Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Во домот „Стив Наумов“ се пушело во собите и се корнеле радијатори, велат од МОН

    24/10/2026

    ОЈО: Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини”

    23/10/2026

    „Не носете вакви штипки за коса додека возите“ – лекар ги предупредува жените

    23/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Истрага против четири лица за препродавање дрога
    Македонија

    Истрага против четири лица за препродавање дрога

    09/10/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    По повеќемесечна предистражна постапка, во текот на вчерашниот ден во координација со предметен обвинител, единиците на МВР спроведоа акција на повеќе локациии низ градот Скопје, соопштуваат во Јавното обвинителство. При претресите била пронајдена количина на наркотични дроги – кокаин и марихуана, а во домот на еден од осомничените се пронајдени и куршуми за пиштол, за чие набавување и поседување е потребно одобрение и дозвола за поседување.

    „Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, јавниот обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанции од чл.215 ст.3 в.в. со ст.1 од Кривичниот законик, а еден од осомничените сторил и кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“, информираат во Обвинителството.

    Осомничените, како што се наведува, од февруари до октомври годинава се здружиле заради неовластена продажба и пуштање во промет на наркотична дрога-кокаин и наркотична дрога – марихуана. За таа цел купувале, држеле, пренесувале, продавале и посредувале во неовластената продажба на наркотичната дрога така што првоосомничениот неовластено ја набавувал, ја пренесувал и сокривал на безбедна локација на подрачје на Скопје.

    Потоа дел од неовластено набавената наркотична дрога ја предавал на останатите осомничени лица кои секој посебно преземал дејствија за неовластена продажба, продавајќи ја по 4.000,оо денари за 1 грам кокаин и по 500,оо денари за 1 грам марихуана. Ценејќи дека се исполнети условите за определување на мерка притвор, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје достави предлог оваа мерка да биде определена спрема сите осомничени.

    Поврзани вести

    Во домот „Стив Наумов“ се пушело во собите и се корнеле радијатори, велат од МОН

    24/10/2026

    ОЈО: Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини”

    23/10/2026

    ИЈЗ: Во септември 8 мажи заболеле од ХИВ, само годинава евидентирани 49 нови случаи

    22/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Во домот „Стив Наумов“ се пушело во собите и се корнеле радијатори, велат од МОН

    24/10/2026

    ОЈО: Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини”

    23/10/2026

    „Не носете вакви штипки за коса додека возите“ – лекар ги предупредува жените

    23/10/2026

    Принцот Вилијам испиша историја со гостување во популарна британска емисија

    23/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Вучиќ: Побарав од Кфор да се грижи за сите безбедносни прашања на северот на Косово

    (Видео) Интернетот експлодираше: Ким Кардашијан се појави јавно за прв пат со своето ново познато момче

    Прославата за независноста чинела 340 милиони денари, најголем дел од средствата се од „Лотарија“

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.