Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Бектеши: Северна Македонија е целосно посветена на зајакнување на регионалната соработка
    Македонија

    Бектеши: Северна Македонија е целосно посветена на зајакнување на регионалната соработка

    26/10/20233 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Тирана, Албанија учествуваше и се обрати на Форумот на министри за економија насловен „Заеднички регионален пазар – чекор кон единствен пазар на ЕУ“ кој се одржува во рамки на Берлинскиот процес.

    Министерот Бектеши во своето обраќање на бизнис форумот насловен „Предизвици и потенцијали на заедничкиот регионален пазар- патот кон единствен пазар преку забрзана интеграција“ истакна дека Северна Македонија е целосно посветена на зајакнување на регионалната соработка преку отстранување на сите бариери, одобрување на сите протоколи и нивно имплементирање врз основа на стандардите и регулативите кои земјите од ЕУ ги побарале и воспоставиле

    На форумот со фокус на унапредување на заедничкиот регионален пазар, за поттикнување на економскиот раст во регионот и негово приближување до ЕУ ќе учествуваат министрите за економија од Берлинскиот процес, претставници на Европската Унија и други партнери од Берлинскиот процес.

    „Кога слушаме емотивни говори од оние кои го водат бизнис секторот и кои се враќаат на минатото, сметам дека сме на погрешен пат. Мораме да одиме напред за да го подигнеме животниот стандард на граѓаните, да имаме економски раст и со тоа да создадеме можности за просперитет на младите“, изјави министерот Бектеши на Бизнис форумот на земјите од Берлинскиот процес на кој учествуваа над 180 компании од регионот и од Европа.

    Што се однесува до улогата на ЕУ, министерот подвлече дека тааа треба да биде отворена врата за земјите од Западен Балкан, со оглед на тоа што Северна Македонија и Албанија се веќе во процес на скрининг.

    „Ако сакаме да имаме раст, план за раст кој ќе се применува во рамките на Западен Балкан мора да работиме заедно и да не гледаме само на нашите внатрешни економии“ – рече министерот Бектеши.

    Тој додаде дека Северна Македонија е целосно посветена и поддржува вакви иницијативи, особено во вакви настани да се обединиме, да го оставиме минатото зад себе бидејќи минатото ни создава тешки проблеми.

    „Младите бараат нови можности, внатре во ЕУ, а ние сме дел од европскиот континент, па зошто да го немаме тој просперитет во нашите земји“ – изјави Бектеши.
    Исто така, министерот истакна дека Северна Македонија целосно го поддржува протоколот ЦЕФТА, иницијативите на ЕУ.

    „Но, ние бараме повеќе од тоа бидејќи мислам дека ЕУ има потенцијал да посвети повеќе внимание не само со зборови, туку и со дела за земјите од Западен Балкан, а што се однесува до внатрешните проблеми што ги имаме, наша обврска е да разговараме отворено и да рефлектираме“ – рече министерот Крешник Бектеши.

     

    Крешник Бектеши

    Поврзани вести

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026

    ЕК: Граѓаните плаќаат до 42 отсто од здравствените трошоци од свој џеб, расте бројот на заболени од рак

    05/11/2026

    ЕК: Нема напредок во квалитетот на воздухот, Рашче останува под закана, индустријата директно ги загадува реките

    04/11/2026
    АКТУЕЛНО

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    АХВ казни 22 маркети и хипермаркети, продавале небезбедна храна

    Изложба на фотографии на Марјан Скрижевски

    (Фото) Може ли пократко од ова? Ана Ивановиќ ги покажа своите долги нозе

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.