Сиљановска-Давкова.

    На седницата со којашто претседаваше претседателката присуствуваа сите членови на Советот за безбедност Африм Гаши, претседател на Собранието; Христијан Мицкоски, претседател на Владата; Панче Тошковски, министер за внатрешни работи; Владо Мисајловски, министер за одбрана; преку видео-врска Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија, како и Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова и Владо Спиридонов. На седницата беа поканети и: началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски; директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски.

    Поврзани вести

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026

    ЕК: Граѓаните плаќаат до 42 отсто од здравствените трошоци од свој џеб, расте бројот на заболени од рак

    05/11/2026

    ЕК: Нема напредок во квалитетот на воздухот, Рашче останува под закана, индустријата директно ги загадува реките

    04/11/2026
    АКТУЕЛНО

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    (Фото) Дикаприо се „запушти“ покрај убавица помлада од него 23 години: на интернет кружат нови фотографии

    Пејачот Сем Смит и дизајнерот Кристијан Кован се свршија

    Насилен упад во студиото на Инфомакс додека траеше подкастот „Тешки муабети“

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.