Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Зошто мачките спијат повеќе кога ќе залади

    02/10/2026

    Пари од неочекуван извор: три хороскопски знаци ги чека подобар финансиски период

    02/10/2026

    Во Србија уапсени петмина онлајн предатори кои им пишувале на деца преку лажни профили и барале интимни фотографии

    02/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Култура»Почнуваат 65-тите Струшки вечери на поезијата
    Култура

    Почнуваат 65-тите Струшки вечери на поезијата

    24/06/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Под мотото „Каде што живее поeзијата“ од денеска до 29 јуни ќе се одржи јубилејното 65-то издание на најпрестижната поетска манифестација Струшки вечери на поезијата.

    Покровител на Фестивалот е претседателката на Република Македонија Гордана Сиљаноска Давкова, а како национална установа е финансирана од Министерството за култура и туризам.

    Традиционално, манифестацијата ќе започне со садење дрво и поетско читање во чест на добитничката на највисокото фестивалско признание „Златен венец“, Анеке Брасинга од Холандија во Паркот на поезијата (10:00 часот), а во 12:30 часот ќе се одржи прес-конференција со лауреатот.

    Свеченото отворање на јубилејното издание на Струшките вечери на поезијата е во 20:30 часот во Центар за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, по што ќе следува меѓународното поетско читање „Поетски меридијани“.

    Во рамки на фестивалот ќе биде отворена и изложбата „Цвеќе, поезија, мир“ на македонскиот уметник и хуманист Живко Поповски – Цветин, со која ќе одбележи 40 години учество на Струшките вечери на поезијата.

    Годинашното фестивалско издание подигнато на едно повисоко организациско ниво, ќе трае ден подолго од претходните години и го враќа форматот на професионален фестивал.

    Програмата опфаќа меѓународни поетски читања и промоција на 12 публикации од издавачката дејност на Струшките вечери на поезијата, меѓу кои и луксузната тријазична монографија (холандски, македонски и англиски) со избор од творештвото на добитничката на „Златен венец“ за 2026 година, холандската поетеса Анеке Брасинга.

    Предвидени се и поетски читања на авторите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026 година, портрет на минатогодишната добитничка на ова признание, Јулијана Величковска, како и промоциија на книгите од едицијата „Плејади“ и книгата „Венецоносци – разговори на брегот“ од Диме Ратајкоски, која содржи со интервјуа со добитниците на „Златен венец“ и други истакнати поети што биле дел од фестивалот во периодот од 2012 до 2018 година.

    Поврзани вести

    Љутков-Раев: Во наредниот период треба да се пристапи кон реализација на конкретни проекти и активности кои ќе придонесат за унапредување на културната размена

    10/07/2026

    На 12 јули започнува 66. „Охридско лето“

    10/07/2026

    Изложба на Роберт Цветковски и Архикс Студио во КИЦ Белград

    10/07/2026
    АКТУЕЛНО

    Зошто мачките спијат повеќе кога ќе залади

    02/10/2026

    Пари од неочекуван извор: три хороскопски знаци ги чека подобар финансиски период

    02/10/2026

    Во Србија уапсени петмина онлајн предатори кои им пишувале на деца преку лажни профили и барале интимни фотографии

    02/10/2026

    Ако се најде решение со Бугарија, Македонија многу бргу ќе напредува во ЕУ интеграциите, најави Фон дер Лајен

    02/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    (Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената

    Вардар преговара со Кристиан Фабиани како замена за Седлоски

    Tри години снимање во екстремни услови му донесе на Силјан нова номинација

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.