Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Регион»Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници
    Регион

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Републичката изборна комисија (РИК) на Србија ги објави конечните резултати од вонредните парламентарни избори што се одржаа на 25 октомври. Најголем број пратеници во Народното собрание освоија „Студентската листа – Студентите победуваат“ со 2.354.417 гласови  и освоени 140 мандати. На второ место е „Единствена Србија“ на поранешниот претседател Александар Вучиќ со 1.731.323 гласови и освиени 103 пратенички мандати.

    Во парламентот влегуваат и листата „Расим Љајиќ – Људски“ која освои 20.638 гласови доволни за еден мандат, „Сојузот на војводинските Унгарци – д-р Балинт Пастор“ со 35.461 гласови за два мандати, „Усаме Зукурлиќ“ – Движење за обединување“ со 12.440 гласови за еден мандат, „СДА – Чувари на Санџак“ со 12.596 гласови за еден мандат и Албанската коалиција која освои 27.673 гласови и два мандати.
    Според официјалните податоци од РИК, во парламентот не влегуваат претставници на листите „Ивица Дачиќ – Фактор на стабилност“ со 94.766 гласови, „Руска партија – Срби во БРИКС – Слободан Николиќ“ 6.503 гласови, Автентична десница – д-р Милош Јовановиќ“ 39.503 гласови, „Европска Србија – Мариника Тепиќ – Здравко Понош“ 12.570 гласови, „Богољуб Кариќ – Српско движење на моќ“ 20.045 гласови, „Либерално зелена партија – За слободна и почиста Србија“ 2.686 гласови, „Јас ја бирам правдата, јас ја бирам иднината – коалиција на Сила“ 1.187 гласови, Партија на руско српско единство 4.286 гласови, „Извинете, ова е за вас – Петар Ѓуриќ, премиер на Србија“ 2.022 гласови, „Владимир Гајиќ – Алтернатива за Србија“ 3.705 гласови и „Мајка Србија – Груда“ 3.234 гласови.

    Според податоците на РИК, гласањето се одржа на 8.392 избирачки места, а во избирачкиот список беа регистрирани 6.451.292 гласачи.

    На изборите излегоа 4.444.310 гласачи, гласаа 4.441.636, а важечки гласачки ливчиња имаше 4.385.065.

    Во рок од 10 дена од денот на објавувањето на вкупниот извештај за резултатите од изборите, комисијата им доделува мандати на кандидатите за пратеници според нивниот редослед на изборната листа.

    Поврзани вести

    Во Москва слета авионот со кој летаа Вулин, Бајатовиќ и Поповиќ кој претходно беше вратен во Белград

    04/11/2026

    Форбс Србија: Што се случувало на седницата на НБС кога беше затворена Алта банка

    04/11/2026

    Сопственикот на Алта банка, Давор Мацура доби притвор, негира дека проневерил 380 милиони евра

    04/11/2026
    АКТУЕЛНО

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Стевковски: Со помош на верната публика до нов успех на Тиквеш

    И Министерството за здравство ја отфрла одговорноста за нефункционалниот ПЕТ скенер

    (Видео) Австралиската пејачка во секси костим ги честиташе празниците: Се надевам дека одлично се забавувате

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.