Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Сиљановска-Давкова во друштво на Макрон и Страмер на вечерата кај данскиот крал во пресрет на собирот на ЕПЗ
    Македонија

    Сиљановска-Давкова во друштво на Макрон и Страмер на вечерата кај данскиот крал во пресрет на собирот на ЕПЗ

    02/10/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Овој седми собир на Европската политичка заедница ќе започне со пленарната сесија, по што ќе следат неколку дискусии на панели фокусирани на различни аспекти на безбедносната ситуација во Европа, како традиционалните и хибридни закани, економската безбедност, трговијата со дрога и миграцијата.

    Како што соопшти кабинетот на шефицата на македонската држава, Сиљановска-Давкова ќе има обраќање на панелот „Безбедност и отпорност – традиционални и нови закани“, со кој ќе претседаваат францускиот претседател Емануел Макрон и албанскиот премиер Еди Рама.

    „Се наоѓаме во четвртата година од руската агресија врз Украина. Тоа докажува дека колективното дејствување за изградба на силна и безбедна Европа е поважно од кога било досега. Треба да продолжиме да се координираме и да останеме единствени“, се наведува во поканата до европските лидери за учество на собирот упатена од копретседавачите, данската премиерка Мете Фредериксен и претседател на Европскиот совет, Антонио Кошта.

    На собирот е најавено учество на 47 шефови на држави или влади од Европа и тоа на 27-те членки на ЕУ, шесте земји од Западниот Балкан, меѓу кои и Македонија, четирите членки на Европската асоцијација за слободна трговија (ЕФТА), трите кавкаски републики, како и на Андора, Велика Британија, Молдавија, Монако, Сан Марино, Турција и Украина. Дополнително на состанокот се поканети и премиерите на данските територии Гренланд и Фарски Острови, како и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте и претставници ОБСЕ и Советот на Европа.

    Во пресрет на денешниот работен дел, учесниците на состанокот на Европската политичка заедница синоќа во кралската палата Амалиенборг во Копенхаген присуствуваа на вечера, што во нивна чест ја организираа данскиот крал Фредерик Десетти и кралицата Мери.

    Европската политичка заедница е платформа за неформален политички и стратешки дијалог меѓу европските шефови на држави или влади и лидерите на клучните европски и меѓународни институции. Целта на форумот е да промовира политичкиот дијалог и соработка, како и да придонесе за зајакнување на безбедноста, стабилноста и просперитетот на европскиот континент и не претставува замена за ниту една постоечка организација, структура или процес, ниту пак во оваа фаза има амбиции да создаде нови.

    Следните состаноци на Европската политичка заедница ќе се одржат во Ерменија во текот на идната пролет и во Ирска во есента 2026.

     

    Поврзани вести

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026

    ЕК: Граѓаните плаќаат до 42 отсто од здравствените трошоци од свој џеб, расте бројот на заболени од рак

    05/11/2026

    ЕК: Нема напредок во квалитетот на воздухот, Рашче останува под закана, индустријата директно ги загадува реките

    04/11/2026
    АКТУЕЛНО

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Нова железничка несреќа во Шпанија, еден починат, откако воз излета од шините кај Барселона

    Почнуваат 65-тите Струшки вечери на поезијата

    Промоција на книга за деца и претстава „Златната книга на Лудви“ од Тина Иванова

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.