Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Никол Кидман е брутално нападната: „Имаш 60 години, не можеш да изгледаш како тинејџерка“

    04/11/2026

    Сопственикот на Алта банка, Давор Мацура доби притвор, негира дека проневерил 380 милиони евра

    04/11/2026

    Поранешниот директор на БИА, Вулин, летал за Москва, авионот вратен во Белград бидејќи ја избегнал безбедносната контрола

    04/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Платформата за родова еднаквост: Со бришење на зборот „род“ од образованието не исчезнува нееднаквоста
    Македонија

    Платформата за родова еднаквост: Со бришење на зборот „род“ од образованието не исчезнува нееднаквоста

    03/11/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Платформата за родова еднаквост изразува сериозна загриженост поради одлуката на Министерството за образование и наука да ја измени програмата за сеопфатно сексуално образование, сега преименувана во „Здравје и заштита на здравјето“, и од неа да ги отстрани поимите род и родова еднаквост. Со тоа учениците ќе учат за насилство, стереотипи и дискриминација, но без клучниот поим што ги објаснува нивните причини – родово-базираното насилство и родовите нееднаквости, наведено е во реакцијата од платформата. 

    „Оваа одлука не ја гледаме како изолиран случај, ниту како обична промена на терминологија. Таа е уште еден чекор во загрижувачкиот тренд на институционално потиснување на родовата еднаквост од јавните политики и законодавството, кој го следиме во последните години. По отстранувањето на поимите род, родова еднаквост, и се поврзано со сексуалноста, хомофобијата и заштита од дискриминација и насилство од законските измени во образованието, блокирањето на Законот за родова еднаквост и сè почестото доведување во прашање на веќе стекнатите права, сега сведочиме и на обид родовата нееднаквост да стане невидлива во училниците. Но, родовата нееднаквост не исчезнува со бришење на зборот „род“, пишува во реакцијата.

    Во соопштението се додава дека девојчињата и понатаму ќе се соочуваат со сексизам, сексуално вознемирување, притисоци и насилство, а момчињата и понатаму ќе растат под притисок на штетните очекувања за машкоста, моќта и доминацијата.

    „Ако образовниот систем не ги именува овие појави и не им помогне на младите да ги разберат нивните причини, тогаш не придонесува за нивно надминување, туку за нивно премолчување. Особено е поразително што ваквите одлуки се носат во држава во која насилството врз жените и девојчињата останува сериозен општествен проблем, а институциите постојано зборуваат за потребата од превенција. Според податоците на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, во текот на 2025 година се евидентирани 6 убиства на жени и 4 обиди за убиство, додека само во првите девет месеци од 2026 година се евидентирани 7 убиени жени и 2 обиди. Дополнително, во очекување на правосилноста на пресудата во случајот со серискиот убиец од Куманово, треба да се има предвид дека станува збор за уште четири убиства на жени, кои би можеле дополнително да ја зголемат оваа алармантна статистика. Овие податоци уште еднаш потврдуваат дека превенцијата на насилството врз жените и девојчињата не смее да остане само декларативна заложба, туку мора да биде проследена со конкретни, доследни и системски мерки“, пишува во реакцијата.

    Поврзани вести

    Повеќе од 5.000 корисници на социјална помош биле клиенти на Алта банка

    03/11/2026

    Владина делегација на чело со премиерот Мицкоски на средба во Дојче Телеком

    02/11/2026

    ФТ: Алта банка беше важен канал за руските пари во Србија

    02/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Никол Кидман е брутално нападната: „Имаш 60 години, не можеш да изгледаш како тинејџерка“

    04/11/2026

    Сопственикот на Алта банка, Давор Мацура доби притвор, негира дека проневерил 380 милиони евра

    04/11/2026

    Поранешниот директор на БИА, Вулин, летал за Москва, авионот вратен во Белград бидејќи ја избегнал безбедносната контрола

    04/11/2026

    (Фото/Видео) Модната историја на Крис Џенер: Се појави во наметка што некогаш ја носела Елизабет Тејлор

    04/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    СДСМ: Трипуновски испратил празни страници како одговор во случајот со суспензијата на ИПАРД

    Истрага против четири лица за препродавање дрога

    Фредериксен: Сите европски земји се погодени од руската хибридна војна

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.