Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Мицкоски: Децениско стратешко партнерство со САД, тие се нашиот најсилен сојузник
    Македонија

    Мицкоски: Децениско стратешко партнерство со САД, тие се нашиот најсилен сојузник

    17/09/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Мицкоски оцени дека земјава е во многу подобра форма од пред три години и уверен е, како што напомена, дека за три години ќе биде во уште подобра позиција.

    „Ако ја анализираме ситуацијата во мојата земја, веројатно можам да кажам дека да, во подобра форма сме од пред една година и во многу подобра форма сме во споредба со ситуацијата во мојата земја пред три години. Цврсто верувам дека за три години од сега, мојата земја ќе има подобра позиција и ќе биде во подобра форма во споредба со денес“, нагласи премиерот.

    Според него, стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник.

    „Нашето стратешко партнерство со САД не дојде одненадеж. Тоа е децениски старо стратешко партнерство и продолжување на таа траекторија. Ние веруваме дека нашиот најсилен сојузник се Соединетите Американски Држави. Веруваме и јас и нашата Влада дека ги делиме истите вредности, а во животот, кога избирате партнер, избирате партнер. Играњето двојни игри или имањето двојни стандарди не е нешто што е посакувано за мене лично, ниту за мојата Влада. Затоа, стоењето рамо до рамо со стратешките партнери — избрани еднаш – треба да трае засекогаш. Ако го менуваме нашето мислење во зависност од дневната политика, тогаш никој нема да ви верува и никој нема да има доверба во веќе идното партнерство. Ние можеме само да го продлабочиме нашето стратешко партнерство со САД. Можеби сме мала земја, но сме со многу добра геопозиција во срцето на Балканот. Можеби сме неколку километри подалеку од морето, но сме природен крстопат на неколку многу важни проекти во регионот и во Европа, генерално. Така што, мислам дека нашето стратешко партнерство со САД ќе биде од корист за сите, не само за двете земји, туку и за регионот и за Европа“, рече премиерот.

    Денешниот разговор е дел од иницијативата „Балканот напред“ на Центарот за Европа, која работи на одржување на Западен Балкан на надворешнополитичката агенда во Вашингтон и на олеснување на дијалогот и анализите за најгорливите прашања со кои се соочува регионот.

    Премиерот Мицкоски со владина делегација е во посета на Соединетите Американски Држави (САД). Предвидено е да има средби во Сенатот, Конгресот и Стејт департментот, со претставници на финансиската институција DFC, со државници и со влијателни тинк-тенк организации. Мицкоски престојува во Вашингтон, но ќе учествува и на годинешното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

    Поврзани вести

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026

    ЕК: Граѓаните плаќаат до 42 отсто од здравствените трошоци од свој џеб, расте бројот на заболени од рак

    05/11/2026

    ЕК: Нема напредок во квалитетот на воздухот, Рашче останува под закана, индустријата директно ги загадува реките

    04/11/2026
    АКТУЕЛНО

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Мицкоски за заканите: Јас сум сепак институција

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    Поради одрон кај Башино Село сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива по една коловозна лента

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.