Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Го пронајде човекот на својот живот – а сега провоцира: Новите фотографии на Ким Кардашијан не се за секого

    16/11/2026

    Заводливите облини на Џеј Ло никогаш не излегуваат од мода: Таа објави провокативна фотографија по тренинг

    16/11/2026

    Претепана девојка фрлена на улица во Охрид, за еден викенд 15 пријави за семејно насилство

    16/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Регион»Сопственикот на Алта банка, Давор Мацура доби притвор, негира дека проневерил 380 милиони евра
    Регион

    Сопственикот на Алта банка, Давор Мацура доби притвор, негира дека проневерил 380 милиони евра

    04/11/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Сопственикот на Алта банка, Давор Мацура, и уште двајца вработени, директорот на Одделот за благајна и управување со готовина на Алта банка, Г.М. и соработникот за благајничко работење на Алта банка И.П. добија притвор до 30 дена.  Судијата за претходна постапка на Високиот суд во Белград – Специјално одделение за организиран криминал денес донесе решение на обвинетите Д.М., Г.М. и И.П. да им одреди притвор, кој според таа одлука може да трае максимум 30 дена, се вели во соопштението на судот.

    Притворот е определен затоа што постојат посебни околности што укажуваат дека постои можност за мешање во постапката со влијание врз сведоци, како и поради постоење на посебни околности што укажуваат дека може да се повтори кривичното дело за краток временски период, како и поради постоење околности што укажуваат на ризик од бегство, наведува судот.

    Сопственикот на Алта банка, Давор Мацура, беше уапсен на 2 ноември под сомнение дека сторил кривично дело злоупотреба на положбата на одговорно лице и прибавил нелегална финансиска корист во износ од околу 45 милијарди динари, што е повеќе од 380 милиони евра.

    Уапсен е и директорот на Одделот за трезор и управување со готовина на Алта банка, Г.М. и соработникот за трезорско работење на Алта банка И.П., кои се осомничени дека му помагале на Мацура во извршувањето на кривичното дело.

    Рано наутро на 31 октомври, Народната банка на Србија ја одзеде лиценцата за работа на Алта банка, а на 3 ноември против неа беше прогласена стечајна постапка.

    Трговскиот суд во Белград ја назначи Агенцијата за осигурување на депозити за стечаен управник, а нејзиниот Управен одбор ја избра Поштанска Штедилница за банка која ќе ги исплаќа осигурените суми на штедачите на Алта банка.
    Сопственикот на Алта банка, Давор Мацура, беше сослушан синоќа и ја негираше вината пред Јавното обвинителство за организиран криминал, отфрлајќи ги сите наводи од кривичната пријава во која се товари за злоупотреба на положбата на одговорно лице, изјави за ФоНет неговиот адвокат Иса Спаховиќ.

    Според Спаховиќ, во кривичната пријава е наведено дека Мацура користел картички, влегол во сефот и извадил пари, но нема докази дека Мацура некогаш бил во тој сеф или дека поседувал картички.

    Поврзани вести

    Н1: Српската тајна служба вршела надзор над студенти, новинари, активисти?

    12/11/2026

    Како платформа за граѓанска технологија им помага на жените во Србија безбедно да стигнат дома

    12/11/2026

    Почна Парискиот мировен форум со посебен фокус на правата на децата

    10/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Го пронајде човекот на својот живот – а сега провоцира: Новите фотографии на Ким Кардашијан не се за секого

    16/11/2026

    Заводливите облини на Џеј Ло никогаш не излегуваат од мода: Таа објави провокативна фотографија по тренинг

    16/11/2026

    Претепана девојка фрлена на улица во Охрид, за еден викенд 15 пријави за семејно насилство

    16/11/2026

    Првата аукција за продажба на Алта банка ќе се одржи на 30 ноември

    16/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    (Видео) Кејти Пери и поранешниот канадски премиер повеќе не се кријат: Сите ги гледаат во Давос

    Институционално испочитуван Охридскиот договор: Рамковниот договор е потсетник дека државата припаѓа на сите поеднакво, каде сите се еднакви

    Пејачот Сем Смит и дизајнерот Кристијан Кован се свршија

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.