Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»И Министерството за здравство ја отфрла одговорноста за нефункционалниот ПЕТ скенер
    Македонија

    И Министерството за здравство ја отфрла одговорноста за нефункционалниот ПЕТ скенер

    11/08/20261 Min Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Министерството за здравство во денешното соопштение ги повтори тврдењата на Универзитетскиот институт за позитронско емисиона томографија (УИ ПЕТ) за нефункционалноста на единствениот ПЕТ/КТ скенер во државата по реакција на политичката партија Левица.
    Реакцијата на министерството следува по објава на Левица каде се цитира текст на Мета.мк во кој се открива дека единствениот ПЕТ скенер во државата не функционира.
    И од министерството, како и од УИ ПЕТ, тврдат дека проблемот со ПЕТ/КТ скенерот произлегува од долгогодишно занемарување на протоколот за превентивно одржување на дифузионата пумпа, вклучувајќи нејзино редовно чистење и замена на маслото на секои пет години.
    „Оваа состојба е последица на системски пропусти акумулирани низ подолг период, за што актуелното раководство веднаш по констатираната сосотојба презема мерки за надминување на проблемот“, тврдат од министерството.
    Од Министерството, исто како и ПЕТ УИ вчера, велат дека овластен сервисер веќе работи на дефектот, но не се знае кога ПЕТ скенерот повторно ќе почне да работи. Дополнуваат дека се свесни за тежината на состојбата за пациентите со онколошки заболувања, поради што Клиниката за онкологија и радиотерапија и Клиниката за хематологија се веќе информирани за понатамошна тријажа преку други достапни дијагностички модалитети, со цел лекувањето да не трпи прекин.

    Поврзани вести

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026

    ЕК: Граѓаните плаќаат до 42 отсто од здравствените трошоци од свој џеб, расте бројот на заболени од рак

    05/11/2026

    ЕК: Нема напредок во квалитетот на воздухот, Рашче останува под закана, индустријата директно ги загадува реките

    04/11/2026
    АКТУЕЛНО

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Директорот на „Градски паркинг“ во Тетово обвинениет за злоупотреба, користел службено возило во Гостивар, побарано е негово разрешување

    Една година откако премиерот помпезно ги најави, ваучерите за електронски уреди одложени за по изборите

    Арбелоа бесен на судиите: Ова е пенал тука и на месечината!

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.