Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото) Какви фармерки ќе носиме во 2027 година? Еден модел бележи раст од 1.000 отсто

    05/11/2026

    ЕК: Граѓаните плаќаат до 42 отсто од здравствените трошоци од свој џеб, расте бројот на заболени од рак

    05/11/2026

    СЗО: Секој четврти тинејџер е физички неактивен, девојчињата се движат помалку од момчињата

    05/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Регион»Нови пожари во Хрватска, загина жена од Босна и Херцеговина, а десетици се повредени
    Регион

    Нови пожари во Хрватска, загина жена од Босна и Херцеговина, а десетици се повредени

    15/08/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Пожарот што синоќа избувна над Брбиње на Дуги Оток во Хрватска, е локализиран во утрово, потврди за Хина началникот на противпожарната служба на Задарската жупанија, Матеј Рудиќ, а сите куќи во заливите се спасени.

    „Фронтот на пожарот беше исклучително тежок, долг три километри и широк еден километар, а теренот беше непрооден во многу делови“, рече Рудиќ. Околу стотина пожарникари учествуваа во гаснењето на пожарот, со вкупно 17 возила, а два канарди беа распоредени во раните утрински часови.

    Во текот на ноќта, пожари избувнаа во областа Галовац, Пркос и Земуник во Задарската жупанија, а сите беа локализирани рано наутро. Станува збор за пожар на отворен простор, а огнот главно гори во грмушки, вегетација и шума.

    Пожарите во Хрватска ја земаа и првата жртва. Иако нема официјална потврда од полицијата додека се очекуваат резултатите од обдукцијата и ДНК анализата, мртвото тело пронајдено во петокот во областа Станиќи, каде што пожарот беснееше во четврток навечер, најверојатно е на 34-годишната државјанка на БиХ Драгана Антешевиќ, која, според официјално објавените информации од Министерството за внатрешни работи, исчезнала на 13 август додека бегала од пожар во Станиќи, пишува „Слободна Далмација“.
    Неофицијално, освен неа, ниедно друго лице од таа област не е пријавено како исчезнато во полицијата, но во болниците постојано се примаат нови пациенти, од кои тројца се во критична состојба.

    Поврзани вести

    Во Москва слета авионот со кој летаа Вулин, Бајатовиќ и Поповиќ кој претходно беше вратен во Белград

    04/11/2026

    Форбс Србија: Што се случувало на седницата на НБС кога беше затворена Алта банка

    04/11/2026

    Сопственикот на Алта банка, Давор Мацура доби притвор, негира дека проневерил 380 милиони евра

    04/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото) Какви фармерки ќе носиме во 2027 година? Еден модел бележи раст од 1.000 отсто

    05/11/2026

    ЕК: Граѓаните плаќаат до 42 отсто од здравствените трошоци од свој џеб, расте бројот на заболени од рак

    05/11/2026

    СЗО: Секој четврти тинејџер е физички неактивен, девојчињата се движат помалку од момчињата

    05/11/2026

    ЕК: Нема напредок во квалитетот на воздухот, Рашче останува под закана, индустријата директно ги загадува реките

    04/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Академски пленум: Само нечовек може да се смее на вчерашната полициска бруталност во Нови Сад

    The Most Popular Celebrity Name List of the Millennium is Here

    (Видео) Најубавата манекенка од 90-тите се соблече и покажа како навистина изгледа

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.